И Зоки Поки да му ја читаш на човекот, исто ќе реагира.
Мозокот е навистина комплексен орган со многу функции. Нашето движење, расположение, свест, чувства... сè е под негова контрола. Овие функции зависат од комуникацијата помеѓу невроните, односно испраќањето на електрични сигнали помеѓу невроните. Доколку невронската активност е нарушена или доколку се испратат повеќе сигнали одеднаш, иде до напади кои се манифестираат на начин како што гледаш на видеото.
Причините се различни, зависи дали се работи за симптоматична или идиопатска епилепсија (не мора да биде епилепсија, постојат многу видови нарушувања проследени со напади).
Исто така, има различни видови напади. Секој напад со автоматизми карактеристични за него, во зависност од тоа кој лобус на мозокот е зафатен. Така да, човекот може и да вика, и да се смее, и да плаче, да се грчи, неконтролирано да мрда со раце/нозе, да биде збунет... сè е тоа благодарение на нарушената невронска активност. Истото може да се случи и кај животните (
КЛИК ОВДЕ).
Во видеото што си го постирал, конкретно се работи за
Status Epilepticus. И наместо да го однесат во болница, овие ретардиве му пеат Куран, плус го легнале на грб, за побрзо да се удави. При ваков напад, човекот треба да лежи странично, не на грб.
И наместо да читате литература за бркање ѓаволи и ТОП 10 НАЧИНИ КАКО ДА ГО ИСТЕРАШ НАТЕМАГО СО ПОМОШ НА КУРАНОТ, земете прочитајте нешто за мозокот, како функционира, од што се состои, лева-десна хемисфера, северна-јужна трибина и тн.