Евро 2012 - група Б (Германија и Португалија во 1/4 финале)

  • Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување

Кои две репрезентации ќе одат во 1/4 финалето?

  • Германија

    Гласови: 102 87,2%
  • Холандија

    Гласови: 89 76,1%
  • Данска

    Гласови: 9 7,7%
  • Португалија

    Гласови: 24 20,5%

  • Вкупно гласачи
    117
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Бог да чува за што се замарате не глеаш криво му е на некој Германија што е толку јака Хитлеровци ова она. Па што треба да им праи Германија на тие што се преселиле во Германија и што родиле деца таму и што децата живеат учат и растат во Германија ? Да ги избрка ли или да не им даде за право да играат за Германија. Тоа ти е исто ко Албанци,Турци,Срби,Роми што се родени во Македонија да не им даваш да играат за Македонија. Ако сме иделе ние по тој принцип ќе сме биле светски шампиони :eek::eek:. Најиронично од се е што на крај коа ќе видиш Германија најмалце натурализира играчи за разлика од повеќето репрезентации и како што рекоа на Гомез и Кедира мајките им се Германки. Али ај недај боже Германија да освои вакви изговори уште 1000 ќе искочат од различни експерти. Како што рече ElNinho се е тоа Швабска школа што не искочи бе некој јак турчин што е роден во Турција така ѕвер фудбалер како Озил да не почнам да праам муабет во младиве колку има ѕверотињи Турци што се родени во ГЕрманија и играа за Германија под 17години Емре Кан,Јесил,Гунтер и компанија
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Дете ај олабави се.
Светот не се врти околу тебе и околу Германија. И другпат немој Еуро во наслов туку Евро.
Aj ti olabavi i seci si glavata ne pravi bos muabet ko gledam kolku poznavanje imas od fudbalot i opsto od istorija zato teraj si ja rabotava vo drugi temi .
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Full name Mesut Özil
Date of birth 15 October 1988 (age 23)
Place of birth Gelsenkirchen, West Germany


Full name Sami Khedira
Date of birth 4 April 1987 (age 25)
Place of birth Stuttgart, West Germany


Full name Mario Gómez García
Date of birth 10 July 1985 (age 26)
Place of birth Riedlingen, West Germany


Full name Jérôme Agyenim Boateng[1]
Date of birth 3 September 1988 (age 23)
Place of birth Berlin, East Germany


Full name İlkay Gündoğan
Date of birth 24 October 1990 (age 21)
Place of birth Gelsenkirchen, Germany


Зашто се расправате уопште....
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
my two cents на темава....

Постовите на Супервизор во најмала рака се несериозни. Сега незнам колку е запознаен со приликите во Германија, а со тоа и во нивниот фудбал, или сака да трола. Ако е второ,тогаш секоја понатамошна дискусија е излишна.
Германија важи за отворена земја со голема толеранција, си високо ниво на демократија. Како афтер ефект од Втората Светска војна, во Германија има недостиг на работна сила, која ја пополнуваат гостите работници Gastarbeiter. Првите генерации на овие фамилии доаѓале стрикно за работа, но подоцнежните генерации,од кои потекнуваат Озил и Гундоган, веќе развиваат национално Германско чувство, и се чувствуваат Германци. Така далеку од тоа дека се давани пасоши на рандом талентирани деца од да речеме Анталија.

Друга работа која е доста важна, и игра улога во оваа ситуација, е дека Германците како долг и тежок ефект и белег од војната, се повнимателни во искажување на патриотски и национални чувства. Германците како народ дури во 2006тата година се чувстуваат колку толку слободни гордо да искажуваат љубов кон такковината, зошто ако гледаме од историска дистанца, 60тина години од така страшна војна, и не се така многу, па сеуште се чувстува некое чувство на вина кај просечниот Германец. За да биде дека зборувам напамет, јас сум живеел во Тубинген 6 месеци како практикант и ова се лични искуства и заклучоци и доста прочитани статии за социјалните прилики во Германија.

Дури во 2006тата година со успехот на Клинсман на светското, можеше да се видат масовни прослави обоени во националните бои. Зошто пред 20тина години тоа се сметало како неетички,и провокативно од страна на самите Германци.За оваа чувствителна тема и ефектот кој го има тоа првенство на германскиот народ, магазинот Der Spiegel има издадено серија публикации кои го третираат и разработуваат.

Сето ова може да се спои во фудбалскиот муабет што се одвива тука. Како резултат на таа отвореност и наплив на гастербајтери, сега имаме доста момци кои не се целосно со Германска крв, но самиот систем им бил отворен и достапен да го развиваат својот талент. И не ни станува муабет за кого ќе играат. Тоа доаѓа од медиумите кој по откривањето на некој играч,форсираат со такви размислувања. Гомез,Озил и Кедира не ни размислувале да играат за друга репрезентација. Муабетот на Супервизор е многу многу далеку од реалноста.

И да,неколку членови посочија на тоа, дека Гомез,Кедира,Клосе, имаат еден родител Германец. Како тоа ги прави негерманци? Па, побогу, Индира Кастратовиќ е целосно Босанка, па ја сметаме за бисер на Македонскиот спорт!

Се извинувам за долгиот оф-топик,но мора да се запознаеме со фактите и реалноста.

Гледано од фудбалски аспект, очекувам Германија да биде на првите две места во оваа екстремно тешка група.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.741
Поени од реакции
43.888
Најискрено, во групава не сакам ништо да типувам.. Данска и Португалија се аутсајдери во споредба со Германија и Холандија.. Но не смеат да се потценат.. Бидејќи имаат квалитетни екипи.. Нема да ме чуди ако некоја од нив изненади и се протне на сметка на Германија/Холандија.. Сепак, фаворит број 1 за мене е Германија во оваа група.. Имаат екстра екипа, комбинирана од млади и искусни фудбалери.. Па можеби и фаворит број 1 за освојување на првенството исто така се Германците...
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.542
Поени од реакции
22.208
Денес Бундестренерот Јоахим Лев го објави првичниот список со 27 играчи во потесниот круг за ЕП2012. Од тие 27 играчи ќе бидат 23 номинирани. Јоахим Лев како предходно донесе и по некоје изненадувајне но поред мене 90% од играчите се очекувани, посебно првиот состав е скоро јасен.

Еве го составот (години на играчот). Играчите со * биле и во составот во СП2010:

Manuel Neuer (Bayern München) * (26)
Marc-Andre ter Stegen (Borussia Mönchengladbach) (20)
Tim Wiese (Werder Bremen) * (30)
Ron-Robert Zieler (Hannover 96) (23)

Jerome Boateng(Bayern Munich) * (23)
Holger Badstuber(Bayern Munich) * (23)
Philipp Lahm (Bayern München) * (28)
Per Mertesacker (FC Arsenal) * (27)
Mats Hummels (Borussia Dortmund) (23)
Benedikt Höwedes (Schalke 04) (24)
Marcel Schmelzer (Borussia Dortmund) (24)

Mesut Özil(Real Madrid) * (23)
Sami Khedira(Real Madrid) * (25)
Toni Kroos(Bayern Munich) * (22)
Thomas Müller(Bayern Munich) * (22)
Bastian Schweinsteiger(Bayern Munich) * (27)
Marco Reus(Borussia Mönchengladbach) (22)
Mario Götze, (Borussia Dortmund) (19)
Ilkay Gündogan ( Borussia Dortmund) (21)
Sven Bender (Borussia Dortmund) (23)
Lars Bender (Bayer Leverkusen) (23)
Andre Schürrle (Bayer Leverkusen) (21)
Julian Draxler (Schalke 04) (18)
Lukas Podolski (FC Arsenal) * (26)

Cacau (VfB Stuttgart) * (31)
Mario Gomez (Bayern München) * (26)
Miroslav Klose (Lazio Rom) * (33)

Просек е 24,18 години на составот.

Значи од горе спомнатите играчи веќе 15 биле дел од предходното првенство и со тоа костурот на тимот е многу сличен. Тоа е голема предност за тимот пошто е уигран. Замислете дека дополнително тимот е засилен со играчи како Хумелс, Геце, Ројс и со тоа станува јасно сошто Германија со Шпанија е топ-фаворитот на ЕП2012.

Имаме и неколку изненадувајна во составот ама и играчи кој иако предходно биле дел од Националтимот , нема да бидат номинирани. Меѓу тие спаѓаат Симон Ролфес и Денис Аого. Двајцата имаа лоша година со својте клубови и поради тоа испаднаа. Исто така Хелмес кој е во одлична форма не е земен. На негово место Лев сигурно го зема Какау, кој иако не е во најдобро форма беше редовно дел од тимот. Самиот Лев објасни дека Какау во Штутгарт влагаше од клупа и имаше солидни настапи, и баш за оваа намена е земен за ЕП. Дракслер од Шалке кој имаше добра сезона е земен засега. Ова можеби е најголемото изненадувајне на Лев. Но поред мене не е уште сигурно дека Дракслер ќе биде дел од крајниот состав, истото важи и за Гундоган од Дортмунд кој имаше добра форма во вториот дел на сезоната со Дортмунд. Ама и да не бидат дел од крајниот состав јасно е, дека во иднина и Дракслер кој има 18 години, ама и Гундоган, кој има 21 година, ќе бидат редовни играчи во ДФБ-тимот.

Германскиот сотав има огромен потенцијал на ЕП2012. Најголем дел од играчите се во составот на Баерн Минхен кој е во финалето на ЛШ. Играчи како Нојер, Лам, Бадштубер, Швајнштајгер, Крос и Гомез се не само костурот на Баерн, туку и костурот на ДФБ-тимот. Покрај ними Германскиот шампион Борусија Дортмунд има 5 играчи во кадерот. Хумелс највероватно со Мертесакер ќе се бори за место покрај Бадштубер и исто така можеме да очекуваме позначајни улоги за Ројс и Геце. Шмелцер ќе биде замена за ЛБ а за Бендер треба да видиме дали ќе биде дел од крајниот кадер. Мертесакер и Подолски идат од Арсенал Лондон. Подолски имаше одлична година во Келн иако одпадна, Мертесакер беше подолго време повреден. Ќе видиме дали ќе се снајде до првенството да се врати во форма. Играчите Озил и Кедира од Реал Мадрид исто така се клучни за тимот и поред мене првотимци. Во нападот гледам мала предност за Гомез иако Клосе како тип на играч можеби повеќе пасуват во играта на Лев. Но Клосе сега се врати од подолга повреда иако предходно беше во фантастична форма во Лацио. Ако може да ја врати формата го гледам пред Гомез.
Поред мене Лев има доста можности за составот. Мое мислејне е дека ќе игра со следниов состав:


--------------------Нојер-------------------- Визе
--Боатенг---Хумелс—Бади---Лам--- Мертесакер, Шмелцер, Хеведес
-----Швајни----------Кедира----------- Крос, Бендер
----Геце-------Озил------Подолски--- Ројс, Милер, Ширле
------------------Клосе--------------------- Гомез


Поред мене најидеален состав би бил:

--------------------Нојер--------------------
--Лам----Хумелс--Бади---Шмелцер--
-------Швајни---------Кедира-----------
----Ројс--------Озил-------Геце---------
------------------Гомез---------------------

Зошто го преферирам овој состав?
За Нојер мислам јасно е. За одбраната мислам дека Лам треба да игра десно пошто во Баерн годинава баш десно дава добри резултати. Ако игра лево, ќе мора или Боатенг или Хеведес да играат десно кој се средишни дефанзивци. Шмелцер е во одлична форма и има предности во дефанзивата. Досега Лев го играше Боатенг десно, ќе видиме дали ќе го става пак тука, посебно што последнава пола година Боатенг игра средишен бек во Баерн.
За Хумелс и Бадштубер мислам е јасна, двајцата се најдобрите Германски бекови. Мертесакер пред да се повреди не беше најстабилен и исто така сега се враќа од повреда.
За Швајни и Кедира мислам исто е јасно, двајцата се повеќе чистачи иако Швајни може и за напред да даде импулси но со оглед на офанзивниот среден ред тоа и не е потребно. Геце и Озил ги гледам како сигурни иако Геце беше повреден но ќе ја најде формата брзо. За Германија досега имаше одлични настапи. За третото место се борат Ројс и Подолски, на Подолски му давам предност дека е многу искусен и за Германија досега има големи заслуги. Можеби и Милер е алтернатива но моментално во нестабилна форма.
Напред би го ставил Гомез како голгетер иако заслугите од Клосе се неспорни. Треба да видиме како и дали ќе се врати во форма после повредата. Какау е чист џокер за по потреба.
Јасно е дека Германскиот состав има огромен квалитет и исто така вториот состав може да влезе без голема загуба на квалитет. Има можности за вариирајне. Лев важи за селектор кој им верува на тие играчи кој досега дадоа све за ДФБ-тимот. Клосе и Подолски се најдобар пример кој иако во својте клубој често пати не беа дел од првиот тим, за Германија дадоа добри резултати. Затоа Клосе, Подолски и дургите играчи кој подолго се веќе дел на репрезентацијата имаат мала предност за да бидат дел од првиот тим.

