Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.968
САД ја притискаат ЕУ да направи компромис со Грција
Извор : (AFP)
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама врши притисок врз челниците од земјите во Европската унија да направата компромис со Атина, стравувајќи дека излегувањето на Грција од монетарната унија ќе предизвика силни последици за глобалната економија, тврдат американски и европски функционери.
И во Брисел и во Вашингтон се загрижени од цврстиот став кој го зазема Германија во однос на тоа дека Грција мора да ги исполни преземените обврски за структурните реформи и намалувањето на буџетските расходи, како дел од договорот со кој земјата доби помош во износ од 240 милијарди евра од странските доверители, Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), и покрај тоа што на власт пред две седмици во Атина дојде коалицијата на радикалната левица Сириза којашто победи токму благодарејќи на ветувањата дека ќе го промени договорот со странските кредитори и ќе го прекине непопуларните мерки за намалување на платите, пензиите и социјалните давачки, и ќе ја сопре приватизацијата.
„Водиме такви преговори со луѓето (во ЕУ). Нема никаква индивидуална иницијатива. Не сметам дека нашиот однос е променет, но има промена кај другата страна, ситуацијата во Грција стана очигледно и повеќе од драматична“, изјави неименуван американски функционер за весникот The Financial Times.
Аналитичарите на весникот очекуваат ова прашање САД да го постават на состанокот на министрите за финансии на земјите од групата Г-20 кој ќе се одржи во Истанбул, како и во понеделник на билатералната средба меѓу американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел која во неделата навечер отпатува за Вашингтон.
Растот на глобалната економија и натаму е „слаб и нерамномерен“, истакнува функционер на американското министерство за финансии. Според него, министерот за финансии Џек Лу „посебно ќе истакне дека на светот првенствено му е неопходна зголемена побарувачка“.
Вашингтон ја негира информацијата дека делегација на САД пристигнала во Атина предводена од заменикот министер за финансии Далип Синг, која ќе ја има улогата на посредник. „Не се обидуваме да бидеме посредници. Се советувавме со сите страни, дека е неопходен компромис од секоја од нив“, рекол високо позиционираниот соговорник на весникот. „Има граници на мерките за штедење, кои може да ги издржи општеството“, истакнал.
Функционерите во Брисел, се истакнува во текстот на The Financial Times, се вознемирени од позицијата на бројни претставници на германската влада, сметајќи дека излегувањето на Грција од еврозоната, колку и да е непосакувано, ќе биде безболно и нема да има штетни последици врз целата ЕУ. Американските функционери, исто така, се загрижени од ваквиот развој на ситуацијата. „Веруваме дека секој распад ќе има сериозни несакани последици“, изјавил за весникот висок американски функционер.
Според овој функционер, упорното фокусирање на кастрењето на буџетските расходи на Грција се покажува несоодветно, а таква позиција застапува и новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, забележува весникот. „Можеби ним (на Грција) не им е неопходно да спроведуваат толку огромно количество дополнителни фискални прилагодувања. Тие треба да се придржуваат до придобивките од досегашните реформи, коишто според многумина се неопходни за Грција да стане конкурентна“, истакнал./крај/мф/сн
http://makfax.com.mk/svet/vesti/sad-ja-pritiskaat-eu-da-napravi-kompromis-so-grcija