Супермен: Што се направи Ципрас за 24 часа
Ако продолжи како што почна, новиот грчки премиер Алексис Ципрас, освен епитетот „Робин Худ“, сигурно ќе добие уште еден „Супермен'. Погледнете што се направил за 24 часа:
1. Положи венец на гробиштата на стреланите грчки комунисти
2. Го прими рускиот амбасадор
3. Направи коалиција со идејно поразлична партија и покажа дека е прагматичен
4. Ја намали владата за половина
5. Најави драстично намалување на воениот буџет
6. Испрати ЕУ меморандум со кој се бара кратење на грчкиот долг
7. Побара промена во улогата и организацијата на Европската централна банка
8. Предложи тотална забрана на шпекулативни банкарски производи
9. Поднесе барање за доплнително оданочување на богаташите
10. Побара укинување на државните привилегии и концесии за Црквата
11. Ја зголеми минималната плата до најмалку 750 евра месечно
12. Даде налог за субвенционирање на хипотекарните долгови на најсиромашните
13. Поднесе законски предлог да банките, поштите, железници и водовод да се национализираат
14. Предложи измени на изборниот закон
15. Предложи давање на државните, банкарските и црковните згради на користење на бездомниците
16. Обезбеди бесплатен доручек и ручек за децата во училиштата
17. Предложи бесплатно здравство за невработените и бездомниците
18. Воведе еднакви плати за мажите и жените
19. Побара строги затворски казни за прикривање на капиталот
http://emagazin.mk/vesti/vest/5089?title=supermen-shto-se-napravi-cipras-za-24-chasa