Економска политика на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе си собираш дождовница, буре едно во двор и после прочистување со филтер :icon_lol:.

Водата е основно човеково право и треба да биде пристапна и достапна за сите. На што се должи поскапувањето? Да не прават некои нови системи, водоводи или за наводнување? Или требаат пари па не знаат од кај да ги соберат?
Од се по нешто, ја оправија стабилноста на водата и по квалитет и по присутност (претходно знаеше доста да ја нема), пред неколку години делеа електронски броила бесплатно, имаше изградба на нови водоводи до некој села (демек парите беа од владата/ИПА/кој ти знае од каде), дел што украле и нормално потребни се пари за нови вработувања.
Па и да има загуби вода е, не е нафта да има штетни последици.

Значи се зема нешто од природата бесплатно, водоводите се направени, единствено трошкови има за оддржување и плати, не сме ние Саљудиска Арабија пустинска земја па да има недостиг. Јас не знам со која логична лага можи да се брани ова поскапување? Со никоја, па не се ни трудат да објаснат.
Загуба на вода е тоа што се троши вода ама никаде не се одчитува и никој не ја плаќа, таков случај е кога се краде вода (ама сега ги заебаа имаш шакта покрај главната линија и водомерот е таму), случаите каде водата се користи за наводнување на паркови и можно е некогаш да пукне цевка и нели додека да ја направат да истече многу вода.

Е сега зошто поскапува, најреално објаснување е дека се потребни нови вработувања, освен онаму каде претпријатието се задолжило за изградба на некој водовод, ама водоводите ги градеше владата и општината или општината е таа што е задолжена, а не претпријатието.
Најевтино ќе е ич да не пиеш вода, и за другите околу тебе ќе е добро тоа.
Без вода нема живот, а ако нема живот, како ќе дојде животот?
И ако нема леб да јаде, нека јаде колачи, така ли?

Вие бевте тие што викавте заеби патриотизам и македонија коа има луѓе што леб немаат да јадат. Па може и во право сте, коа немаат леб за шо ќе им е толку вода.
:pos:
немој го утепа:pos:
 
Прц Милојче патарина по километар :icon_lol:.

До крајот на следната година се очекува да заврши инсталацијата на системот за електронска наплата на патна такса на патарините долж Коридорот 10, вели во интервју за МИА директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов

Китанов смета дека сегашните цени на патарините не треба да имаат корекции и покрај коментарите на граѓаните дека плаќаат многу, а возат по руинирани патишта. Треба да се има предвид и тоа, посочува, дека дел од граѓаните се возат, а не плаќаат и ќе мора да се стави плаќање и на излез.

– Во патарините имате затворен и отворен систем. Сега ако се возите од кај Гевгелија и на крстосницата кај Неготино – Кавадарци свртите за Прилеп не плаќате ништо. Сега таму ќе поставиме патарина, возењето да се плати пресметано за минатата километража. Така е на Запад, изјави за МИА Китанов.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-najavi-novi-patarini-ke-mora-da-se-stavi-plakane-i-na-izlez/
 
Од централиот буџет за првите 10 месеци само за камати на македонскиот долг Министерството за финансии платило 6,9 милијарди денари (111,8 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Министерството за финансии објавени на нивната веб страница, потег на кој уште еднаш треба да им се честита.За работите да станат појасни.

Гледано по месеци, просечно месечно, каматите на македонскиот долг нас - даночните обврзници не чинат 11,2 милиони евра!

Од вкупните 111,8 милиони евра за камати на долг кон странски кредитори сме платиле околу 75 милиони евра, а другите околу 37 милиони евра се платени за камати спрема домашни зајмодавци.

Најголема месечна камата за домашен долг е платена токму во октомври и таа изнесува 332 милиони денари односно околу 5,5 милиони евра.

Најголема месечна камата за странски долг е платена во јули и таа изнесува 53,4 милиони евра.

Најмногу пари на месечно ниво за отплата на главница и на камата се дадени во јули и тие изнесуваат 8,25 милијарди денари односно 133,7 милиони евра!

За нештата да бидат појасни – за да се плати јулската рата за отплата на главница и камати не биле доволни трите најголеми даночни приливи!!! За тој месец државата собрала: нето од ДДВ 4,78 милијарди денари, од акцизи 1,964 милијарди денари и од персоналец 1,21 милијарди денари. Сите овие приходи заедно праватпомалку од 8 милијарди денари!

Дали ситуацијата е под целосна контрола и дали можеме да управуваме со долгот како што сакаме ние или единствено решение е да се задолжуваме на подолги рокови? Дали сме приморани на репрограмирање во иднина?

