Едипов комплекс

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Едипов комплекс е збир на љубовни и непријателски чувства кое секое дете ги има за своите родители(сексуалната наклонетост кон родителот од спротивен пол и омраза кон родителот од истиот пол кој детето го доживова како свој соперник).

Кај машките во соништата се јавува желбата сексуално да ја добие мајката,по што му се спротиставува таткото како негов посилен ривал. Како последица се јавува вина,страв од кастрација и на крајот индетификација со таткото со што конфликтот е разрешен.

Кај девојчињата Фројд опишал сличен Електрин комплекс во кој девојчето сексуално се врзува за таткото. При тоа важна улога има нејзиниот однос кон пенисот.

Според Фројд овој комплекс е универзален и секое дете го манифестира во своето детство.
Дали вие се сеќавате на вакво нешто?Дали сте манифестирале едипов или електрин комплекс?
Или тие што веќе имаат деца,дали можеби приметиле ваков комплекс кај нивните дечиња?

Чисто ме интересира дали се согласувате со Фројд,зашто околу оваа негова теорија има многу контраверзии,многу дебати.
многу луѓе се противат на Фројд и на тоа дека човекот ја развива својата сексуалност уште како мало бебе од годинка-две.
па да видам ваши мислења.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Фројд и самиот го поседувал Едиповиот комплекс.
еве дел од мојот проект за него.

Низ само-анализата, тој го осознал непријателството кој тој го имал кон својот татко (Јакоб Фројд), и „тој исто така се сетил на своите детски сексуални тенденции кон својата мајка (Амалија Фројд), која била топла, привлечна и заштитнички настроена“. Се смета дека овој период е најпродуктивниот период од Фројдовата кариера.
 
ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Не, ама за мајките на другарите да. :pipi: Мајтап, нормално :wink:

Озбилно сега.
Не е нешто ново овој комплекс, ама според мене е една од најгнасните работи што постојат, после педофилијата.

Ме интересира, од психолошка гледна точка, кои се причините за појавување на Едиповиот комплекс. :helou:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин

Не е гнасно бидејќи не мора да значи дека има инцест ако има ЕК а причините за појавување се нормални, се појавува околу 5-тата година од животот, детето чувствува страст и подсвесно во себе му зборува на својот родител од спротивен пол - Јас би сакал да водам љубов со тебе, доволно сум возрасен за тоа..... но кога нормално нема ништо од тоа да се случи детето се уморува од таа страст и се ослободува од неа. Доколку тоа не се случи, доколку не биде разрешен тој ЕК уште на таа возраст, на тоа дете, момче, човек и секако обратно, спротивен пол, понатаму ќе им биде тешко во животот, ќе имаат проблем со откажување од многу работи во својот живот кога ќе треба тоа да го направат, болно ќе се врзуваат за партнерот, може и да бараат партнер кој е слика и прилика на нивниот родител од спротивен пол, ментално пред се. За ова читав од книгите на Мајкл Пек, и се согласувам, и тој ги опишува тие луѓе како понапнати и понервозни како најочигледен симптом, а тој ЕК мошне лесно и успешно може да го одстрани психијатар доколку носителот е спремен и сака да се соочи со тоа. После успешниот третман, ослободените едиповци беа многу поопуштени и посреќни, - пишуваше Пек, Бог да го прости.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Ме интересира, од психолошка гледна точка, кои се причините за појавување на Едиповиот комплекс. :helou:
на таа возраст единствен узор за детето се токму неговите родители,сексуалноста на секое дете се развува токму во тој период,па највероватно од таму и потекнува.

подсвесно во себе му зборува на својот родител од спротивен пол - Јас би сакал да водам љубов со тебе, доволно сум возрасен за тоа.....
кај едиповиот комплекс не се појавува никаков говор,сето тоа се манифестира во соништата и во потсвеста на малото дете,кај кое се јавува желбата сексуално да ја има мајката,затао и таткото го гледа како свој најсилен можеби и единствен ривал,но подоцна бидејќи таткото секако е поселен од малото дете(психички посилен) детето се поистоветува со ривалот и едиопвиот комплекс исчезнува.
можеби од таму е и она дека мајката е склона кон машкото дете,а таткото кон женското.
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
Ako sakaat nekoi filozofija vo Vrska so eEdip ima eden prilepski izraz koj veli - si nemal Gjaolo rabota pa si gi "onade"l decata! Filozofskoto ime na E dip soodvestuva so prilepskiot izraz za E Dip {to znaci E DIV tutun nekastren, nikakov , a ti sto ne svatile deka ima nekasterni raboti se zanimavaat so gomanariite na filozofite t.e. so E DIP i negovite problemi t.e. so EDIP!
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Па, ако тргнеме од тврдењето на Фројд дека сексуалноста кај детето почнува да се развива од самото раѓање, тогаш не е изненадувачки машко дете да се врзе со мајка му, со оглед на тоа што таа е првата (во некои случаи и единствената*) жена со која се зближил на секој начин, што би можело потенцијално да доведе до едипови чувства кај детето.

На крајот на краиштата, Едиповиот комплекс може да се сфати во поблага форма, односно во смисла на тоа дека мајката како прва во ланецот на социјални односи и меѓучовечка блискост за малото дете претставува пример, модел, детето (кое сеуште е премалку свесно за било што) ја воздигнува, кај него буди восхит, ја смета за се` нај зошто му е мајка, па од тука потекнува таа приврзаност кај машките деца со мајките.
Сакам да кажам, не мора да се сфати толку екстремно во смисла сексуално се возбудува детето од помислата на мајка му, туку повеќе во поблага некоја смисла, нешто како прва платонска љубов кон својата мајка, не толку сексуално (зошто уште не е развиено детето) колку емоционално застапена, додека детето е премногу мало да расудува, да ги спознае нештата итн.

*Го спомнав ова зошто сум приметила дека машките деца (па и понатаму кога се возрасни) кои пораснале без сестра, баба итн, односно во услови без друга женска фигура во тесното семејство, освен мајка им, се многу поприврзани за мајката, поблиски со неа. Истото важи и за децата што пораснале без татко, со само еден родител, и тоа женскиот.

А што се однесува до женските деца, или барем до мене лично, секако дека не сум забележала електрин синдром додека растев, зошто и самата кажа дека е потсвесен и се јавува во соништата, па и да сум, не би знаела не ли :) Ама се сеќавам дека бев поприврзана со татко ми отколку со мајка ми и дека во еден предпубертетски период ми беше узор, модел, се огледував на него и при детските игри со улоги на мојот замислен маж секогаш му давав некои карактеристики на татко ми.

Веројатно ова е тој благ степен на електрин синдром, сепак не толку екстремен како што е прикажан кај Фројд.
 
ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Не е гнасно бидејќи не мора да значи дека има инцест ако има ЕК а причините за појавување се нормални, се појавува околу 5-тата година од животот, детето чувствува страст и подсвесно во себе му зборува на својот родител од спротивен пол - Јас би сакал да водам љубов со тебе, доволно сум возрасен за тоа..... но кога нормално нема ништо од тоа да се случи детето се уморува од таа страст и се ослободува од неа. Доколку тоа не се случи, доколку не биде разрешен тој ЕК уште на таа возраст, на тоа дете, момче, човек и секако обратно, спротивен пол, понатаму ќе им биде тешко во животот, ќе имаат проблем со откажување од многу работи во својот живот кога ќе треба тоа да го направат, болно ќе се врзуваат за партнерот, може и да бараат партнер кој е слика и прилика на нивниот родител од спротивен пол, ментално пред се. За ова читав од книгите на Мајкл Пек, и се согласувам, и тој ги опишува тие луѓе како понапнати и понервозни како најочигледен симптом, а тој ЕК мошне лесно и успешно може да го одстрани психијатар доколку носителот е спремен и сака да се соочи со тоа. После успешниот третман, ослободените едиповци беа многу поопуштени и посреќни, - пишуваше Пек, Бог да го прости.
Добро, ама јас зборав за случај каде навистина доаѓа до инцест. Тоа веќе е изопачено. :tapp:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Добро, ама јас зборав за случај каде навистина доаѓа до инцест. Тоа веќе е изопачено. :tapp:
се работи за дете од 2-5 години,шансите дете да има секуалн однос на оваа возраст се никакви,шансите да има одност на оваа возраст со родител не невозможни.
 
mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Од секогаш сум била поприврзана со татко ми. Еднаш како помала (средно кога бев) имам сонувано како сум имала односи со татко ми и кога се разбудив бев згрозена и уплашена. Знам дека соништата ја отсликуваат нашата потсвест, но ваљда не сум некој изрод, тоа било производ само на тоа дека му се восхитувам на татко ми и идеалниот партнер сум го гледала како него. :toe:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
кај едиповиот комплекс не се појавува никаков говор,сето тоа се манифестира во соништата и во потсвеста на малото дете,кај кое се јавува желбата сексуално да ја има мајката.
Секако Магде, тоа е подсвесно, без зборови, само така би звучеле тие подсвесни емоции кога би можеле да бидат изречени.

П

А што се однесува до женските деца, или барем до мене лично, секако дека не сум забележала електрин синдром додека растев, зошто и самата кажа дека е потсвесен и се јавува во соништата, па и да сум, не би знаела не ли :) Ама се сеќавам дека бев поприврзана со татко ми отколку со мајка ми и дека во еден предпубертетски период ми беше узор, модел, се огледував на него и при детските игри со улоги на мојот замислен маж секогаш му давав некои карактеристики на татко ми.

Веројатно ова е тој благ степен на електрин синдром, сепак не толку екстремен како што е прикажан кај Фројд.
Сомнителни се оние женски што се врзуваат за многу постари мажи а тоа го правдаат како да се они премногу зрели за своите врсници, или нивните врсници не се доволно зрели за нив а којзнае што се крие зад тоа :) но не мора да значи.

Добро, ама јас зборав за случај каде навистина доаѓа до инцест. Тоа веќе е изопачено. :tapp:
Аха. Психолошкото објаснување зошто не смее да има инцест е дека родителите треба да му помогнат на своето дете да се осамостои, да стане независно, а инцестуозните врски се препрека на тој пат и доведуваат до ненормално однесување.
 
аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
јас па имам разбрано дека едиповиот комплекс после образложението на Фројд е дополнително разглобен и продлабочен
имено под едипов комплекс сега спаѓа и она: „ја замислувам својата идна жена како домаќика како мама“. тука не спаѓа само сексуалноста туку и секојдневното решавање на проблемите, однесувањето и поведението на мајката (знаеме дека мајката е скоро секоаш наклонета на детето, па тоа одење по газот ствара такви индиции) и голема улога игра тоа што мајката е поактивна дома и поприсутна во животот на децата (до 10 години, после тоа мислам декае патолошки)
одамна немам читано за ова ама ако ја најдам книгата во куповите книги на тато ке постирам поголем дел а можеби и слика од страница ама ништо не ветувам:smir:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ова е од "Сексуална теорија во 3 расправи" од Фројд. Ме натера да размислувам на оваа тема многу... Тој исто така тврди дека мајката е прв сексуален објект на детето со тоа што го дои... :nesvest: На инфантилната сексуалност ние не се ни сеќаваме... Затоа не би можела со сигурност да тврдам дека сум имала или не Едипов комплекс. Мислам дека тој Едипов комплекс е повоочлив во подоцнежниот адолесцентен период, кога сеуште несозреаната, несигурна и недооформена личност, бара модел на партнер, каков што гледала дома и кого го смета за идеал.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
У пм ... се уште не се појавило ова кај мене ... *Фјух* ... Се надевам и дека нема ... хаха
па не може допрва да се појави,зашто овој комплекс се појавува кај мали деца,сето тоа е несвесно,и нормално.но може да биде одлучуачки за понатамошниот живот на индивидуата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom