Еден Господ, една религија ?

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Здраво форумџии. Човештвото е поделено во многу аспекти, едно од поголемите разидувања е во поглед на религијата. Христијанството проповеда дека Господ го создал светот и Човекот. Исламот вели Алах го создал Човекот, Хиндуизмот вели Брама е врховниот креатор, атеистите велат дека целокупното постоење е случајност. Значи, сите религии веруваат во Еден возвишен Креатор, само имаат различни имиња за Него. Самиот Атеист е Човек што значи, без разлика дали верува во постоењето на Бог од него е создаден. Низа од прашања : Дали сите веруваме во Еден ист Бог кој го создал Човекот ? Ако не, дали постојат повеќе Богови ? Дали се согласуваме дека сите сме создадени од Господ, Алах, Вишну, Брама те. секој еден од нас е создаден од Еден ист креатор без разлика како ќе го наречеме ? Понатаму големите луѓе Исус, Мухамед и Буда учат на вистинскиот пат до Него, чист живот без лаги, пороци и страдање и постоење на Еден Бог. И сега, како е можно во тој Еден и единствен за сите Бог да веруваме сите на различен начин ? Дали постои единствен вистински начин да стигнеме до нашиот Креатор, начин кој ќе го обедини човештвото ? Дали има смисла во постоењето на повеќе религии или постои една вистинска религија која е иста за сите ? Возможно ли е да постои верување кое ќе го обедини човештвото и ќе овозможи мир за сите нас ... Еден Господ, една религија ?
Хитлер сакал своевремено „мир“ преку „Ein volk, ein reich, ein furher...“.... и заврши у ќенефот на историјата..
Вакви лудории се типични за религијата и секоја друга религиозно-идеолошка матрица...

Кога ќе ги натераш сите муслимани да станат христијани, и обратно.. јави ми се... Впрочем, кој ќе одлучи која религија да биде „една“?

Глупости на квадрат...

Пре би рекол, спреми се во свет без религии... оти сакал нејќел, тоа реално ти се ближи...

поздрав...
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.

Хитлер сакал ...
.

Да, но хитлер бил отелотворување на спротивното од она што Христос е’ (дури и од она што Тито во тоа време бил) !

Вистинската Љубов е Единствената Вистинска Религија, без Која нее можно вистинско постоење и живеење!



-

Се’ додека човекот и човештвото вистински и суштински не се разбуди за Темелот на постоењето, Кој е Љубовта БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - вистинското Единство, Братство и Сестринство, ... вистински и суштински не е возможно, исто како што нее ни возможен вистинскиот мир!



Сите вистински патишта, водат во Совршениот Пат
Таму БОГ е Отецот и Мајката, а секој секому е сестра, или брат!




.



...
Кога ќе ги натераш сите муслимани да станат христијани, и обратно.. јави ми се... Впрочем, кој ќе одлучи која религија да биде „една“?

...

.
Духовно глувиот и слепиот човек (без разлика дали тој себеси се наречува јудеец, христијанин, муслиманин, будист, хиндуист, хуманист, комунист, атеист, ...) никогаш неможел и никогаш не ќе може да Ја види Единствената Вистина!



За МИЛОСТА БОЖЈА, за ХРИСТА
јас сакам само да знам
За Неговата безкрајна ЉУБОВ
За Неговиот Совршен Ислам!


.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
.
Тоа е точно така, но дури иако тргнам по погрешен пат, дури и ако врвам во долината на сенката, дури и да станам талбанец, ...
немора да значи дека е се’ изгубено, бидејќи БОЖЈАТА Љубов и Мудрост е бескрајно поголема од моето слепило и ум!



.

Сликата подолу е Рембрандтовата >> Враќањето на изгубениот син << според Ев. Лука 15:11+
...
Примерот со блудниот син е потврда за ова што го напишав предходно, дека ако тргнеш по пат различен од оној кај што те испратил Бог ќе згрешиш. Но бидејќи Божјата љубов е безкрајна пак го врати блудниот син од кај што тргна, го врати да види дека различните патишта се опасни и само покајувањето и враќањето на стариотот пат е води кон спасение. Не сомневајте во патот кај што ве испратил Бог врвете по него тој ќе ве води.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Примерот со блудниот син ...
.

Си знаел дека во текстот всушност никаде (буквално) не се споменува заборот блуд?
Што секако незначи дека изгубениот син и не блудничел, ...

.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Gluposti....somnevaj, prouchi go i sam kje vidish deka toj e pravedniot...
Ако се сомневаш во патот кај што те испратил Бог ти значи се сомневаш во Бога. А каква е таа вера и љубов кон Бога кога се сомневаме во него. Само непоколеблива вера кон Бога ја носи вистинската среќа.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Ако се сомневаш во патот ...
Ти секако дека имаш право, брат!
Но, ако се посомневаш во Патот и БОГА а доследно и консеквентно Го бараш, тогаш ќе најдеш дека од одамна си најден и ќе увидиш дека твојот сомнеж бил потполно неоснован и грешен.
Тогаш - меѓу другото - може да ти се случи она што му се случи и на изгубениот син од Ев.Лука 15:11+ .

Што мислиш? За кој од двајцата синови (малку) повеќе биеше Татковото Срце?
За тој што се посомнева па се врати, или за тој што не се посомнева, беше цело време со Него, но поради Неговата Милост (Благодат) се огорчи и посомнева во Татковата Праведност?


Поздрав

.
 
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
Здраво форумџии. Човештвото е поделено во многу аспекти, едно од поголемите разидувања е во поглед на религијата. Христијанството проповеда дека Господ го создал светот и Човекот. Исламот вели Алах го создал Човекот, Хиндуизмот вели Брама е врховниот креатор, атеистите велат дека целокупното постоење е случајност. Значи, сите религии веруваат во Еден возвишен Креатор, само имаат различни имиња за Него. Самиот Атеист е Човек што значи, без разлика дали верува во постоењето на Бог од него е создаден. Низа од прашања : Дали сите веруваме во Еден ист Бог кој го создал Човекот ? Ако не, дали постојат повеќе Богови ? Дали се согласуваме дека сите сме создадени од Господ, Алах, Вишну, Брама те. секој еден од нас е создаден од Еден ист креатор без разлика како ќе го наречеме ? Понатаму големите луѓе Исус, Мухамед и Буда учат на вистинскиот пат до Него, чист живот без лаги, пороци и страдање и постоење на Еден Бог. И сега, како е можно во тој Еден и единствен за сите Бог да веруваме сите на различен начин ? Дали постои единствен вистински начин да стигнеме до нашиот Креатор, начин кој ќе го обедини човештвото ? Дали има смисла во постоењето на повеќе религии или постои една вистинска религија која е иста за сите ? Возможно ли е да постои верување кое ќе го обедини човештвото и ќе овозможи мир за сите нас ... Еден Господ, една религија ?
Зошто си ми го украл/а никнемојт???? :(((
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако се сомневаш во патот кај што те испратил Бог ти значи се сомневаш во Бога. А каква е таа вера и љубов кон Бога кога се сомневаме во него. Само непоколеблива вера кон Бога ја носи вистинската среќа.
А од каде идејата дека има само еден пат? Дали до скопје има само еден пат?
Што ако мојот пат се разликува од твојот, а сепак водат до истата цел? Дали некогаш сте размислиле дека постои и таа алтернатива и дека не треба да се карактеризира како погрешен концептот на останатите? Дали ти можеш да влезеш во нечија кожа и да знаеш што мисли некој кога ќе каже "Бог"?
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Па моето е поправилно! :D

-

Е сега заличи на книжник, кој се грапчи за буквата, ... :D

Siddharta, ме интересира дали си знаела и дали знаеш дека - без разлика на различни букви, перцепции и инерпретации - сепак има само Една Единствена Совршена Цел и Еден Единствен Совршен Пат, Кој што води до Неа?


.
 
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
-

Е сега заличи на книжник, кој се грапчи за буквата, ... :D

Siddharta, ме интересира дали си знаела и дали знаеш дека - без разлика на различни букви, перцепции и инерпретации - сепак има само Една Единствена Совршена Цел и Еден Единствен Совршен Пат, Кој што води до Неа?


.
Тоа е. :D

Знам, но, јас сум така потпишана поради книгата на Хесе.
Како и да е, за мене никогаш нема една апсолутна вистина или цел.
Тој осврт е многу математички или физички.
Јас секогаш на работите гледам од двете страни, оти вистината и нештата имаат два или повеќе осврти. :)
А која е твојата цел? Вечно чезнеење во текот на животот кон Бога?! А, по смртта допир со него и влез во рајската градина?!

И немам намера да критикувам или исмевам, но сакам одговор. :)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
А од каде идејата дека има само еден пат? Дали до скопје има само еден пат?
Што ако мојот пат се разликува од твојот, а сепак водат до истата цел? Дали некогаш сте размислиле дека постои и таа алтернатива и дека не треба да се карактеризира како погрешен концептот на останатите? Дали ти можеш да влезеш во нечија кожа и да знаеш што мисли некој кога ќе каже "Бог"?
Значи јас не сум напишал дека постои еден пат. Напротив ако ми ги прочиташ предходните постови ќе видиш дека напишав дека религиите се различен пат до Бога. Но ако си роден во христијанско семејство значи Бог решил дека за тебе нај добар ќе биде христијанскиот пат. А ако ти го смениш значи се сомневаш во Бог.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Ниту еден бог ниту една религија!


А религиозните може да се истребат меѓу себе до еден... не ги допирајте другите! ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom