Ако не ти е проблем, те молам сподели ја листата на погрешно напишани аеродроми и предлозите за исправка, па ќе ја проследам до вистинското место.
Не е никаков проблем, ова се следните погрешни напишани аеродроми.
Лонтон Латон е моментално а треба Лондон Лутон.
Знам дека имаше грешка и со Милано но изгледа тоа го исправиле.Исто приметив дека не сите делови од страната се преведени.
Преводот би бил отприлика вака. Градот во твојот џеб! Претвори го твојот телефон во личен туристички водич
Аеродромски паркинг, Заштеди и до 60% резервирај веднаш!
Wizz резервирано седиште
Гаранција за одложување лет (не сум многу сигурен но отприлика така некако).
Овие можеби не се приоритетни забелешки но сепак викам да ти ги пишам. Друга работа што приметив чудна е што во следниот дел на вебстраната цените за летовите од Скопје се испишани во GBR односно британска фунта.Тоа ми дојде необично...Сепак сметам дека цената е логично или да биде во денари бидејќи може во денари да се плаќа или во крајна линија во евра.
Ова се тие позабележителни аномалии.Се надевам дека ќе се средат.Мислам дека имаше и други ситни грешки но тоа ќе седнам повторно убаво ќе разгледам и ако најдам ќе те известам.