Здраво форумџии. Човештвото е поделено во многу аспекти, едно од поголемите разидувања е во поглед на религијата. Христијанството проповеда дека Господ го создал светот и Човекот. Исламот вели Алах го создал Човекот, Хиндуизмот вели Брама е врховниот креатор, атеистите велат дека целокупното постоење е случајност. Значи, сите религии веруваат во Еден возвишен Креатор, само имаат различни имиња за Него. Самиот Атеист е Човек што значи, без разлика дали верува во постоењето на Бог од него е создаден. Низа од прашања : Дали сите веруваме во Еден ист Бог кој го создал Човекот ? Ако не, дали постојат повеќе Богови ? Дали се согласуваме дека сите сме создадени од Господ, Алах, Вишну, Брама те. секој еден од нас е создаден од Еден ист креатор без разлика како ќе го наречеме ? Понатаму големите луѓе Исус, Мухамед и Буда учат на вистинскиот пат до Него, чист живот без лаги, пороци и страдање и постоење на Еден Бог. И сега, како е можно во тој Еден и единствен за сите Бог да веруваме сите на различен начин ? Дали постои единствен вистински начин да стигнеме до нашиот Креатор, начин кој ќе го обедини човештвото ? Дали има смисла во постоењето на повеќе религии или постои една вистинска религија која е иста за сите ? Возможно ли е да постои верување кое ќе го обедини човештвото и ќе овозможи мир за сите нас ... Еден Господ, една религија ?