Тие што се бават со езотерија не се контрираат со ерата на нови информации или си ги мерат едни со други чиј е постар и поголем ова се глупости на квадрат, можеби таа перцепција ти е од ароганцијата на некои индивидуи од магичните редови или спорови меѓу академици што е и нормално оти сите сме луѓе на крајот на ден учени или неучени. Целта на обрнување внимание на стари записи не е ради супериорноста на постарото од поновото туку дека овие луѓе имале премногу слободно време во своите раце, живееле во период каде животот бил по спор и не бил комплициран и им овозможило да мозгаат на значењето на живот и човековата улога во него и нивните теории и филозофии и методи ритуали и магии што го отсликуваат функционирањето на еден принцип или друг ги претвориле во симболи кои ние денес ги разработуваме и доаѓаме до сличен заклучок како нив и во некои инстанци не инспирира друга гранка да откриеме. Зошто симболи а не да ти кажат црно на бело во месинџер што како е? зошто неможеш бесконечноста да ја ставиш во гугл транслејт и да ја преведеш во зборови. Се што е направено за да претставува нешто или мисла е симбол, како букви, броеви или карактери. Секоја уметност и наука има свои соодветни симболи. Симболите се користат за означување на тежини и мерки, Од тука соѕвездијата и планетите ги познаваме по своите соодветни знаци и симболи. Секоја буква е симбол и секој карактер што претставува број е симбол исто така. Геометријата е исцртана во симболични линии и секое можно движење одговара на овие, како и секој чин на човекот или движењето на планетите и ѕвездите се толку многу симболи од генеричен и индивидуален статус што со доволно мозгање може да се најде заеднички деноминатор/поврзаност помеѓу нив. Симболите се носат од нужда и се темелат на природата и нејзините закони. Тие го сочинуваат јазикот на бесконечното за да биде разбирлив на очите и умот. Познавањето на симболите е исто толку суштинско за образованието во езотерија, колку што знаењето за зборови е говорот. И како што говорот е експресивен на мислата, така се симболите. Мистичката наука, уметност и филозофија имаат симболи исто така, кој секој во себе содржи душа на божествената/divine вистина и од овие симболи западна езотерија пример се обидува да состави функционален систем преку синкретизам на други. Е сега кој што сака да прави со сето оваа е целосна негова слободна волја. Јас не сум кој знае каков езотеричар, оккултист, магичар или мерлин но се стремам животот да си го направам магичен зошто тоа ме исполнува и ме прави среќен и ми дава резултати кога ги практикувам овие работи не само со читање туку и живеење на нив, други вадат уживање или интерес со само чист онтолошки пристап без длабоко навлегување, трети се блажени. Мислењето на чии папируси и глинести плочи се постари не е битно на никого освен на егото.
Ја не одгатнувам кои биле сите мотиви на луѓето што проучувале и/или проучуваат стари списи, ниту кои се твоите мотиви за да го правиш тоа што го правиш. Ја само кажуем дека фактографски, историски; многу гностици, секти, а и официјални религии подоцна како христијанството; ги поврзувале своите учења со постари религии за да им дадат тежина. Плетон у своите писанија пробува да го поврзе христијанството со зороастризмот и да покаже дека доаѓањето на Исус е предвидено многу поодамна, у повеќето религии. Тоа го праат и Фичино (кој мислел дека Халдејските мистерии се зороастризам), Пико кој сакал да докаже дека Евреите одамна го најавуваат Исус у „De arte cabalistica" (1517) и уште милион вакви примери до ден денес, со цел да му дадат кредибилитет на своето учење, а тоа повлекувало многу политичко социјални придобивки. Тоа го праеле и христијаните на самите свои почетоци за да се етаблираат како силна религија.
