Едипов комплекс

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Законот за гравитацијата е темелно објаснет поради кои причини се појавува и целесообразноста во врска со истиот, значи постојат емпириски докази за него, да се прави компарација меѓу налудничава теорија која не е прифатена од сите психолози и научен факт е глупаво.
Од друга страна, јас како мал не се сеќавам дека некогаш сум имал ерекција но дури и тоа да е вистина не мора по дифолт да значи дека таа ерекција би ми била предизвикана од МАЈКАМИ. Во секој случај не сум доктор ниту психијатар па да дадам точно тврдење за тоа зошто се појавува ерекција кај деца, н омора да има некое логично медицинско објаснување
Епа ако не си ниту доктор ниту писхијатар што се мешаш на места кај што не знаеш?!

Законот за гравитација е докажан според формули, а поткрепен емпириски, то ест според реални примери коишто се случуваат секој ден. Мислам дека тука нема простор за дискусија. Ама, исто е и со едиповитот комплекс, којшто е докажан со испитување на илјадници и илјадници пациенти, на коишто им е истражувано размислувањето, биле анализирани, како што било анализирано зошто гравитацијата постои и се дошло до заклучок дека едиповиот комплекс постои заради тоа и тоа. Ако денес пробаш да докажеш дека гравитацијата се случува заради привлечната сила што ја има секое тело, многу лесно можеш да го сториш тоа буткајќи човек од зграда, исто така можеш многу лесно да го докажеш фактот дека едиповиот комплекс е реален, ако со веќе познати техники му поткопаш на човек во минатото.

И не ти е ерекцијата предизвикана од мајка ти, не ми беше тоа поентата... туку дека на децата им функционира тој систем исто како на возрасните, само што си се активира несвесно, да не кажам потсвесно, што директно посочува на муабетот, дека децата потсвесно сексуално се поврзани со своите родители.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Според Фројд детето сексуално се врзува за родителот, спротивен од полот на детето.
Како е можно дете сексуално да се врзе за било што со оглед на тоа што е далеку пред влез во пубертет. Сите сме биле деца и знаеме како е да си дете, апсолутно си асексуален, пример - не сфаќаш зошто глумците на филм се бакнуваат и истото ти е одвратно. Јас како дете сум и се уште сум:) приврзан за двата родители подеднакво...
За мене оваа теорија е тотално налудничава и табу, затоа што ја крши најсветата љубов(не сексуално бог да чува!!) меѓу детето и мајката и-или таткото. Како тотален лаик на оваа тема, немам длабоки сознанија за истата, но за секој нормален човек оваа теорија би изгледала шизофренична:) Ке може накратко од некој компетентен од ова поле да се објасни кои докази Фројд ги приложува за оправдување на едиповиот комплекс? Веројатно оваа негова теорија се потпира на докази, во спротивно типот е лудак пар екселанс:)

Читнав малце низ темава, требаше прво да ја прочитам па да постирам ама ме накурчи теоријава:)
1. Ако навистина постои сексуална поврзаност меѓу дете и родител, зошто не трае истата цел живот? Нели, просто е, јас од кога влегов во пубертер се палам на жени и на нив ќе се палам цел живот рамномерно без пречки:)

Најсветото, најневиното на светот- детето испадна поперверзно од сите педофили во светот.
Sincerely
sigmund Freud:tapp:
Значи, децата не ја разбираат сексуалноста и сексот како што го разбираме ние возрасните.
Секс во најширока смисла би било вагинално-пенилен однос * (* преземено од википедија)
За децата, тоа е интимноста што ја имаат со родителите.

Да земеме за пример машко дете, кое се што му треба во животот го добива од мајката. За него, таа претставува извор на храна, грижа, нега, љубов, чистина, удобност итн. Мајката се грижи за своето дете како што никој друг не би се грижел. И тука се ствара интимна врска.
Пошто Фројд вели дека личноста се формира до 5-7 години, (а после сите искуства се повторуваат и се базираат на искуствата што сме ги имале до 5-7 години) и Едипот се формира тогаш.
Детето до 5-7 години има мал круг на луѓе околу него. Мајката е центар на тој круг. Нормално е дека со нејзе ќе биде најинтимна, нормално е дека ја сака само за него.

Кога малото дете ќе види дека мама и тато се допираат и бакнуваат, детето сака и тоа да го има тој начин на комуникација со мама, зашто мама ја сака највеќе на светот. Мама е извор на се што е добро, мама е заштотник и центар на неговиот универзум.
Ама, мама не му дозволува на своето дете да биде на тој начин блиско со неа. Детето го сфаќа таткото како ривал, како некој што сака да му ја земе мама. Почнува некој вид на ривалство, ама поради одбрамбените механизми (потиснување) и поради тоа што детето сфаќа дека таткото е многу посилен од него, тој се поистоветува со таткото.

Прашуваш „1. Ако навистина постои сексуална поврзаност меѓу дете и родител, зошто не трае истата цел живот? Нели, просто е, јас од кога влегов во пубертер се палам на жени и на нив ќе се палам цел живот рамномерно без пречки:)

Не трае оваа приврзаност цел живот пред се зошто мајката има изградено високи морални норми, не размислува со емоции и инстинкти и знае што е инцест. Детето не знае за се ова до накај 7 години, учи подоцна. Го учат што е срам, го учат што е лошо а што е добро итн.
Но...
Во нашата потсвест е „запечатено“ она што се случувало кога сме биле мали, на ниво на емоции и инстинкти. Знаеме дека дома со мама/тато ни е најбезбедно, знаеме дека сме заштитени и дека од нив ќе добиеме се.
Затоа несвесно бараме партнер кој има слични карактеристики како нашиот родител од спротивен пол. Или, бираме партнер кој е апсолутна спротивност на родителот од спротивен пол (ова се должи на фактот дека сфаќаме дека нашите родители не се совршени како што сме мислеле дека се, дека не лажеле, дека грешат, дека не се семоќни итн.)
Ова се согледува со малце подлабока анализа.

Инаку да, емпириски докази за теориите на Фројд нема. Но тоа не значи дека во пракса не може да ги видиме на секаде. Особено за психосексуалниот развој на детето каде убаво кај секој поединец можеш да ги разликуваш орална, анална, фалусна фаза итн....
 
O

Orion.

Гостин

Болд 1. Зошто таткото е лишен од сето тоа? Единствено нешто кое таткото не е во можност да му го овозможи на детето е доењето, а доењето се одвива кога детето е сеуште бебенце. Грижа, нега, удобност, сигурност и љубов секако дека овозможува и таткото и тоа апсолутно подеднакво(говорам за нормално семејство:) ) Ако ми одговориш дека токму преку доењето се формираа таа чудна фјордова врска наречена едипов комплекс, тогаш што е со Електра комплексот? И девојчето прима храна преку доење од мајката? Зошто тогаш девојчето е приврзано за таткото, обратно од машкото?

Болд 2. Викаш дека единствена пречка која што ја воздржува мајката да има односи со детето е тоа што мајката знае дека инцестот е лоша работа односно дека е свесна за него, и дека не размислува со емоции? Дали тоа значи дека нејзините емоции и налагаат да има секс со детето? И дали доколку инцестот во светот не би бил прифатен како лоша работа, мајката би имала односи со своето дете без проблем?
 
1. Мајката за време на бременоста лачи многу хормони кои и помагаат околу детето за време на бременоста и кога веќе детето ќе се роди.
Имаше една статија дека таткото “префаќа“ (во недостаток на друг израз) од тие хормони за да може да се грижи за детето, но се значително помалку од оние на жената.
Како и да е, мајката е биолошки предодредена за грижа на детето.

И девојчињата имаат таков комплекс, како што веќе ти кажа, Електра комплекс.
И женските се поврзуваат со мајката. Но девојчето сфаќа дека нема пенис и со тоа не може да ја има мајката. Кај девојчињата се развива љубомора кон пенисот (завист кон пенисот, не знам кој е точниот превод на penis envy) затоа што не може да ја има мама,, и своите желби ги пренасочува кон тато што доведува до хетеросексуален развој. Подоцна, истото ова девојче ќе остане трудно што е надоместок за пенис (ова мене ми е смешно малце, но таква е теоријата). Девојчето подоцна се поистоветува со мајката итн.

Во одредени случаеви поради доминантна мајка - машкото се поистоветува со неа, па тоа е резултат на хомосексуалност, трансексуалност итн.
Проблеми има и доколку девојчето се поистовети со таткото итн. (не велам дека причина за хомосексуалност и трансексуалност е ова, но може да биде)

Не велам дека таткото не е во можност да му удоволи на детето, но гледано од eволуционерна гледна точка, мајката е таа што останува со детето и ги задоволува неговите потреби, а таткото е тој што се грижи за да донесе дома храна, да го заштити домот, да обезбеди топлина итн.
Замисли ситуација каде и мајката и таткото би останале дома со детето. Прво би умреле од глад/жед, би биле незаштитени, без оган/греење итн.
А доколку таткото остане, а мајката отиде некаде - детето би умрело затоа шо единствен негов рефлекс за преживување е цицањето...
Таткото има друга функција.

2. Има многу случаеви во светот каде што дете и мајка, дете и татко имаат односи, врски, бракови.
Нашите општества го забрануваат тоа заради последиците што тоа ги има, односно доколку женското остане трудно може да настанат мутации поради многу слични гени. Сега има и тестирања за да се провери колкави се шансите за детето што ќе се роди ќе биде „нормално“.
Не велам дека свеста и моралните причини се единствена пречка.
Ќе го потупам сеа малце, да ти објаснам еден научно докажан факт преку експеримент:
На 10 жени им се дадени маици од различни мажи. Жените треба да ги мириснат мажие и да кажат која им е најпривлечна за да условно речено имаат врска/дете со него. Откако жените ќе одберат, се прават генетски тестирања за да се утврди колку тој маж е компитабилен на таа жена. Докажано е дека оној мирис кај маж/жена што највеќе не привлекува и ни се допаѓа, е најкомпатибилен во однос на нашите гени.
Тоа значи дека доколку ти мириснеш некоја девојка и не ти се допаѓа како таа мириса, многу е веројатно дека вашите гени се слични. Но, на друг маж тој мирис ќе му се допадне и тоа би значело дека нивните гени се апсолутно различни а тоа ги прави апсолутно компатибилни, со што шансите за дете без мутации се големи.
Е сега, во едно семејство, поради сличноста на гените, мирисите од другите членови на семејството нам не ни се допаѓаат, со тоа се спречува да имаме односи едни меѓу други.
Секако, ова не е правило. Баш пред некое време читав дека брат и сестра имале врска и односи повеќе од 12 години и никој не ги фатил. Причина било тоа што делеле соба и кога ги пукнале хормоните во глава, експерименирале.

Е сега, ти ме прашуваш дали мајката би имала однос со своето дете, би ти рекла не, затоа што пенисот на мало дете не е баш функционален. Кога би имала врска/однос тоа би било откако детето би пораснало и пенисот би пораснал :)
Од друга страна, девојчињата се подложни на злоупотреба од мажите од помала возраст затоа што вагината е оформена многу рано.
Имам читано книга каде што се опишани сцени како таткото ја злоставува својата ќерка, му дозволува на дедото на девојчето он да ја злоставува, и тоа не само со пенис(и) туку и со разни шилести предмети.
Секако, девојчето не се развива со нормална психа, туку со растројство на личност.
Забегав од темата, сакам да ти кажам дека можно е се.
Развојот на фронталниот лобус во мозокот е одговорен да ни кажува што е правилно, а што погрешно, одговорен е за моралноста.

Чисто околу теоријава. Не мораш да ја сметаш за валидна и да ја прифатиш, многумина не ја уважуваат. Но со подлабока анализа, може глава да те заболи :)
 
Го ценам трудот кој го вложи за да објасниш но јас апсолутно не можам да ја прифатам теоријава:) .Сметам и дека не е можно да продолжиме да дебатираме на истата со оглед на фактот што јас не сум студент по психологија туку по право:) и немам познавања од тоа поле. Јас на теоријава и пристапив како лаик, и ја толкував според законите на логиката. Самата укажа дека многумина не ја уважуваат, а со тоа веројатно има алтернативни теории, веројатно понормални и пологични...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Го ценам трудот кој го вложи за да објасниш но јас апсолутно не можам да ја прифатам теоријава:) .Сметам и дека не е можно да продолжиме да дебатираме на истата со оглед на фактот што јас не сум студент по психологија туку по право:) и немам познавања од тоа поле. Јас на теоријава и пристапив како лаик, и ја толкував според законите на логиката. Самата укажа дека многумина не ја уважуваат, а со тоа веројатно има алтернативни теории, веројатно понормални и пологични...
Теориите на Фројд се доста контроверзни. Ете како реагираш ти што живееш во ова време, можеш да замислиш какви биле реакциите тогаш, кога прв пат никнала.
Можеби тебе ти нема логика, но теоријава мене ми е многу логична. Ама океј, и мене некои правни ствари ми немаат логика ама сигурна сум дека тебе ти имаат.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Едипов комплекс е збир на љубовни и непријателски чувства кое секое дете ги има за своите родители(сексуалната наклонетост кон родителот од спротивен пол и омраза кон родителот од истиот пол кој детето го доживова како свој соперник).

Кај машките во соништата се јавува желбата сексуално да ја добие мајката,по што му се спротиставува таткото како негов посилен ривал. Како последица се јавува вина,страв од кастрација и на крајот индетификација со таткото со што конфликтот е разрешен.

Кај девојчињата Фројд опишал сличен Електрин комплекс во кој девојчето сексуално се врзува за таткото. При тоа важна улога има нејзиниот однос кон пенисот.

Според Фројд овој комплекс е универзален и секое дете го манифестира во своето детство.
Дали вие се сеќавате на вакво нешто?Дали сте манифестирале едипов или електрин комплекс?
Или тие што веќе имаат деца,дали можеби приметиле ваков комплекс кај нивните дечиња?

