Едипов комплекс

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Simple Oedipus Complex:
•Mom is nice
• I love Mom
•But Dad is in the way
•Kill Dad!
•Uh oh. Dad is mad
•What is the worse that Dad can do?
•Castration!
•I give up. Dad wins.
•Let’s not think about sex for a while
 
Член од
20 март 2013
Мислења
15
Поени од реакции
4
Ако теориите на Фројд се земат за апсолутна вистина, значи дека лезбејките имаат Едипов комплекс а (машки) гејеви Електрин комплекс? Или поради ова современата психијатрија не ги поддржува во целост тие теории?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Ако теориите на Фројд се земат за апсолутна вистина, значи дека лезбејките имаат Едипов комплекс а (машки) гејеви Електрин комплекс? Или поради ова современата психијатрија не ги поддржува во целост тие теории?
Ако се земаа за апсолутна вистина немаше да бидат теории туку ќе беа факти.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.162
Поени од реакции
20.669
Не ти ја разбирам поентата.
Научната теорија е еден вид објаснување, заклучок добиен од еден куп други испитувања, тестови и опсервации. Од сите тие тестови и експерименти, на крај се добиени факти. Фактички, научната теорија е збир од факти.

А теорија во секојдневието значи обично верување и претпоставка.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Не ти ја разбирам поентата.
Поентата ми е дека теориите се факти. Не се здраворазумско размислување на некој човек на кој му текнало. Се релевантни, емпириски и можат да се обзервираат и им се докажува валидноста. Теорија на еволуција не е смешка, теорија на релативноста исто итн.
Додека здраворазумскиот термин за теорија што го користиме во секојдневието е баш она, седнуваш на камен мислиш нешто и си као: еј, ова мора да е така. А у реалност не е, барем додека не се обзервира и докаже дали е така.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.762
Поени од реакции
24.470
Доста честа појава кај македонските мажиња. Особено присутна кај оние кои имаат самохрани мајки. Не знам зошто. Секоја чест на исклучоците!
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Научната теорија е еден вид објаснување, заклучок добиен од еден куп други испитувања, тестови и опсервации. Од сите тие тестови и експерименти, на крај се добиени факти. Фактички, научната теорија е збир од факти.

А теорија во секојдневието значи обично верување и претпоставка.
Поентата ми е дека теориите се факти. Не се здраворазумско размислување на некој човек на кој му текнало. Се релевантни, емпириски и можат да се обзервираат и им се докажува валидноста. Теорија на еволуција не е смешка, теорија на релативноста исто итн.
Додека здраворазумскиот термин за теорија што го користиме во секојдневието е баш она, седнуваш на камен мислиш нешто и си као: еј, ова мора да е така. А у реалност не е, барем додека не се обзервира и докаже дали е така.
Фала ви на двајцата што ми ја објаснивте разликата.
Прилично сум запознаена со темата со оглед на тоа дека имав неколку предмети на факултет за ова.

Како и да е.
Теориите на Фројд се само тоа. Теории.
Како и сите теории на личност во психологијата, без разлика дали станува збор за Фројд, Јунг, Берн, Маслов, Адлер, Скинер, Ватсон... кој и да е психолох/психијатар кој се занимава(л) со 'личноста' на луѓето.

Никој не докажал дека она што тој го збори е вистина па да може да е применето и сите луѓе да го сметаат за вистина.
Не може некој да докаже апсолутна вистина во психологијата, како што некој од областа на математиката може да докаже дека 2+2 се 4, ко прост пример.
Особено Фројд не се занимавал со докажување. Токму напротив.

Да не го заборавиме фактот дека најблискиот следбеник на Фројд - Јунг, не се согласувал со теоријата на Фројд дека првите 6 години од животот на човекот го дефинираат човекот и каков ќе биде подоцна и не се согласувал со Фројд дека се се врти околу сексот.

Исто така, постојат многу теории и терапевтски правци по кои одредени психолози и терапевти се одлучуваат да одат.
Јас изучував трансакциона, која е заснована на теориите на Фројд.

Да не ме разберете погрешно, Фројд бил закон човек и со некои од теориите му се согласувам, можам да ги видам во секојдневен живот и се прилично применливи на општата популација, ама тоа не го менува фактот дека тоа што он го зборел е само теорија.
 
Океј, Магде, јас сум на нешто слично, и теориите на личноста се прилично докажливи. Проблемот е дека некои од теориите и школите даваат резултати кај едни луѓе, другите даваат кај други луѓе, но тоа само ја покажува мултифакторноста на личноста.

И да, добар дел од сите тие ствари кои у тој период не биле докажливи, денес се докажуваат со ЕЕГ, магнетна резонанса и слични хај тек уреди.

Да, пример дел од стварите шо ги кажале биле и грешки кои у тој некој период се сметале за точни, ама подоцна со дополнителни обзервации и експерименти испаднале дека се погрешни.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Океј, Магде, јас сум на нешто слично, и теориите на личноста се прилично докажливи. Проблемот е дека некои од теориите и школите даваат резултати кај едни луѓе, другите даваат кај други луѓе, но тоа само ја покажува мултифакторноста на личноста.
Причината зошто има толку многу теории е затоа што одредени психолози/психијатри не се согласувале со гледиштата на други, се одвоиле и си формирале свои правци со свои следбеници.
Причината зошто “некои од теориите и школите даваат резултати кај едни луѓе, другите даваат кај други луѓе“ е затоа што нема терапевт кои ги знае и применува сите теории кои би ги применил на еден клиент за да види која би дала најдобар резултат.

Не викам дека теориите, општо, не се докажливи. Ама теориите во психологијата се само теории.

Исто така, малце забегавме од тема :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom