Едипов комплекс

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.789
Верувам дека постои пореметување од типот на Едипов комплекс, ама во глава не ми влегува дека секое дете минува низ него како низ фаза од развојот. Што напори направив да се присетам на вакво чувство, ама, ништо:toe: Сигурно сум утнала нешто низ растењето, ме прескокнал Едиповиот комплекс.
Помош, јас сум фрик!!!!!!!!!!!!!!:pos2:
Треба нешто да постои па за да те прескокни, јас досега не видов конкретни докази за постоење на Едиповиот комплекс.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019

Ти не глеаш докази за постоењето на психологијата воопшто.Зашто би гледал за едипот?!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.789
Ти не глеаш докази за постоењето на психологијата воопшто.Зашто би гледал за едипот?!
Па никој не ми докажал со конкретни докази,еве ако ми докажи јас витешки ќе го признаам тоа и ќе се извинам пред сите тука.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
bucio, би те замолила да прекинеш да ја полниш темава со идентични барања за некои докази. Непотребно е и станува заморно.
Ако сметаш дека си доволно компетентен да негираш авторитет како Фројд, повели, со факти и одржано негирај ја неговата теза.

Продолжете со дискусијата.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.789
bucio, би те замолила да прекинеш да ја полниш темава со идентични барања за некои докази. Непотребно е и станува заморно.
Ако сметаш дека си доволно компетентен да негираш авторитет како Фројд, повели, со факти и одржано негирај ја неговата теза.

Продолжете со дискусијата.
Знам дека е заморно посебно за човек кој што мора се да чита на подфорумов.Ама не негирам јас, не можи да го негираш нешто што постои (психијатрија и психологија), туку барам да ми се докажи тоа што се тврди (Едипов комплекс).Добро ќе ја одморам малку темава дури не се разгори дискусијата.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
bucio, би те замолила да прекинеш да ја полниш темава со идентични барања за некои докази. Непотребно е и станува заморно.
Ако сметаш дека си доволно компетентен да негираш авторитет како Фројд, повели, со факти и одржано негирај ја неговата теза.

Продолжете со дискусијата.
Ако е Фројд некаков авторитет, значи ли дека е точно се` што тој некогаш кажал или напишал? А и како се негира со факти нешто што е теза без факти? Како што тој мислел дека Едиповиот комплекс се појавува кај секое дете, јас мислам дека не е така. Тој нема факти, немам ни јас, па само затоа што е Фројд, не значи дека ќе паднам на тоа без да промислам и си креирам свое мислење, врз мои искуства, од себе или од децата околу мене.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Но тоа е Фројд... тоа е ум признаен од планетата и историјата. Тоа не е момче повлечено во себе кое прочитало неколку книги и се разликува по верското учење од другарчињата, тоа е човеко кој вршел истражувања и го посветил животот на филозофијата. Можеби бил мочко како дете, но резултатите кои ги оставил се авторитетни и непобивливи. Фројд е. Како да кажеш дека Ајнштајн не е во право за E=Mc2 само затоа што ни изгледа нелогично или чудно по формула. :toe: Но, кој го побива Фројд, се вика NEBO666.
 
Равенките од Ајнштајн се мерливи, пресметливи, докажливи, кажи ми ти некоја равенка од Фројд со која што можам да пресметам нешто.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Равенките од Ајнштајн се мерливи, пресметливи, докажливи, кажи ми ти некоја равенка од Фројд со која што можам да пресметам нешто.
Извини што вака ќе ти се обратам но... досаден си ко СДСМ.

Тоа е синко теорија, психолошка теорија, и се базира на истражување на еден научинк, како што бил Фројд. Тој ги поднел резултатите од неговото истражување каде X процент од испитаниците утврдил дека вака и вака размислуваат и констатирал тоа и тоа. Има илјадници психолошки тестови. Во некои од нив ти даваат навидум наједноставни задачи кои докторот ќе го наведат на заклучок за кој ти нема да имаш поим. Но тоа не значи дека не се во право само затоа што ти не си приметил дека си играат со тебе и те лажат.

На крајот на краиштата, сеуште можеш да тврдиш и дека земјата е плоча, никој нема да ти рече нешто, твое убедување.

п.с. Ти дај ми равенка со која ќе пресметаш среќа.
 
Теорија-Мислење или претпоставка според речникот од Зозе Мургоски.Значи се предпоставува дека тоа нешто е вистинито, и дајте нешто од тоа истражувањата со конкретни бројки, статистика оти сето ова ќе остани на теорија.Ако се смеам барем еднаш во три дена тогаш јас сум среќен човек.Е сега ова не важи ако има некоја трагедија која што ме погаѓа лично мене, тогаш нормално е да сум несреќен.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Штета што не можете да посматрате мало дете со едипов комплекст.

Имено,дома ми се мота едно малечко од 4 годинки.Кога некој(на шала секако) ќе каже нешто лошо за татко и,го брани како лавица што си ги брани малечките од хиените..
Но(!!) кога некој (пак на шала) ќе каже нешто лошо за мајка и,не ретко се случува да докаже уште некој лош збор..
Потипичен пример за едипов комплекс,здравје..
Не знам секако какви мисли и се моткаат низ глава,не верувам дека не ја сака мајка и,сепак мајка и е.Но целата ситуација е мошне занимлива.
 
:smir::smir::smir::smir::smir: Магде и јас како дете бев посебно приврзан за мајка ми и повеќе ја сакав (не како Едип), затоа што татко ми беше тежок авторитетен човек со кој многу не се сложував.Ете затоа бев приврзан повеќе кон мајка ми, а не заради Едиповиот комплекс.
 
ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Штета што не можете да посматрате мало дете со едипов комплекст.

Имено,дома ми се мота едно малечко од 4 годинки.Кога некој(на шала секако) ќе каже нешто лошо за татко и,го брани како лавица што си ги брани малечките од хиените..
Но(!!) кога некој (пак на шала) ќе каже нешто лошо за мајка и,не ретко се случува да докаже уште некој лош збор..
Потипичен пример за едипов комплекс,здравје..
Не знам секако какви мисли и се моткаат низ глава,не верувам дека не ја сака мајка и,сепак мајка и е.Но целата ситуација е мошне занимлива.
Знаеш не мораш да објаснуваш едноставно знаеме дека постои а оној што не верува слободно нека појди во библиотека и нека побара таму се што имаат за детска психологија барем јас така најдов...
Знаеш не верував кога ја видов темава ама ме јадеше јанѕа и морав да проверам и оп вистина...
И сега ми иди да се обесам али тоа еден минлив период кој мора да се помини доколку детето е со правилен сексуален нагон(мислам да кажам не хомо)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Теорија-Мислење или претпоставка според речникот од Зозе Мургоски.
Зозе е тапанар жив, ама дефиницијата е на место, што е проблемот не знам. Ти реков и ќе ти повторам, не мора да се сложиш со ништо на светот, ни со оваа теорија.
bucio напиша:
Магде и јас како дете бев посебно приврзан за мајка ми и повеќе ја сакав (не како Едип), затоа што татко ми беше тежок авторитетен човек со кој многу не се сложував.Ете затоа бев приврзан повеќе кон мајка ми, а не заради Едиповиот комплекс.
Токму тоа е теоријата на Фројд, колку пати да повторуваме. Мајката на синот му нуди нешто што татко му не може. Татко му е едноставно не му е доволно привлечен. Спротивно е примерот со ќерката. И сега, знам дека ти е тоа гадно, ама да те потсетам за ТЕОРИЈАТА, која вели дека најжестоките противници на хомосксуалноста, се и најголеми хомосексуалци. :wink:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.789
Зозе е тапанар жив, ама дефиницијата е на место, што е проблемот не знам. Ти реков и ќе ти повторам, не мора да се сложиш со ништо на светот, ни со оваа теорија.

Токму тоа е теоријата на Фројд, колку пати да повторуваме. Мајката на синот му нуди нешто што татко му не може. Татко му е едноставно не му е доволно привлечен. Спротивно е примерот со ќерката. И сега, знам дека ти е тоа гадно, ама да те потсетам за ТЕОРИЈАТА, која вели дека најжестоките противници на хомосeксуалноста, се и најголеми хомосексуалци. :wink:
:icon_lol: Добра е и оваа теорија друже, ама што да правам кога не ме влече, не ме влече, тоа ти е иако сум жесток противник :icon_lol:.Инаку сакам јавно да се извинам ако со моите постови навредов некого не ми беше тоа целтта.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom