Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Кој црн Јован ?
Sophia = Baphomet
Гностицизмот е широка категорија и не можеш да го базираш само на неколку забранети,и најдени списи.
Ако намераваш да ги вреѓаш гностиците,ќе ти требаат многу камења.
Оти мноштвото се разликуваат .
Малку ми ја промаши поентата пошто се тригерна. :D
Не вреѓам никакви гностици; ниту елаборирам што е гностицизмот или што е 'Софија'; а и како треба да се толкуе. Зборуем за тенденцијата на многумина да се тркаат чие верување е постаро. Впрочем, секако дека има милион гностички секти со милион варијации на толкувања.

Повеќето од гностичките секти на почетокот од нашата ера се мешавина од персиските/асиро-вавилонките, египетските и еврејските наративи, у комбинација со платонизмот (следбениците на Сет, Јован итн.), генерално поради културолошката хетерогеност тој период, која била резултат на различни социјални, политички и економски динамици. Тоа дека Софија е последниот еон на божјата еманација која го создала Демиургот (Уaldabaoth) кој ја создал материјалната реалност и после вдахнуеле и ваделе Светлина од луѓето (the rest is history), е новокомпоновано еврејско толкување у доцната антика (Апокрифот на Јован е првиот лоциран извор) што било изведено од Платон кој го позајмил називот од грчката митологија за да го користи со друго значење во неговиот филозофски систем (Плотин потоа го интерпретира поинаку). У ренесансата све тоа цути у нови наративи и толкувања комплементарни со духот на тоа време, со што тоа дека Софија е Бафомет (што ко темпларски(?) термин у среден век се јавуе далеку подоцна од ова што ти го зборуем) е уште поново толкуење што историски влече корени од работите што ги кажувам. 90% од све што се знае за старите гностички секти од кои си ги деривирате вашите толкувања у новите гностички правци e од апокрифите у Наг Хамади (тие се најдени, тогаш имало мал милион такви списи), списите за Хермес Трисмегистус, Халдејските пророштва и некои интерпретации од доцно ренесансните езотеричари. Секако, сега 'Софија' и 'Бафомет' може да имаат секакви значења (преносни и буквални) у различни езотериски космогонии и системи.
Оригиналното значење на „Софија" историски влече корени од грчката култура (пред тоа, бог знае од каде, иако ориенталните платонисти сакаат да го лоцираат сето тоа поназад, нешто за што немаат многу историски докази), другото е псевдоисторија што многумина од тие што се бават со езотерија денес си ја раскажуваат.
 
Последно уредено:
D

Drexel

Гостин

Тие што се бават со езотерија не се контрираат со ерата на нови информации или си ги мерат едни со други чиј е постар и поголем ова се глупости на квадрат, можеби таа перцепција ти е од ароганцијата на некои индивидуи од магичните редови или спорови меѓу академици што е и нормално оти сите сме луѓе на крајот на ден учени или неучени. Целта на обрнување внимание на стари записи не е ради супериорноста на постарото од поновото туку дека овие луѓе имале премногу слободно време во своите раце, живееле во период каде животот бил по спор и не бил комплициран и им овозможило да мозгаат на значењето на живот и човековата улога во него и нивните теории и филозофии и методи ритуали и магии што го отсликуваат функционирањето на еден принцип или друг ги претвориле во симболи кои ние денес ги разработуваме и доаѓаме до сличен заклучок како нив и во некои инстанци не инспирира друга гранка да откриеме. Зошто симболи а не да ти кажат црно на бело во месинџер што како е? зошто неможеш бесконечноста да ја ставиш во гугл транслејт и да ја преведеш во зборови. Се што е направено за да претставува нешто или мисла е симбол, како букви, броеви или карактери. Секоја уметност и наука има свои соодветни симболи. Симболите се користат за означување на тежини и мерки, Од тука соѕвездијата и планетите ги познаваме по своите соодветни знаци и симболи. Секоја буква е симбол и секој карактер што претставува број е симбол исто така. Геометријата е исцртана во симболични линии и секое можно движење одговара на овие, како и секој чин на човекот или движењето на планетите и ѕвездите се толку многу симболи од генеричен и индивидуален статус што со доволно мозгање може да се најде заеднички деноминатор/поврзаност помеѓу нив. Симболите се носат од нужда и се темелат на природата и нејзините закони. Тие го сочинуваат јазикот на бесконечното за да биде разбирлив на очите и умот. Познавањето на симболите е исто толку суштинско за образованието во езотерија, колку што знаењето за зборови е говорот. И како што говорот е експресивен на мислата, така се симболите. Мистичката наука, уметност и филозофија имаат симболи исто така, кој секој во себе содржи душа на божествената/divine вистина и од овие симболи западна езотерија пример се обидува да состави функционален систем преку синкретизам на други. Е сега кој што сака да прави со сето оваа е целосна негова слободна волја. Јас не сум кој знае каков езотеричар, оккултист, магичар или мерлин но се стремам животот да си го направам магичен зошто тоа ме исполнува и ме прави среќен и ми дава резултати кога ги практикувам овие работи не само со читање туку и живеење на нив, други вадат уживање или интерес со само чист онтолошки пристап без длабоко навлегување, трети се блажени. Мислењето на чии папируси и глинести плочи се постари не е битно на никого освен на егото.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Не е океј.

Имаш приметено дека се повикуваат на постари учења, но не заради таа причина што ти ја наведе.

Тоа е површно и неточно видување на работите со тајните учења.
 
Ја не одгатнувам кои биле сите мотиви на луѓето што проучувале и/или проучуваат стари списи, ниту кои се твоите мотиви за да го правиш тоа што го правиш. Ја само кажуем дека фактографски, историски; многу гностици, секти, а и официјални религии подоцна како христијанството; ги поврзувале своите учења со постари религии за да им дадат тежина. Плетон у своите писанија пробува да го поврзе христијанството со зороастризмот и да покаже дека доаѓањето на Исус е предвидено многу поодамна, у повеќето религии. Тоа го праат и Фичино (кој мислел дека Халдејските мистерии се зороастризам), Пико кој сакал да докаже дека Евреите одамна го најавуваат Исус у „De arte cabalistica" (1517) и уште милион вакви примери до ден денес, со цел да му дадат кредибилитет на своето учење, а тоа повлекувало многу политичко социјални придобивки. Тоа го праеле и христијаните на самите свои почетоци за да се етаблираат како силна религија.

Освен ако немаш комплетно нереалистична романтизирана слика за овие работи, сигурно ќе приметиш дека „староста" на учењето е главен мотив (ко Харе Кришна што се фалат за Ведите кои се најстари) кај многумина и можам да ти редам примери до сабајле за да ја докажам поентата. Секако, пошто се луѓе со его, како и овие системи што ги вергламе, создадени од луѓе. Ја не тврдам дека сите се такви, ниту пак дека ти си таков, ниту пак дали треба или не треба да уживаш у магијата на твоите пракси со кои имаш успех и ти помагаат. Ја само тврдам фактографија која можам да ти ја докажуем низ низа историски примери или да ти реферирам литература од луѓе кои се поучени од нас, па да ја видиш нивната аргументација. Ако читаш историја на западната езотерија, честопати ќе го приметиш тој тренд (Ханеграф разглаба на долго и широко за ова).
Задњиот постмодерен модел на езотетијата (ко chaos magick), е баш контра тој елитистички муабет. Но првиот модел за плејадата од езотерични учења (тој што го елаборираат Јејтс, Фавр итн.), уште наречен и моделот на рано модерно волшебство е стриктно поврзан со трендот на барање архајски знаења бидејќи тежината на истите се вреднувала преку нивната старост.

Западната езотерија не е унифициран ентитет што пробуе да претстави некаков универзален јазик преку синкретизам на сите симболи, туку хетерогено тело од милион движења кои и самите не се слагаат за тоа што е што и што што значи. Таквиот обид за унификациска теорија што ги побива егзотериските наративи (религионизам, односно барањето внатрешна независна спиритуална димензија), промовиран од Јунг, Мирчеа Елијаде и остала банда, наишол на тежок фејл. Езотеричното искуство не може да се верифицира, ниту анулира што наидува на методолошки агностицизам (позицијата дека не знаеме за алатка со која можеме да откриеме дали симболите кажуваат некои вистини ако „знаеш" да ги читаш). Има разлики у светогледот на мн. практичари и езотеричари како што има меѓу светогледите на теоретичари на религиите и тие не се конзистентни, ниту пак ќе бидат. Сите тие ствари се влијаени од други ствари, кои се од трети, нешто што е резултат на комплицирани историски и социолошки динамици. На пример, цела догма од христијанската ортодоксија е тешко влијаена од платонизмот и општо, античко грчката филозофија. Цел тој египтолошки, математички модел за Земјата која не се движи (сублунарниот свет), ѕвездите кои се примарни двигатели, све што е составено од четири елементи итн. е измешано со аристотеловата натуралистичка филозофија и ред други египетски и сумерски верувања. Според тој модел, ѕвездите го движат светот преку петтиот елемент (квинта есенција). Што горе, тоа доле, на пример, оригинално значи дека супралунарниот свет го движи сублунарниот у некоја форма на универзален детерминизам, па до денес е конвертирано у милион системи, со милион значења. И сево ова што го дрндаме за алхемија, астрологија и магија било резултат на луѓе што малку знаеле за светот. И они, баш така егзотерички, веруеле дека стојат работите. Тие космогонични системи немале преносно значење, поради што, со развојот на науката све тоа прешло у шарлатанство. Тек после Втората Светска Војна, Јунг (со теоријата на синхроницитет, колективното несвесно и др.) почнал да ги интерпретира овие ствари као симболи со преносно значење кои допираат до несвесното, со спиритуална конотација поттикната од контра културата у 60-ти и некако ги тргнал од мерливото, заштитувајќи ги со ад хок хипотеза.

