MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
Хитлер сакал своевремено „мир“ преку „Ein volk, ein reich, ein furher...“.... и заврши у ќенефот на историјата..Здраво форумџии. Човештвото е поделено во многу аспекти, едно од поголемите разидувања е во поглед на религијата. Христијанството проповеда дека Господ го создал светот и Човекот. Исламот вели Алах го создал Човекот, Хиндуизмот вели Брама е врховниот креатор, атеистите велат дека целокупното постоење е случајност. Значи, сите религии веруваат во Еден возвишен Креатор, само имаат различни имиња за Него. Самиот Атеист е Човек што значи, без разлика дали верува во постоењето на Бог од него е создаден. Низа од прашања : Дали сите веруваме во Еден ист Бог кој го создал Човекот ? Ако не, дали постојат повеќе Богови ? Дали се согласуваме дека сите сме создадени од Господ, Алах, Вишну, Брама те. секој еден од нас е создаден од Еден ист креатор без разлика како ќе го наречеме ? Понатаму големите луѓе Исус, Мухамед и Буда учат на вистинскиот пат до Него, чист живот без лаги, пороци и страдање и постоење на Еден Бог. И сега, како е можно во тој Еден и единствен за сите Бог да веруваме сите на различен начин ? Дали постои единствен вистински начин да стигнеме до нашиот Креатор, начин кој ќе го обедини човештвото ? Дали има смисла во постоењето на повеќе религии или постои една вистинска религија која е иста за сите ? Возможно ли е да постои верување кое ќе го обедини човештвото и ќе овозможи мир за сите нас ... Еден Господ, една религија ?
Вакви лудории се типични за религијата и секоја друга религиозно-идеолошка матрица...
Кога ќе ги натераш сите муслимани да станат христијани, и обратно.. јави ми се... Впрочем, кој ќе одлучи која религија да биде „една“?
Глупости на квадрат...
Пре би рекол, спреми се во свет без религии... оти сакал нејќел, тоа реално ти се ближи...
поздрав...