Чисто ме интересира дали се согласувате со Фројд,зашто околу оваа негова теорија има многу контраверзии,многу дебати.
многу луѓе се противат на Фројд и на тоа дека човекот ја развива својата сексуалност уште како мало бебе од годинка-две.
па да видам ваши мислења.
Не се согласувам воошто со овие мислења на Фројд.
Мислам дека не е возможно децата да бидат сексуално привлечени од некој од родителите. Не сум психијатер да ја раздолжувам дебатата, но лично не се согласувам со ова.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Не се согласувам воошто со овие мислења на Фројд.
Мислам дека не е возможно децата да бидат сексуално привлечени од некој од родителите. Не сум психијатер да ја раздолжувам дебатата, но лично не се согласувам со ова.
Те пуштам. Претпоставувам не ти е логишно и е ненормално ова што ги викал Фројд.
Може и со потсвеста да не се согласуваш, и со толкување на соништата и со несвесното...
Само барем да кажеш зошто... :)
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Те пуштам. Претпоставувам не ти е логишно и е ненормално ова што ги викал Фројд.
Може и со потсвеста да не се согласуваш, и со толкување на соништата и со несвесното...
Само барем да кажеш зошто... :)
Сметам дека самиот мозок одбива да ги гледа родителите сексуално привлечни поради самото тоа што човек ги гледа неговите родители многу различно од останатите луѓе. Јас барем тргнувам од тоа како јас ги гледам моите родители. Никогаш во животот не сум ја гледал мајка ми на начин како Фројд што опишува дека е можно.
Сметам дека човекот не го гледа своето исто како туѓото, ова е исто како тоа што ќе го сакаш својот каков и да е што и да стори нема да останеш рамнодушен, ова не е така спрема туѓиот.
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907

Епа да, ама ти не си Фројд.
 
Океј, ајде да видиме:

Доказ 1
доказ 2
доказ 3
доказ 4
доказ 5

И да не продолжувам со гуглање затоа што сигурна сум дека ги има многу....
Освен тоа, кој мозок мислиш дека го има дете до 5 години?
Мислиш дека размислува како што размислуваме јас и ти? Децата до кај 2 години не се свесни за своето постоење, се водат на база на инстинкти. Плачат, цицаат...
Објаснив и пред неколку поста дека сексуалната привлечност што Фројд ја објаснува не е онаква ко што ја глеаме ние на 20 + години.

И да ми простиш, ама нема шанса ти да имаш сеќавања на емоции и чувства кога си имал 5 - 6 години, не знаеш дали некогаш си ја гледал мајка ти како сексуален објет или не :)
Можеби сега, како свесно битие нема да ја посакаш мајка ти, ама ќе посакаш некоја што многу те поттсеќа на неа, наликува на неа (т.е на мајка ти на која се сеќаваш како помал) или на некоја шо прави да се чувствуваш безбедно ко што си се чувствувал само со мама..
Природно е :)
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Епа да, ама ти не си Фројд.
Не сум, ама знам како ја гледам мајка ми денес, а Фројд во негово време ако можел да открие како до пет годишен човек ја гледа мајка му, тогаш свака му част.
 
LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Ја прочитав цела тема, Магде благодарам за трпението што го имаш да ги напишеш долгите мислења, и јас сфатив дека како мала секогаш бев приврзана кон мајка ми (израснав со татко и мајка) но 90% од работите што ги правев беа со мама, можеби затоа сум лезбејка. Инаку Магде можам да ти пишам приватна порака да ми разјасниш некои работи?
 
Приврзаноста со мајка ти не би требало да ја определи твојата сексуална определба. Во некои случаеви, хомосексуалноста се појавува како резултат на тоа што мајката е многу доминантна, а таткото е слаба алка во семејството, и поради тоа што не може да се поистоветиме со мама, се поистоветуваме со тато, а тато сака жени.
Има и други фактори кои влијаат на сексуалната определба.

Слободно пиши ми пп во било кое време :)
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
22
Поени од реакции
18
Интересна тема.. имаше еден период кога се занимавав со Фројд и можам да кажам дека за многу работи има право, али и доста многу има залутано.. Значи има голема логика сето тоа.. мислам дека овој едипов кај машките а електрин кај женските се јавуваше во фелусната фаза некаде околу третата до петата година ние како прво не сме ни свесни ви тие почетни години па и затоа се доста погодни за истражување на човечките нагони, доаѓа до целосен израз на либидото, и тоа со оралната фаза каде либидото е насочено кон устата и доколку постои неадекватен однос во оваа фаза можно е да дојде до некои патолошки однесувања во понатамошниот живот, пушење алкохолизам и сл се сеќавам доста логично ми беше додека го читав.. сепак мислам дека до некаде е во право но не и целосно, затоа што мислам дека ни самиот тој не бил целосно убеден во својата теорија.. туку како и би бил целосно убеден.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom