Економска политика на Македонија

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Па добро сеа банка неможе да биде готова од празнење сефови тоа им е секундарна дејност. Лошо е депозити да се повлекуваат. Сепак влијае на реномето. Незз зошто би чувал пари во сеф освен ако се црни.
 
B

Bafra

Гостин
Па добро сеа банка неможе да биде готова од празнење сефови тоа им е секундарна дејност. Лошо е депозити да се повлекуваат. Сепак влијае на реномето. Незз зошто би чувал пари во сеф освен ако се црни.
Немора да се мафија ебаго...
зашто па било кој обичен благајник да знае колку пари имам, зашто ујп и државните рекетари да знаат.
Народ смета доколку дојде до криза како во Сфрј или Грција пред некоја година не ќе може лесно да извади парите на благајна а од сеф се наеднаш и кога сака.

Само забораваат доколку би имало проблеми банката ќе затвори врати, а сефовите исто се внатре и нема подигање :P
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Немора да се мафија ебаго...
зашто па било кој обичен благајник да знае колку пари имам, зашто ујп и државните рекетари да знаат.
Народ смета доколку дојде до криза како во Сфрј или Грција пред некоја година не ќе може лесно да извади парите на благајна а од сеф се наеднаш и кога сака.

Само забораваат доколку би имало проблеми банката ќе затвори врати, а сефовите исто се внатре и нема подигање :P
Мислам кога беше кризата во Кипар пред 3-4 години запленија 15/100 од депозитите и отвараа по сефови и од таму запленуваа. Ако некој се сеќава поточно нека пише...мислам дека и од сефови земаат пари ако има крах.
 
B

Bafra

Гостин
Мислам кога беше кризата во Кипар пред 3-4 години запленија 15/100 од депозитите и отвараа по сефови и од таму запленуваа. Ако некој се сеќава поточно нека пише...мислам дека и од сефови земаат пари ако има крах.
Неможе да ти зема без да има закон или регулатива за тоа. ЕУ сега спремаат такви правила.

Кога ќе почнат редиците пред банките, банките едноставно ќе затворат вратите на недела две, додека се подсмири народ. Значи нема да ти чепкаат во сефот (секогаш има опасност да ти украдат од сефот) ама ни ти нема да имаш пристап до сефот.
Е сега за време на блокадата дали ќе ти биде сигурен сефот тоа никој не ти гарантира :(
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Ништо лопатата, моливот и хартија и во планина :)
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
90
Поени од реакции
46
На Чичко Акумулатор му сметале дивидендите...А зошто некој би внел пари во МК ако не планира да има добивка и да го земе вишокот како дивиденда? Ај нека не зема он добивка како бизнисмен...може да ги даде на Зајо Зајков во Буџет директно. Па Чика Зец нека им исплати директно во сендвичи у партија на Животарците.
Чичко акумулатор у најцрните груевистички времиња на криминал и злостор отежна баја милиони.Чичко акумулатор е многу сумњив чичко.[DOUBLEPOST=1512670073][/DOUBLEPOST]
Неможе да ти зема без да има закон или регулатива за тоа. ЕУ сега спремаат такви правила.

Кога ќе почнат редиците пред банките, банките едноставно ќе затворат вратите на недела две, додека се подсмири народ. Значи нема да ти чепкаат во сефот (секогаш има опасност да ти украдат од сефот) ама ни ти нема да имаш пристап до сефот.
Е сега за време на блокадата дали ќе ти биде сигурен сефот тоа никој не ти гарантира :(
Се може... :(
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Чичко акумулатор како од камени кибритџиине ми личи.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.093
Поени од реакции
11.498
Дали 1.000 евра се луксуз?!
Владата останува на позицијата дека треба да има промена во даночната политика за Македонија да стане праведно општество.

Владата останува на позицијата дека треба да има промена во даночната политика за Македонија да стане праведно општество. Дебатата за реформите почна и ќе трае во текот на наредната година. Решението не треба да се донесе набрзина и затоа даночната реформа ќе се спроведе од 2019 година, место од 2018 година, како што претходно беше најавено. Преку дебата треба да се дојде до најприфатливо решение,што ќе покаже кој треба да плати повеќе. Засега, според Владата, луксузот за кој треба да се плати повеќе е платата над 1.000 евра. Менаџерите не се согласуваат и порачуваат не го менувајте персоналниот данок, а ако веќе треба да се смени, според нив, она што е луксуз не е 1.000 евра.
- Нашите ставови за персоналниот данок на доход се искажани во владината програма и програмата на Коалицијата. Промени треба да има. На Македонија и треба праведно оданочување. Таа има една од највисоките стапки на нееднаквост на доходот во Европа. Тоа значи дека треба да правиме еден вид корекција со даноците, а во овој случај тоа е персоналниот данок на доходот - порачува министерот за финансии Драган Тевдовски.
Тој смета дека доколку сакаме Македонија да оди напред треба да има повеќе пари за да може да ги алоцира во образованието, во вработување, во истражување, а за сето тоа треба да се обезбедат буџетски приходи.
Македонија, заедно со Косово има најниски буџетски приходи од БДП и изнесуваат 29 проценти, а во развиените земји тие се меѓу 50 и 55 проценти и затоа според министер има простор за промена.
- Генерално ние сакаме да создадеме правично општество и таа е нашата водилка. И тука верувам дека никој не може да се согласи дека не треба да бидеме солидарни. Дај боже сите да имаме големи приходи и преку тоа да плаќаме повеќе и да може да се подигне севкупниот квалитет на животот на посиромашните. Но, дилемата е да не ги уништиме тие што се покапацитетни да помагаат, па на крајот да нема и кој да помогне. И затоа е дебатата важна и вредна и тука треба да дебатираме во суштините на сите детали на аргументацијата на крајот да го донесеме најправичното решение - смета премиерот Зоран Заев, кој се вклучи во дебата за даночните реформи организирана од Асоцијатацијата на менаџери на Македонија.
Посочува дека Владата нема да брза додека не се истроши дебатата за ова прашање. Повеќе, истакнува, сме фокусирани како да го наплатиме тоа што е пресметано со денешните стапки каде што голема е даночната евазија.
– Проценка е дека во државата има 30 отсто даночна евазија на ДДВ, рече премиерот и додаде дека со новата реформа во УЈП се проценува дека до 40 отсто ќе се подобри наплатата на персоналниот данок на доход без да се зголеми стапката. Тоа е, појасни проценката што ја имаме на стартот. Значи нема воведување нови давачки, нови стапки, нема зафаќање на нов обем, туку самата реформа овозможува увид во сите приходи и со испорачување на даночната пријава од страна на УЈП ќе се има комплетна контрола врз персоналниот данок што ќе овозможи од 30 до 40 отсто повеќе наплата на персоналниот данок на дохдот од сегашните услови. Така што не знам дали 18 отсто ќе и донесат на државата такви приходи или не. Но наша цел е да го направиме поправично општеството и за тоа сакаме да дебатираме - истакнува премиерот.
Предлогот на Владата е за делот од приходите над 1.000 евра да има дополнително оданочување од 18 проценти.
Според министерот за финансии, станува збор за воведување дополнителна маргинална стапка која ќе зафати само два отсто од граѓаните со највисок доход или околу 1.200 граѓани.
Тоа, појаснува тој, значи дека стапката од 10 проценти за огромното мнозинство останува исто. Се воведува дополнителна маргинална стапка од 18 проценти.
Таа ќе се плаќа на приход над 1.000 евра, што е предлог на Владата, но во дебата менаџерите посочуваат дека тој праг треба да се зголеми оти сметаат дека 1.000 евра и не претставува луксуз.
- Асоцијацијата на менаџери не се согласува дека 1.000 евра се луксуз. Износот од 1.000 евра плата не е луксуз и топла препорака е персоналниот данок на доход да остане ист, но доколку е неопходно тогаш луксузот треба да биде поголем од 1.000 евра, смета Маријана Андриќ од Асоцијацијата.
Во прилог на барањето да не се менува персоналниот данок на доход тие како аргументи ги наведуваат дека се наградуваат просечните, а бизнисот и успешните поединци се иселуваат надвор, посебно фриленсерите, парите се лоцираат во стрнство, се прави одлив на кадар и зголемување на даночанта евазија.
И бизнис заедницата порачува дека зголемувањето на даноците не е погодна мерка во услови кога приватниот сектор по повеќегодишната политичка нестабилност бара начин да го одржи растот.
- Тоа може да резултира со воздржување од нови проекти како и со даночна евазија и место да се полни буџетот, да се пристапи кон изнаоѓање начини на избегнување на плаќање, а во најлош случај делегализација на оние субјекти кои до тогаш работеле регистрирано. Сметаме дека институциите треба да посветат време и ресурси на регистрирање на нерегистрираните субјекти кои континуирано вршат дејност и стекнуваат профит, а притоа не придонесуваат во државната каса, изјави за МИА Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Таа додава дека нивните анализи покажуваат дека од регистрирање и оданочување на нерегистрирани вршители на дејност ќе се постигне поголем ефект за придонес во буџетот, од планираното поединечно покачување на данок
За Владата решенијата што ги нуди се многу умерени.
– Никој не предлага нешто што е радикално. Радикално значи да одиме со некои стапки како што ги има Словенија, но зборуваме за нешто умерено или воведување на праведност, смета Тевдовски
Посочува на позитивните искуства од воведувањето на прогресивен данок во Словачка и Албанија.
- Албанија направи промени, таа е поправдено општество и оди со брзи чекори напред, рече Тевдовски.
Од Владата порачуваат дека промените на даноците треба да оди паралелно со подобрување на ефикасноста на институциите и како тие ќе ги трошат парите на граѓаните.
Во таа насока е воведувањето електронско поднесување пресметки за персонален данок на доход од 1 јануари 2018 година, а од 2019 година и издавањето пополента годишна даночна пријава од страна на УЈП.
----------------------

И премиерот се фемка околу воведувањето стапка од 18% на персоналецот, ама овој шупакот Тевдо запнал ко слеп за стап. Како бе не се најде една отворена шахта па да пропадне у тоа го*ната и да се удави.



 
B

Bafra

Гостин

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
https://off.net.mk/vesti/mislenja/zoshto-lekovite-da-ne-gi-kupuvame-od-budzhet-a-limuzinite-od-humanitarni-koncerti

Негде сретнав за 2014 државава потрошила 45 милиони евра за гориво за службените автомобили :cuc:
Администрација е срамота да се возат со автобуси. Тие се заслужни граѓани. :sick:
Многу придонесуваат во општеството :pipi:
Пола од нив од Силванева Бонева се[DOUBLEPOST=1513012481][/DOUBLEPOST]шала на страна пола да заштедеа 20 км автопат ете ти
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.261
Предлог до модераторите темава да се преименува во економски политики на владата или нешто слично на тоа.

Инаку Анѓушев најавува дека во март во собрание ќе помине законот за либерализација на пазарот на струја.
Либерализацијата од аспект на бизнисите (поголемите потрошувачи на струја) е ептен позитивен чекор. Не знам колкава ќе биде таксата за одржување на мрежата ама не верувам да ја надминува сумата која ќе се заштеди. Конкретно имам фамилијарен бизнис кои троши во просек 2000 евра месечно за струја, со либерализацијата се заштедуваат 30% или во денари околу 35-40 000 што не е мала сума за бизнис со 17 вработени. Годишно му доаѓа околу 7000 евра плус.
Дали има најави колку би се движела редовната такса за оддржување на мрежата?
Дали знаете како ќе се одрази ова на сметките на малите потрошувачи т.е. на домаќинствата?

https://sdk.mk/index.php/makedonija/strujata-nema-da-poskapi-tvrdi-vitsepremierot-kocho-angushev/
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Предлог до модераторите темава да се преименува во економски политики на владата или нешто слично на тоа.

Инаку Анѓушев најавува дека во март во собрание ќе помине законот за либерализација на пазарот на струја.
Либерализацијата од аспект на бизнисите (поголемите потрошувачи на струја) е ептен позитивен чекор. Не знам колкава ќе биде таксата за одржување на мрежата ама не верувам да ја надминува сумата која ќе се заштеди. Конкретно имам фамилијарен бизнис кои троши во просек 2000 евра месечно за струја, со либерализацијата се заштедуваат 30% или во денари околу 35-40 000 што не е мала сума за бизнис со 17 вработени. Годишно му доаѓа околу 7000 евра плус.
Дали има најави колку би се движела редовната такса за оддржување на мрежата?
Дали знаете како ќе се одрази ова на сметките на малите потрошувачи т.е. на домаќинствата?

https://sdk.mk/index.php/makedonija/strujata-nema-da-poskapi-tvrdi-vitsepremierot-kocho-angushev/
Моментално бизнисите плаќаат и за населението. Со либерализација нема да е така и ќе се покачат сметките за населението. Мислам дека заради тоа и ја одолговлекуваа либерализацијата.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Функционерите не штеделе на скапо јадење, пиење и спиење – народот плаќал
Posted on December 11, 2017Author СКУП МакедонијаCategories ИздвоеноTags службени картички

Илјадници евра за луксузни хотели, авиобилети и ресторани. Функционерите не размислуваат многу за трошењата кога плаќаат со службените картички, кои се полнат од џебот на граѓаните

Автори: Ангела Рајчевска, Бјанка Станковиќ, Ангела Петровска



ДОКУМЕНТАЦИЈА



Освен редовните локални избори и предвремените парламентарни избори, ништо позначајно се нема случено во Република Македонија во 2013 и 2014 година. Заради глобалната финансиска криза во овој период, ниту странските директни инвестиции позначително пораснале, ниту пак некој значителен финансиски или дипломатски успех е забележан во овие две години.



Сепак, во овие две години само за хотелско сместување во странство од службените картички од Министерството за финансии се потрошени околу 100 илјади евра.


На изводите од службените картички од ова не пишува која фактура припаѓа кому, меѓутоа се гледа дека функционерите најчесто парите ги трошеле за патувања, односно за сместувања во луксузни хотели и ручеци во ресторани во странство.

Од ова министерство во 2011 година за хотели се потрошени 10.899 евра, додека 942 евра во ресторани. Наредната, 2012 година, се потрошени 35.717 евра за хотели, а во ресторани 4.950 евра.
Плаќањата за хотели и патувања секоја година во ова министерство растат, па така во 2013 година за хотели се потрошени 47.213 евра, додека пак за ресторани се потрошени 2.493 евра.
Рекордот во трошење за хотели е во 2014 година, каде што таа бројка достигнува и до 50.391 евра.
Од започнувањето на политичката криза се забележува пад на трошењата. Така, во 2015 година потрошени се 25.865 евра а во наредната година – 10.806 евра.



Љутфиу „оставил“ околу 20 илјади евра во скопски ресторани



Истражувањето на СКУП покажа дека не само Министерството за финансии, туку воопшто македонските функционери не прават разлика помеѓу државни и лични пари. Буџетските пари ги користат и за свои неслужбени потреби.
Документите кои ги поседува СКУП откриваат дека тие генерално преноќуваат во луксузни хотели, плаќаат најскапи – вип авиобилети, посетуваат елитни кафулиња, ручаат и вечераат само во елитни ресторани и од модните бутици купуваат брендирана гардероба.


Пиштар Љутфиу

И се би било во ред доколку сето тоа го прават од своите, а не од народните пари.
Во текот на истражувањето се изврши увид во службените картички на функционерите од министерствата за изминатите 6 години.
Според добиените информации по пат на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, над 20 илјади евра од службената картица потрошил поранешниот министер за образование и наука, Пиштар Љутфиу за време на својот мандат од 5 април 2016-та до 1 јуни 2017-та година.
Љутфиу бил чест гостин во скопските ресторани и гостилници, меѓу кои „Фиш“, „Фурна“, „Мериот Дистрикт“, „Александрија“, „Воденица Мулино“, „Дукат“ и „Стоун Бриџ“.
За хотелите во Косово, Германија, Австрија и Грција, Љутфиу потрошил околу 2.300 евра.



Со народни пари се купувало во „Том Тејлор“, „Битсиани“, „Сваровски“…



„Кратис“ и „Силекс“ се омилените хотели на поранешниот министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.
Тој во 2015 година потрошил 2.686 евра во ресторани, додека неговите чести посети во хотелите го чинеле повеќе, односно 3.898 евра.
Во 2016та година, луксузирањето го намалува на 844 евра за ресторани и 1.520 евра за хотели.





Митко Чавков, наследник министер на Гордана Јанкуловска, од Министерството за внатрешни работи, за ресторани во 2015 година има потрошено 4.121 евра, додека во 2016 година потрошил 6.782 евра.
На листата на податоци од неговата службена картичка се среќаваат често истите имиња на ресторани, како „Ла Тераца“, „Скара Бар“, „Пивница ресторан“, „Воденица“, „Микеи Хантинг клаб“, „Кај Џино“ и „Амигос“.





Поранешниот министер Миле Јанакиевски, кој помина два мандати во Министерството за транспорт и врски, во првите години од неговата функција од 2012 до 2014-та година потрошил 23.607 евра. Од нив, 8.276 за ресторани и 12.668 за хотели.


Миле Јанакиевски


Лирим Шабани

Од службените картички во министерството за локална самоуправа, пресметавме дека за 2015 година за ресторани се потрошени 3.564 евра, додека пак за наредната година 2.221 евра. Министер во овој период е Лирим Шабани.
За хотели за двете години вкупно се потрошени 1.117 евра и за други работи се издвоени 5.000 евра за двете години.
Карактеристично за ова министерство е што во 2015 година се потрошени околу 10.000 евра, од кои скоро 2.500 евра се потрошени во „Буши Фешн“.



Во 2016-та од потрошените 4.500 евра, илјада евра се потрошени само во „Буши Фешн“ Скопје.
Во првите три години од неговата функција, за ресторани и хотели, поранешниот министер Иво Ивановски, кој помина два мандати во Министерството за информатичко општество, има потрошено 32.527 евра. Од тие пари, 15.534 евра се потрошени на ресторани, додека 16.992 за хотели.

ПОТРОШИЛ САМО 200 ЕВРА ЗА РЕСТОРАНИ!


Еден од поскромните функционери е Фатмир Бесими, поранешниот министер за одбрана. Тој во 2016-та потрошил скромна сума од 200 евра за ресторани.
Во 2017-та година, не се забележани посети во ресторани на неговата картица, додека пак за патувања Бесими потрошил околу 2.800 евра.





Од конто картиците на Изаири Нурхан, поранешниот министер во Министерството за животна средина и просторно планирање во период од 2015 и 2016 пресметана е вкупна сума од околу 13.800 евра.


Изаири Нурхан


Валдет Џафери

Валдет Џафери, поранешниот министер за правда од својата службена картичка, потрошил сума од близу 8.880 евра. На изводите од неговата картица, се сретнуваат добро познатите ресторани „Панорама“, „Тутто“, „Матадор“, „Уранија“, „Рустикана“, „Латераца“, „Венето“, но и гостилница „Дукат“, „Бургер кинг“ и пицеријата „Твинс тп“. Џафери за овие ресторански услуги платил околу 7.740 евра, а за посети во хотели потрошил околу 1.060 евра.
Четири илјади и триста евра од личната картичка на екс-министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска се одлеале на сметката на прочуениот ланец хотели „Хилтон“ за само еден ден.
Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, уште од претходното истражување на СКУП – Македонија е еден од примерите на бескрупулозното трошење на државните пари.
Канческа Милевска била чест гостин и на прочуените хотели „Шератон“ и „Риц“ во европските и светски метрополи. За ноќевање во овие хотели била плаќана сума од 300 евра од вечер, сето тоа од сметката на буџетот која ја полнат граѓаните на Република Македонија.

ЕКОЛОГИЈА НЕ КАЖУВА ЗА ШТО ГИ ТРОШИ ПАРИТЕ

Од Министерството за животна средина и просторно планирање добивме одговор во кој се испратени аналитички картици на само дел од функционерите во министерството. Некомплетниот одговор го образложуваа со немање доволно време и човечки ресурси за да ги подготват побараните информации.
На картиците се впишани имињата на функционерите и сумите потрошени за услуги, но не може да се има увид за што се потрошени тие пари. Тимот на СКУП испрати жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап и истата беше прифатена. Сепак, до објавувањето на оваа сторија не добивме одговор од ова министерство.



Од истражувањето, може да се забележи дека поранешните министри имаат различни апетити за трошење но ист вкус за ресторани и хотели.
Министрите се менуваат а службените картички остануваат најчесто употребувана платежна картичка за неслужбените потреби на функционерите.
Јавноста има право да знае како функционерите ги трошат народните пари. Примерите во оваа сторија се мал, но впечатлив показател за новите функционерите и новата влада да покаже поинаков, одговорен однос спрема државните пари.

http://kanal77.mk/функционерите-не-штеделе-на-скапо-јад/
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
„Кратис“ и „Силекс“ се омилените хотели на поранешниот министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.
Тој во 2015 година потрошил 2.686 евра во ресторани, додека неговите чести посети во хотелите го чинеле повеќе, односно 3.898 евра.
Во 2016та година, луксузирањето го намалува на 844 евра за ресторани и 1.520 евра за хотели.
Нема лабаво кај Ѕинго, прав бизнисмен, да се врти парата.
Овој Цветков беше министер од неговата партија, изгледа бил обврзан само во Ѕингови фирми да троши пари
 

Kajgana Shop

На врв Bottom