Али да не навлагаме у детали, не е ни битно за основната поента на муабетот.
Поентата е дека (ако уопште више има поента муабетов):
1. Мистичните науки не се науки одамна, сва среќа, а и не можат да бидат пошо ги јаде ад хок хипотезата.
2. Верувај во што ти е убаво, не судам ја никого, само си го изложуем ставот.
3. Постои тренд на воспевање на старите учења кај некои што се бават со езотерија бидејќи истите се асоцирани со изгубени, длабоки знаења,што им дава тежина. Не секој што се бави со езотерија глеа така на тоа, пример кеос меџик.
 
Темата ти е за во атеизам таму хулаат по разум и се клањаат пред софизам. Ако неможе да се докаже или анулира нема што во круг да се вртам веќе си си го одговорил прашањето.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Не е океј.

Имаш приметено дека се повикуваат на постари учења, но не заради таа причина што ти ја наведе.

Тоа е површно и неточно видување на работите со тајните учења.
Хепта, тајните учења се гомила од глупости и измислици у кои веруваш и на кои си го потрошил целиот живот бадијала. Не знам дали треба да ти нацртам или поинаку да ти објаснам дека се пуваш за поседување информации и „искуства" кои се комплетно бескорисни. Имаш проучувано системи, варијации на истите како и практикувано пракси кои не значат ништо и ти помагаат колку толку (како пласебо) да се сносиш со животот, што е океј ко психолошки механизам и ескапизам од суровата реалност која не ти се свиѓа и во која се осеќаш алиениран пошто си асоцијален.

Јако е тоа што специјалните снегулки, како тебе, што се бават со езотерија, не сакаат да бидат предмет на психолошка и социолошко историска анализа; како што е и све друго поврзано со луѓето, нивните верувања и обичаи; за да не им се скрши статусот на мудреци што имаат скриени знаења бивајќи анализирани како социјална група со определени верувања во одреден историски контекст. Ова со тајните знаења и цел его трип што го фураш е само по себе доказ за мојата поента погоре, иронично. :D

Само ТИ и луѓето што се бават со езотерија (ама тие од твојот Ред, на твојот гуру Краули) не подлежите на основните психолошки динамици што важат за луѓето. Но место непристојно да ти кажам „Да ти се мочам у глупите тајни учења, телетабис еден утепан." што не е океј, ќе те прашам:
Кои се причините поради кои староста на „тајните учења" е релевантна за нивната вистинитост и многумина сакаат своите учења/варијации на учења да ги поврзат со постари тајни учења, па се повикуваат на нив?
Ако причината не е тоа дека постарите учења се поточни пошто се постари и поблиску до оригиналната верзија на Вистината, зошто на некој староста би му била критериум за релевантноста на информацијата?

Сакаш да се кладиме дека нема концизно да ми го одговориш прашањето бидејќи не знаеш ни самиот? И дека ќе го избегнеш тоа со „не се објаснуе на форум, треба години и години пракса за да го сфатиш јада јада..."?
Тебе ти требаат години пракса и теорија за да разбереш физика и хемија, ама ако ми поставиш конкрено прашање, ќе можам да ти го одговорам без разлика на тоа. Ти не можеш. Знаеш зошто? Пошо немаш одговор. Одговорот у глава ти е микс од естетски чувства/плејада од свесни состојби што си ги имал дур си ги праел „праксите", чувство на самодоверба поради сфаќање на „реалноста", збир од милион вербални и други симболи што ги знаеш у различни мисловни структури, наративи со кои си напумпан и елитизам.

Туку дај боже да грешам, место да се чуваат у тајна овие Вистини, дај нека се чуе за нив, да се проверат и евентуално да го елевејтнеме човештвото кон Светлината. Не бидете скржави! Споделете ги тајните учења, ебаве џедаите.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Сепак Хепта делува дека има функција во религијата... организацијата.... можно е да си има и инкам од ова.... можно е да прима и хонорар за својата активност на форумот.... само тоа ми објаснува зашто не ги дава тајните... но хинта за еликсирот, доколку сакаш да знаеш треба чланарина да платиш...

Така да постои можност он уопште да не е интроверт што бара утеха во учењата, туку многу паметно да ова го работи, исто како Кроули.... он упште да не е скржав туку едноставно.. професионален.

Дај боже да грешам!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751

ти алудираш значи дека Хепта е измамник?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Сепак Хепта делува дека има функција во религијата... организацијата.... можно е да си има и инкам од ова.... можно е да прима и хонорар за својата активност на форумот.... само тоа ми објаснува зашто не ги дава тајните... но хинта за еликсиеот, доколку сакаш да знаеш треба чланарина да платиш...

Така да постои можност он уопште да не е интроверт што бара утеха во учењата, туку многу паметно да ова го работи, исто како Кроули.... он упште да не е скржав туку едноставно.. професионален.

Дај боже да грешам!
Од моето скромно искуство овде на планетава нема прав интроверт(што и да значи тоа), и нема Мајки Терези. Ѓаволот ровари у сите од нас :)

Не e проблем да се негира некое учење, проблем е да се даде алтернатива....вистината. И јас знам дека прв извод
y'(x) = e^(x^(3^x))
најверојатно не е x.....што ми значи тоа? :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Хепта, тајните учења се гомила од глупости и измислици у кои веруваш и на кои си го потрошил целиот живот бадијала.
Толку, ја реши мистеријата, ги разоткри сите - може да си одиме.

Ама се тајни овие учењава, штом и ти знаеш што е и како е - навистина нема ништо од тајното :)
Не знам зошто се нервирате и се заморувате за работи кои ги сметате за глупости... јас ги одминувам работите што ги сметам дека ми се бадијала во животот. Едноставно и лесно ги одминувам...

Не знам зошто се заморуваш дали јас, овој или оној како си го троши животот... небитно е тоа.

Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
ти алудираш значи дека Хепта е измамник?
Не бе рон... дека е профи а ние аматери.
Од моето скромно искуство овде на планетава нема прав интроверт(што и да значи тоа), и нема Мајки Терези. Ѓаволот ровари у сите од нас :)

Не e проблем да се негира некое учење, проблем е да се даде алтернатива....вистината. И јас знам дека прв извод
y'(x) = e^(x^(3^x))'(x) = e^(x^(3^x))
најверојатно не е x.....што ми значи тоа? :)
Да... ама Хепта негира други и ја дава алтернативата... али не на секој, пример мене не сака ни кафе да ми даде... значи има јасна целна група, у која ја не спаѓам.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Кои се причините поради кои староста на „тајните учења" е релевантна за нивната вистинитост и многумина сакаат своите учења/варијации на учења да ги поврзат со постари тајни учења, па се повикуваат на нив?
Реков и првиот пат кога ти си донесе заклучок како „колку постаро било учењето, повистинито“ е неточно. Реков дека не се повикуваат ниту си ги мерат фалусите со тоа „колку е постаро учењето“, туку заради друго се повикуваат.

А зошто - не мислам да ти одговорам, не заради форум - туру заради тебе и твоите размисли :)
Те оставам да го имаш ставот што го имаш - твоја ствар.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.817
Не е океј.

Имаш приметено дека се повикуваат на постари учења, но не заради таа причина што ти ја наведе.

Тоа е површно и неточно видување на работите со тајните учења.
ова е баш и мојата забелешка
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
ова е баш и мојата забелешка
Која е причината поради која се повикуваат на постари учења?
Која е причината поради која Фичино, Пико, Плетон, Џон Ди и остала банда пробувале да го поврзат христијанството со постари учења како зороастризмот? Која е причината поради која ентеогенските гностичари зборуваат дека шаманите у Амазон имаат прастари учења кои се повистинити од модерните интерпретации? Која е причината поради која Харе Кришна зборуваат дека нивните Веди се најстари и највистинити, за разлика од другите учења кои се нови и све што зборуваат е лоша интерпретација на старите ведски учења? Која е причината поради која неопаганите се повикуваат на старите изгубени знаења на нивните предци, ако не романтизација на митот и изгубените стари учења кои се поблиски до Вистината бидејќи се временски поблиску до основниот мит на креација, „неизветоперени" од новите интерпретации. Која е причината поради која сите овие се повикуваат на стари списи кои ја потврдуваат вистинитоста на нивните учења и го предвидуваат тоа што нивните учења го тврдат, а да не е поврзана со вреднување на старото поради причините кои ги наведов?
Може да дадеш подлабок и поакуративен увид?

Во прилог за сите, едно предавање што можда ќе ви фати око, поврзано со ова што го зборуем...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom