leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Миреј Балестрази избрана за првата жена на чело на Интерпол
Текст: Макфакс
Свет | 09 ноември 2012
Французинката Миреј Балестрази е избрана за претседателка на Интерпол со што стана првата жена на чело на меѓународната организација за полициска соработка, објави France 24.
Педесет и осум годишната Балестрази на ова место е избрана на генералното собрание на Интерпол што во четвртокот се одржа во Рим, а досега ја извршуваше должноста потпретседателка на Извршниот одбор на Интерпол за Европа.
Позната по својот ангажман во борбата против организираниот криминал во Бордо и на Корзика, моментално е на втората хиерархиска позиција во полициските сили на Франција.
Интерпол, чиешто седиште е во францускиот град Лион, го објави овој историски избор на својот профил на Twitter.
Зборувајќи за своето именување во француските медиуми, Балестрази рече дека тоа е важен момент за Франција, посебно за жените.
„Секако дека сум среќна што ми ја укажаа својата доверба. Горда сум поради жените и горда сум поради Франција", изјави Балестрази за француското радио RTL откако именувањето беше официјално објавено.
Балестрази додаде дека во целост е предадена на темелната улога којашто Интерпол мора да ја има во глобалната полициска соработка.
Францускиот министер за внатрешни работи, Мануел Валс ја нарече Белстрази „прекрасна полицајка, една од оние со коишто француската полиција се гордее".
http://kajgana.com/mirej-balestrazi-izbrana-za-prvata-zhena-na-chelo-na-interpol
Во склоп на темава, многу интересна позиција до која за прв пат допре жена