Освен ако немаш комплетно нереалистична романтизирана слика за овие работи, сигурно ќе приметиш дека „староста" на учењето е главен мотив (ко Харе Кришна што се фалат за Ведите кои се најстари) кај многумина и можам да ти редам примери до сабајле за да ја докажам поентата. Секако, пошто се луѓе со его, како и овие системи што ги вергламе, создадени од луѓе. Ја не тврдам дека сите се такви, ниту пак дека ти си таков, ниту пак дали треба или не треба да уживаш у магијата на твоите пракси со кои имаш успех и ти помагаат. Ја само тврдам фактографија која можам да ти ја докажуем низ низа историски примери или да ти реферирам литература од луѓе кои се поучени од нас, па да ја видиш нивната аргументација. Ако читаш историја на западната езотерија, честопати ќе го приметиш тој тренд (Ханеграф разглаба на долго и широко за ова).
Задњиот постмодерен модел на езотетијата (ко chaos magick), е баш контра тој елитистички муабет. Но првиот модел за плејадата од езотерични учења (тој што го елаборираат Јејтс, Фавр итн.), уште наречен и моделот на рано модерно волшебство е стриктно поврзан со трендот на барање архајски знаења бидејќи тежината на истите се вреднувала преку нивната старост.
Западната езотерија не е унифициран ентитет што пробуе да претстави некаков универзален јазик преку синкретизам на сите симболи, туку хетерогено тело од милион движења кои и самите не се слагаат за тоа што е што и што што значи. Таквиот обид за унификациска теорија што ги побива егзотериските наративи (религионизам, односно барањето внатрешна независна спиритуална димензија), промовиран од Јунг, Мирчеа Елијаде и остала банда, наишол на тежок фејл. Езотеричното искуство не може да се верифицира, ниту анулира што наидува на методолошки агностицизам (позицијата дека не знаеме за алатка со која можеме да откриеме дали симболите кажуваат некои вистини ако „знаеш" да ги читаш). Има разлики у светогледот на мн. практичари и езотеричари како што има меѓу светогледите на теоретичари на религиите и тие не се конзистентни, ниту пак ќе бидат. Сите тие ствари се влијаени од други ствари, кои се од трети, нешто што е резултат на комплицирани историски и социолошки динамици. На пример, цела догма од христијанската ортодоксија е тешко влијаена од платонизмот и општо, античко грчката филозофија. Цел тој египтолошки, математички модел за Земјата која не се движи (сублунарниот свет), ѕвездите кои се примарни двигатели, све што е составено од четири елементи итн. е измешано со аристотеловата натуралистичка филозофија и ред други египетски и сумерски верувања. Според тој модел, ѕвездите го движат светот преку петтиот елемент (квинта есенција). Што горе, тоа доле, на пример, оригинално значи дека супралунарниот свет го движи сублунарниот у некоја форма на универзален детерминизам, па до денес е конвертирано у милион системи, со милион значења. И сево ова што го дрндаме за алхемија, астрологија и магија било резултат на луѓе што малку знаеле за светот. И они, баш така егзотерички, веруеле дека стојат работите. Тие космогонични системи немале преносно значење, поради што, со развојот на науката све тоа прешло у шарлатанство. Тек после Втората Светска Војна, Јунг (со теоријата на синхроницитет, колективното несвесно и др.) почнал да ги интерпретира овие ствари као симболи со преносно значење кои допираат до несвесното, со спиритуална конотација поттикната од контра културата у 60-ти и некако ги тргнал од мерливото, заштитувајќи ги со ад хок хипотеза.
Али да не навлагаме у детали, не е ни битно за основната поента на муабетот.
Поентата е дека (ако уопште више има поента муабетов):
1. Мистичните науки не се науки одамна, сва среќа, а и не можат да бидат пошо ги јаде ад хок хипотезата.
2. Верувај во што ти е убаво, не судам ја никого, само си го изложуем ставот.
3. Постои тренд на воспевање на старите учења кај некои што се бават со езотерија бидејќи истите се асоцирани со изгубени, длабоки знаења,што им дава тежина. Не секој што се бави со езотерија глеа така на тоа, пример кеос меџик.