Р.Ф.

http://faktor.mk/kolkav-dolg-vrativme-i-kolkava-kamata-plativme
 
за да стане појасно колку должиме, и дали се намалува или зголемува долгот еве еден линк
http://javendolg.mk/
 
А што е битно КОЛКУ должиме ....... Кога ниту една ама баш ниту една Власт во светот не планира да го врати долгот, туку цело време нови задолжувања и враќање на делчиња од претходни долгови :D . Еве од целиот долг на САД над 50% е износ што го должат по основ на камати за претходни задолжувања :cool:

Додуша еден врати долговите ама го покрија со 2 метри земја :popce:
 
битно е и тоа многу е битно оти САД се светски шерифи а ние сме светски потрчковци,
САД ќе отворат војна и ќе ги испограбаат златните резерви на земјата што демек ја стабилозираат и бранат а ние ќе треба да дадеме под концесија води, патишта.. па дури и за воздухот и за сонцето ќе плаќаме данок ако треба за да се раздолжиме, за ова да сме си начисто
 
Дали е математички возможно да се раздолжи човек ако парите за каматите не постојат? Ги нема, за да ги има мора да се зголеми паричната маса, а како ќе се зголеми таа, па со нови кредити. На луѓево не им е јасно дека се робови, должнички робови, работат за да вратат долгови кои што не можат никогаш да се вратат. И оди во круг банкрот, инфлација, сиромаштија, уште еден круг банкрот, инфлација, сиромаштија па нареден, се додека не се разбудиме сите гладни, жедни, голи и боси без своите куќи, имоти и земја.
 
Не за да се раздолжиш, туку за да си ги подмируваш каматите од долговите. А цел ниту можеш и ниту сака некој да го врати.
Како на друг начин 180.000 администрација ќе живее, како на друг начин политичарите ќе полнат банкарските сметки, кога НИШТО не создаваат :D[DOUBLEPOST=1512409414][/DOUBLEPOST]https://m.kajgana.com/zaev-veruvam-...te-da-plakjaat-povekje-posiromashnite-pomalku

"Јас сум левичар и верувам во правично оданочување односно побогатите да плаќаат повеќе, посиромашните помалку“, истакна премиерот Заев.:pos::pos:

Секогаш е така со левичарите, се додека парите идат кај нив на магичен начин ќе зголемуваат даноци. :aplauz:

Па уште дебата божем ако повеќето кажете не, ќе испочитуваат и нема да зголемат даноци :tapp:
 
Последно уредено од модератор:
Дали е математички возможно да се раздолжи човек ако парите за каматите не постојат? Ги нема, за да ги има мора да се зголеми паричната маса, а како ќе се зголеми таа, па со нови кредити. На луѓево не им е јасно дека се робови, должнички робови, работат за да вратат долгови кои што не можат никогаш да се вратат. И оди во круг банкрот, инфлација, сиромаштија, уште еден круг банкрот, инфлација, сиромаштија па нареден, се додека не се разбудиме сите гладни, жедни, голи и боси без своите куќи, имоти и земја.
Има 2-3 клипа крајно упростени на јутјуб за тоа...данинг кругер ефект креатори. Далеку од тоа е во пракса а теоријата е поприлично комплицирана.
 
Годинава половина фирми биле блокирани, а в година со зголемени трошкови (даноци, гориво, инфлација) повеќе или помалку фирми ќе бидат блокирани?

Во наредниве 10-12 години поради роботизација и автоматизација ќе бидат изгубени 600-800 милиони работни места, колку од овие нашиве странски инвестиции ќе бидат вклучени во тоа? Јас мислам скоро сите.
 
Карл Маркс пишува во 1860 во Дас Капитал дека ќе имало огромна невработеност поради индустриска револуција...се случи механизација, електрификација и електронизација и не се оствари ништо што предвидуваше...ќе се случи и роботизација и пак Маркс нема да е во право. Секоја нова технологија отвара нови работни места...плус има и многу други фактори. Нема никаде да има невработеност поради нова технологија секогаш ќе има побарувачка на работна сила. Едноставно ништо неможе да го замени човекот...дури и во Стар Трек во 2300+ години сеуште им требаат работници а техологијата им е тешка научна фантастика. Во основа само треба промена мала на квалификации и се се учи.
А за МК најверојатно ќе има некој раст во следниве години ама нема да биде над 3,5-4% ни во еден квартал, инаку на долг рок политиките на новата влада убиваат раст и работни места и се погубни. Ништо добро нема да донесат новите политики за економијата.
 
@StefusRefus КИнезиве ќе отвораат фабрика во Арканзас со 330 роботи и 400 вработени луѓе за да ги одржуваат роботите. Фабриката има капацитет да произведува по една кошула на секои 26 секунди и со трошкови 33 центи или околу 20 денари наши. Сметај една кошула која се прави за 20 секунди и трошкови за нејзе околу 20 денари. Една фабрика годинава, ама в година ќе направат десет. И нашава текстилна индустрија ќе конкурира на тоа?

https://www.therobotreport.com/chinese-factory-sets-arkansas-make-t-shirts-using-u-s-robots/

[DOUBLEPOST=1512466721][/DOUBLEPOST]Ајде отпимизам малку :icon_lol:.

ДОБРИ ВЕСТИ ОД КАБИНЕТОТ НА ТЕВДОВСКИ: Касата се пуни, пари ќе има! Ќе си ги вработиме сите по дома
486
Дек 04, 2017ЗанимливостиLike

dobrivestiTevdo.jpg

http://www.dokazmkd.club/dobri-vest...-pari-ke-ima-ke-si-gi-vrabotime-site-po-doma/
 
Последно уредено:
Кој ги ебе. Имаат поише пари нека плаќаат поголеми даноци, така треба. А не оноа гомноно прошло што го цедеше како лимун сиромашниот човек. И даноци и све му беше напраено у земјава на богаташите само да им биде супер.
 
ААААААааааа сехга кога ќе почнат да ги цедат Ѕинговци, Камчеви, Минчовци има да се насоберат пари нема да знаат за што да ги потрошат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom