Повеќе сметам дека е недостаток.
Би имала едно дете само кога би била во лоша економска состојба.
Во секој случај јас сум за две или повеќе дечиња. Али лошо е да се има многу деца а да се нема ни основни средства за живеење, тоа не го оправдувам.
Знам многу лица кои се единче и немаат брат и сестра и тие деца се поразгалени, посебични, научени се многу на внимание и секогаш да е се по нивно
. Има исклучоци, но поголемиот број се токму со овие карактеристики, што е нормално. Едно дете, целата љубов и внимание нему му се посветува, нема тука пример денес играчка за дада/бато а утре за тебе, него се за него е. Подобро кога се има повеќе деца иако љубовта се дели и се посветува внимание и на двете (или повеќе деца) сепак таа љубов не е помала од родителот. Плус браќата и сестрите секогаш се во животот можеби и најдобрите пријатели и секогаш се тука од најмали нозе и за игра, забава, а потоа и за некој за да те ислуша, да ти помогне и сл.
Јас си имам одличен однос со сестра ми и не знам што би правела без неа и да сум единче
Затоа сум за повеќе дечиња!