Евтини авионски карти

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
а што станува ако ги потрошиш 300 евра? дали треба пак да ставиш 300 евра или мозе помала сума? и дали мозеш да ли уплатиш тие 300 евра преку банкарски налог?
300 евра е минимум. И мислам дека неможе преку банкарски налог туку мора кредитна картичка.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Постои ли директна авио линија од Скопје до Хелсинки? Чепкав на google ме однесе на некоја мак страница и таму пишува дека СЕКОЈ ДЕН има летови од ск до Хелсинки што не ми е многу веројатно. Некој по упатен ако сака нека ме просветли.
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.046
Поени од реакции
1.299

Таква линија не постои.Мислам дека никогаш и не постоела.Единствено да стигнеш од Хелсинки е со Turkish Airlines од Скопје преку Истанбул до Хелсинки.Мислам дека другите авиокомпании од соседствто немаат конекции до Хелсинки освен Туркиш.Оди на нивната страница и ќе ја видиш и цената
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.046
Поени од реакции
1.299
Скопје добива уште една дестинација! Од Април ќе се отвори линија Скопје-Копенхаген со Air Sweden.
http://www.cph.dk/CPH/UK/Newsroom/News/2013/Four new routes.htm

Летовите ќе се одвиваат 2пати неделно со Ербас А320.Наскоро би требало да се отворат и системите за букирање така да кој планира во Данска или Шведска да оди сега има еден избор повеќе
--- надополнето: 8 јануари 2013 во 20:22 ---
Мала дополна, картите од Air Sweden за Скопје Копенхаген може да се резервираат и купат на следниот линк
http://booking.flyswedish.se
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.046
Поени од реакции
1.299
Има линија во Франција,Парис :)?
Дирекно од Скопје нема.Постои линија само преку Белград(со Јат),Виена(Аустриан), Истанбул(Туркиш). Од нискобуџетни има линија со Визер од Белград ама таа почнува од летото.
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Дирекно од Скопје нема.Постои линија само преку Белград(со Јат),Виена(Аустриан), Истанбул(Туркиш). Од нискобуџетни има линија со Визер од Белград ама таа почнува од летото.
Само едно дополнување - Wizz Air лета до Париз и од Софија. Низ маглата се наѕира и Скопје, ама за тоа - потоа. ;)
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.046
Поени од реакции
1.299
Акција на Аир Приштина на почеток на годината:

Подарок од 20 евра / 20 CHF. За секој од нашите летови кон Приштина или Скопје

Ви се заблагодаруваме Вам и на сите што летаа со нас со еден ваучер од 20 евра / 20 CHF за почетокот на новата 2013 година. Ако во периодот од 01.02 до 31.03.2013 патувате во татковината од некоја од нашите многу дестинации низ Европа уште при самата резервација Ви подаруваме 20 евра / 20 CHF. Резервирајте брзо. Изберете го соодветниот датум од планот на летање и при правењето на резервацијата внесете го кодот *.

Код: Prishtina2013

*Важи еднократно за секоја резервација на повратен билет за сите понудени дестинации на Аир Приштина во периодот од 01.02. до 31.03.2013.

Така да ако некој лета дирекно на релација Скопје-Цирих ова може да го искористи
http://info.airprishtina.com/content/index.php?id=53&L=3&tx_ttnews[year]=2012&tx_ttnews[month]=12&tx_ttnews[day]=28&tx_ttnews[tt_news]=434
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.200
Поени од реакции
14.512
Каква кражба е она со уплаќање на сметка.
се на се околу 14 минути ме држеа на телефон, башка нема македонски на српски ти зборат.
А и те прашува за податоци што несмее да ги знае, сеа може да ми ја злоупотреби картицата на пример тој на телефон што беше.
Ми ги знае сите бројки
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.046
Поени од реакции
1.299
Каква кражба е она со уплаќање на сметка.
се на се околу 14 минути ме држеа на телефон, башка нема македонски на српски ти зборат.
А и те прашува за податоци што несмее да ги знае, сеа може да ми ја злоупотреби картицата на пример тој на телефон што беше.
Ми ги знае сите бројки
Не би смееле да те украдат, и да ти ги имаат информациите тоа е најверојатно за идентификација.Секако ти следи си ја сметката ако приметиш одлив на средства тогаш можеш и да ги тужиш но до тоа нема да дојде. Во самата полиса на приватност на нивната страница пишува дека операторот може да побара такви информации но секако тоа е само ради деловниот процес.
 
jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Пример
Скопје Дортмунд Скопје (со Визер)
Поаѓање: 06 март, враќање: 13 март
Цена: 116 евра

Скопје Дортмунд Скопје
Поаѓање: 05 јули, враќање: 19 јули,
Цена: 159 евра

Прашањето ми е зошто цената е поскапа за во јули ако сакам да ја купам пред 6-7 месеца, според правилото колку повеќе однапред резервираш толку е поефтино. А и општо цените преку летото се скоро сите над 150 евра. Нели е малку рано за летни сезонски цени? Ако уште од сега се по оваа цена, во иднина цената само може да ја поскапуваат. Ми недостасуваат промотивните цени на првите летови кога почетна цена беше 5 евра :)
 
Па многу се рентабилни линиите и унапред се купувани...Ете летото ќе има поголема фреквенција на летови и со тоа можда малце ќе се намалат цените ама ќе видиме.Сите зимааат порано без разлика за тоа дали е рано или не за да им излезе поефтино ;D
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Пример
Скопје Дортмунд Скопје (со Визер)
Поаѓање: 06 март, враќање: 13 март
Цена: 116 евра

Скопје Дортмунд Скопје
Поаѓање: 05 јули, враќање: 19 јули,
Цена: 159 евра

Прашањето ми е зошто цената е поскапа за во јули ако сакам да ја купам пред 6-7 месеца, според правилото колку повеќе однапред резервираш толку е поефтино. А и општо цените преку летото се скоро сите над 150 евра. Нели е малку рано за летни сезонски цени? Ако уште од сега се по оваа цена, во иднина цената само може да ја поскапуваат. Ми недостасуваат промотивните цени на првите летови кога почетна цена беше 5 евра :)

Правилото важи. Сегашната цена е околу 50-70% од средната очекувана за секој посебен лет и се очекува да биде поскапа. Не се сомневај дека билетите ќе се продадат по доста повисока цена од сегашната. Цените се движат по следната шема -

http://forum.kajgana.com/threads/Евтини-авионски-карти.5022/page-23#post-4719492

Ако ти е до летови за пет евра или слични, опциите се Венеција, Милано и Минхен. Минатата недела имаше промоција од 20%, па заедно со членство во клубот можеше да се најдат многу ниски цени.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Едно прашање....дали ние македонците можеме да го користиме Лутон за повржани летови т.е дали ако резервирам карта на пример Скопје-Лутон-Тенерифе ќе ми треба виза за Британија?
При тоа да напоменам дека нема да го напуштам аеродромот и нема да престојувам повеќе од 24 часа на него
 
Kajgana Shop

На врв Bottom