Сега да кажам кој можеби нема да биде дел од крајниот тим:
Тер Штеген и Цилер се борат за третото место во голот, иако од Визе не сум 100% убеден. Кој и да одпадне мислам дека на оваа позоција сите голамни кој се земени се одлични, секако Нојер е неспорен.
Од бекојте мислам дека сите ќе бидат земени. Можеби не е секој убеден од Шмелцер но тој ја добри предноста пред Аого како лев бек и еден покрај Лам мора да биде земен.
Во средниот ред мислам тројца ќе морат да си одат. Нападот со тројца играчи е мислам сигурен. Дракслер, Ширле, Гундоган, Свен и Ларс Бендер за мене не се сигурни. Дракслер дојде изненадувачки. Имаше добра година, да, но не беше секојпат првотимец во Шалке. Мислам дека Лев сака да му даде шанса да се запознае со тимот и да добие искуство. Гундоган еднаш е земен ама потоа не пошто првиот дел на сезоната му беше слаб со Дортмунд. Иако сега е во добра форма големи се шансите да не биде земен. Ширле исто така имаше слаба година со Леверкузен но негова предност е дека предходно повеќе пати беше дел од тимот со добри настапи. Браќата Бендер од Дортмунд о Леверкузен се слични, дефанзивни играчи. Еден од ними ќе биде земен и му давам предност на Свен Бендер од Дортмунд кој малку падна во форма после повредата но во глобала имаше добра сезона со Дортмунд. Од овие пет кој и да биде земен секако ќе нема позначајна улога затоа и не е толку важно поред мене.

И крајно нешто за проблемите на Лев. Се жалеше дека Баерн има финале во ЛШ кое е релативно касно и исто така во финалето на Германскиот куп помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе игра голем дел од Германската репрезентација. Со тоа малку се одложува почетокот на заедничките тренинзи но тоа не би требало да е толку штрасшно пошто играчи се доста добро соиграни. Како и да е, многу години уназад Германската репрезентација немала олку јак состав и очекувам пласман во финалето.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Премногу се радувам за Цилер иако е само во прелиминарниот состав :cuc:

Еве го и холандскиот прелиминарен состав

Денес Берт ван Марвијк објави список со 36 имиња од кои 23 ќе се најдат во финалниот состав со кој Холандија ќе настапи на ЕВРО 2012.

Прелиминарниот состав на Холандија:

Голмани: Ервин Мулдер (Феенорд), Јаспер Килесен (Ајакс), Маретн Стекеленбург (Рома), Мичел Ворм (Свонси), Тим Крул (Њукасл)

Одбрана: Вилфред Боума (ПСВ), Џон Хеитинга (Евертон), Јорис Матијсен (Малага), Стефан де Вриј (Феенорд), Рон Влар (Феенорд), Грегори ван дер Вил (Ајакс), Џетро Вилемс (ПСВ), Калид Буларуж (Штутгарт), Александер Бутнер (Витезе), Ник Виргевер (АЗ Алкмар)

Среден ред: Вурнон Анита (Ајакс), Марк ван Бомел (Милан), Најџел де Јонг (Манчестер Сити), Сием де Јонг (Ајакс), Хедвигс Мадуро (Валенсија), Адам Махер (АЗ Алкмар), Стијн Шарс (Спортинг Лисабон), Весли Снајдер (Интер), Кевин Стротман (ПСВ), Рафаел ван дер Варт (Тотенхем), Георгинио Вијналдум (ПСВ), Урби Емануелсон (Милан)

Напад: Ибрахим Афелај (Барселона), Клас Јан Хунтелар (Шалке), Ола Џон (Твенте), Лук де Јонг (Твенте), Дирк Кајт (Ливерпул), Џеремаин Ленс (ПСВ), Лучиано Нарсинг (Херенвен), Робин ван Перси (Арсенал), Арјен Робен (Баерн Минхен)

http://kajgana.com/36-fudbaleri-vo-preliminarniot-sostav-na-holandija-za-evro-2012
 
M

Mario Gómez

Гостин
Овој Марвијк песто играчи викнал...:facepalm: Игорче ги испофалил сите играчи на Дортмунд. :vozbud: Ја па гуд гај Боби му дадов анализа да прај. :germanfacepalm:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.542
Поени од реакции
22.208
Овој Марвијк песто играчи викнал...:facepalm: Игорче ги испофалил сите играчи на Дортмунд. :vozbud: Ја па гуд гај Боби му дадов анализа да прај. :germanfacepalm:
Не ги испофалив баш сите, освен Геце и Хумелс мислам никој друг од Дортмунд нема да биде првотимец, за разлика од 5-6 Баварци кој ги прогласив како костур на репрезентацијата ;)

Баварска окса има тимот со Нојер - Лам, Бадштубер, Швајни, Гомез...па и Милер во нормални услови е првотимец но моментално е надвор од форма.
--- надополнето: 7 мај 2012 во 23:42 ---
Иначе околу муабетиве со тоа што за Германија не играат Германци не се согласувам и све е кажано. Само да надополнам дека само Какау е класично натурализиран играч. Тој нормално како секој друг си зеде државјанство во правна процедура. 8 години престој во Германија, вработен, знае јазик. положи сите тестови за државјанство и зеде Германски пасош. Но, не беше целта да земе пасош и да заигра за Германија туку тој подоцна заигра. Иначе дургиве играчи кој ги спомнавте или имаат некој родител Германец/Германка како Кедира, Гомез...или па се по потекло Германси од бившите територии како Клосе или Подолски или пак се родени, раснати и социализирани во Германија и со тоа законски им следува на старт Германско државјанство.

Дека не секој таков играч заигрува за Германија се гледа на доста примери. Браќата Алтинтоп заиграа за Турција исто и Шахин. Харник заигра за Австрија иако е пола Германец...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Дека не секој таков играч заигрува за Германија се гледа на доста примери. Браќата Алтинтоп заиграа за Турција исто и Шахин. Харник заигра за Австрија иако е пола Германец...
А која е разликата меѓу Австриец и Германец :D
Иначе на листава може да се стават и браќата Ковач и Класниќ.Додуше освен Роберт Ковач на времето, другиве максимум што можеа во Германија да се надеваат би им било 3-4 настапи,али ете родени во Германија и растени таму,а играат за друга репрезентација.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.606
Поени од реакции
14.444
Познат конечниот состав на Португалија:

Goalkpeers: Rui Patricio (Sporting Lisbon), Eduardo (Benfica), Beto (Cluj).

Defenders: Bruno Alves (Zenit St. Petersburg), Fabio Coentrao (Real Madrid), Joao Pereira (Sporting Lisbon), Pepe (Real Madrid), Rolando (FC Porto), Ricardo Costa (Valencia), Miguel Lopes (Braga).

Midfielders: Carlos Martins (Granada), Joao Moutinho (FC Porto), Miguel Veloso (Genoa), Raul Meireles (Chelsea), Ruben Micael (Zaragoza), Custodio Castro (Braga).

Forwards: Cristiano Ronaldo (Real Madrid), Hugo Almeida (Besiktas), Helder Postiga (Zaragoza), Nani (Manchester United), Ricardo Quaresma (Besiktas), Silvestre Varela (FC Porto), Nelson Oliveira (Benfica).
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Португалија незнам како ќе се носи со средниот ред на Германија и Холандија. Па и одбраната им е тапа. Очекувам повеќе од Данска него од овие португалциве.
Џоао Мутињо, Раул Миралеш, Мигел Велосо вс Швајни,Озил,Крос,Кедира / Снајпер, МВБ,РВДВ,Де Јонг на квадрат , ќе биде катастрофа за Португалија. Очекувам Ериксен да ја надигра средината на Португалија не па другите.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.639
Поени од реакции
22.674
Идеалниот состав на Холандија

Стекеленбург​
Ван Дер Вил - Матијсен - Хеитинга - Боума​
Ван Бомел-Де Јонг​
Робен - - Снајдер - - Кујт​
Ван Перси​
Требало и Брафхејд да го повика. Хунтелар е во одлична форма, ама тешко дека можат да играат заедно во иста формација со Ван Перси, кој е во животна форма, знаејќи дека ќе играат 4-2-3-1.
Иста е и ситуацијата со Снајдер и Ван Дер Варт.
Афелај не знам колку е паметно да се повика, веројатно и нема да го има во конечниот список. Цела сезона беше повреден.
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Дефинитивно фаворит број еден за ова ЕП е Германија. Неописливо добра игра имаат. Секој љубител на фудбалот може да го освои. Минатото си бев за Шпанија и погодив, овој пат типувам на Германија и ке навивам за нив до крај. Неможам да опишам колку ме воодушевуваат. Среќно натака, ке се дружиме овде заедно. :)
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Идеалниот состав на Холандија

Стекеленбург​
Ван Дер Вил - Матијсен - Хеитинга - Боума​
Ван Бомел-Де Јонг​
Робен - - Снајдер - - Кујт​
Ван Перси​
Требало и Брафхејд да го повика. Хунтелар е во одлична форма, ама тешко дека можат да играат заедно во иста формација со Ван Перси, кој е во животна форма, знаејќи дека ќе играат 4-2-3-1.
Иста е и ситуацијата со Снајдер и Ван Дер Варт.
Афелај не знам колку е паметно да се повика, веројатно и нема да го има во конечниот список. Цела сезона беше повреден.

Јас да сум менаџер на Холандија би го ставил да брани една утакмица Ворм од Свонси и би ги играл Ван Перси и Хунтелар заедно во нападот,а позади нив еден од Снајдер/ВДВ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom