Еден симнат филм може да ве однесе во затвор

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Петок, 07 Септември 2012 12:33
Споделете ја веста со Вашите пријатели
Во текот на три години истражување, научниците од британскиот Универзитет во Бирмингем заклучија дека оние кои „симнуваат“ најпопуларни содржини ќе бидат евидентирани во рок од три часа. Проверувани се и корисниците кои симнуваат помалку популарни содржини, но нив поретко ги проверуваат .
Истражувањето покажало дека корисниците кои сега почнале со „симнување“ се еднаква опасност како и оние кои со тоа се занимаваат подолго време. Ако некои „симнат“ само еден филм, исто така, ќе бидат евидентирани.
Научниците развиле посебен софтвер кој се однесува како програма за торент и потоа следеле кој се на него се спојува. Така откриле дека „симнувањето“ го следеле десетина различни фирми за следење, од кои само помалиот дел отпаѓа на Организацијата за заштита на авторски права, безбедносни фирми и други истражувачи.
Шест фирми кои во следењето биле најактивни, било најтешко да се идентификуваат затоа што за пребарување користеле други компании за хостинг. Истражувањето покажало дека не е јасно за што се користат тие големи количини податоци, додавајќи дека многу компании чуваат податоци затоа што би можело да се покаже корисно во иднината.
Истовремено трае спорот и во дискографијата. Дискографските куќи се жалат дека илегалното „симнување“ музика по пат на торент им ја уништува работата, но истражувањето на Роберт Хемонд, професор од американскиот Универзитет во Северна Каролина, покажало спротивно. Не само дека торент не штети на успешната продажба на музиката, туку и ја подобрува.
Професорот меѓу мај 2010 и јануари 2011 година собирал статистики за „симнување“ по пат на торент од најголемата страница со торентите посветени на музиката и ги споредил со податоците за продажба - за да направи модел кој го предвидува ефектот од пиратеријата на продажбата.
Примерокот вклучува 1.095 албуми и 1.075 уметници, а истражувањето е фокусирано на албуми кои „протекле“ пред официјалното пуштање во продажба. Резултатите биле изненадувачки, затоа што Хемонд не успеал да пронајде негативна последица од „симнување“ музика на продажбата на албумите. Открил дури зголемување на продажбата - „истекување“ на албум еден месец однапред резултирало подоцна со 59,6 отсто повеќе продадени примероци.
Истражувањето покажа и тоа дека популарните изведувачи повеќе профитираат од илегалното „симнување“ отколку од оние помалку познатите. Хемонд наведува интересно објаснувње за овој феномен. Според него, пиратеријата е облик на огласување, слично како кога песната се емитува на радио или спот на телевизија, а повеќе симнувања доведуваат до зголемување на продажбата.
Претходните истражувања, кои покажале дека „симнувањето“ по пат на торент и штети на продажбата, тврди Хемонд, не користеле така прецизни статистики за симнувањето албуми како што користел тој.
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
:facepalm:

Кај нас ова нема да проработи уште десеттина години најмалку. Мислам, следењето на оние кои што симнуваат илегални содржини од торенти и како резултат на тоа да завршат во затвор.

Булшит.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.743
Поени од реакции
7.557
Еј топ, уште една неартикулирана вест во Македонскиот медиумски простор.
Уште една непороверена приказна.
Се прашувам дали овој пат е користен Google translate?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Заклучија дека ќе бидат евидентирани? А?

Веста или е глупаво преведена или е кромид.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Бла, бла, бла.. во сите случаи кои се воделе против обични луѓе кои симнувале заштитени содржини било откриено дека тие ги споделувале содржините, односно или биле оригиналните uploaders, или биле "сејачи" (seeders).

Ако сте исплашени дека ќе бидете фатени и казнети, одвојувате по 5-10 евра месечно за VPN провајдер кој нема ограничување на содржините што проаѓаат низа неговата мрежа, или пак за Usenet.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.743
Поени од реакции
7.557
Бла, бла, бла.. во сите случаи кои се воделе против обични луѓе кои симнувале заштитени содржини било откриено дека тие ги споделувале содржините, односно или биле оригиналните uploaders, или биле "сејачи" (seeders).

Ако сте исплашени дека ќе бидете фатени и казнети, одвојувате по 5-10 евра месечно за VPN провајдер кој нема ограничување на содржините што проаѓаат низа неговата мрежа, или пак за Usenet.
Или во мојот случај, договорот не е склучен на мое име, динамичка ми е ip адресата(мак ја делам со уште 6 уреди). Оди докажи дека јас сум симнувал/качувал.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.306
Поени од реакции
3.043
хахахах ова го имаат земено од редит....и веста е иначе дека евидентирани сме дека сме симнале торент а не дека ќе иде некој у затвор :facepalm:
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Ама е лошо напишано ... плус тоа врувате на МК „медиуми “ и ФБ портали ? :S
 

Kajgana Shop

На врв Bottom