Евролига 2012-2013

Статус
Затворена за нови мислења.

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Хрватскиот првак Цибона во своите редови го доведе 22-годишниот Џастин Хамилтон (210 см), 45-пик на Филаделфија на овогодинешниот НБА драфт (беше позајмен во составот на Мајами Хит). Хамилтон потпиша едногодишен договор со Цибона. Американецот во минатата сезона во НЦАА лигата забележа просек од 12,9 поени и 7,2 скока по натпревар.


.
Гледам ставаш често вести за Цибона на темата за Евролига........нема смилса,сепак не играат оваа сезона во Евролига.
Иначе овој Хамилтон е доведен како домашен играч,мајка му е била хрватица и имал двојно државјанство.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Германскиот состав на Ратиофарм Улм, кој ќе учествува на овогодинешните квалификации за пласман во Евролигата, го назначи новото засилување за новата сезона, Алан Реј (28). Тој доаѓа од францускиот состав на По Ортез, каде минатата сезона забележа 15,2 поени, 2,5 скока и 2,5 асистенции по натпревар во домашната лига во 25 одиграни меча. Реј имал настапувано во НБА, за екипата на Бостон Селтикс, за потоа да се пресели во Европа, во Лотоматика Рома од Италија. Во квалификациите Улм ќе игра против Уникс Казан од Русија.


Досегашниот член на белгиски Остенде, Кенеди Винстон е во разговори со украинскиот состав на Азовмаш Мариупол, по разделбата со Артур Дроздов кој се пресели во тимот на Будивелник. Лани Винстон со Остенде ја освои националната титула и имаше биланс од 12,5 поени, 3,8 скока, 2,5 асистенции и 1,1 украдена топка.



Американецот Чак Еидсон е многу блиску до договор со рускиот тим на Уникс Казан. Минатите две сезони Еидсон ги мина во шпанска Барселона. Лани тој во Евролигата имаше учинок од 7,7 поени, 2,3 асистенции и 1,2 украдена топка.

 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Подготовки за новата сезона 2012/2013 година - Евролига. :)
Лестер Бо МеККејлеб во новиот клуб на Фенербахче Улкер


Предраг Самарџиски и Литвос Ритас

Бенџамин Езе - Монтепаски Сиена

Панатинаикос

Еразен Лорбек и Анте Томиќ - Барселона

Керем Тунчери - Анадолу Ефес

Ненад Крстиќ - ЦСКА Москва

Партизан
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Американскиот крилен центар Џејмс Гист (26), потпиша со шпанската екипа на Уникаха Малага. Тој доаѓа од турскиот клуб на Фенербахче Улкер. Исто така, настапувал и за составите на Биела (Италија), Кубан (Русија) и Партизан (Србија). Лани во турската лига во 31 одигран меч имаше учинок од 9,1 поен и 5,3 скока, додека во Евролигата во 16 одиграни меча имал биланс од 7,4 поени и 4,5 скока по натпревар.



Еден од најдобрите скокачи ланската сезона во Евролигата, американскиот центар Маркус Слотер (27) потпиша за шпанскиот клуб на Реал Мадрид. Тој доаѓа од германскиот состав на Бросе Баскетс каде што имаше учинок од 11,8 поени, 7,2 скока, 1,7 украдена топка и 1,4 блокада по натпревар во 10 одиграни меча во Евролигата. Тој повторно ќе игра на шпанско тло, откако претходно во сезоната 2010-2011 година настапуваше за Ваљадолид (9,9 поени и 6,0 скока по натпревар во 34 меча одиграни во шпанската лига. Исто така го носел дресот на Пинар Каршијака (Турција), Хапоел Ерусалим (Израел), Гравелин Данкерк и Ле Ман (Франција) и Бремерхавен (Германија). Во меѓувреме, Реал Мадрид посакува да го ангажира Кинезот Жи Јианлиан (27) кој игра на позицијата крилен центар, но поголема е веројатноста тој да остане во НБА лигата. Лани беше член на Далас Маверикс, но имаше мала минутажа.


Галатасарај и официјално потпиша со Американецот кој има босански пасош, Хенри Домеркант. Тој потпиша едногодишен договор, со можност да остане во турскиот клуб уште една сезона. Лани тој настапи за рускиот Уникс Казан каде имаше биланс од 11,7 поени во руската лига, 13,1 поен во Балтичката лига и 15,5 поени по натпревар во Евролигата по натпревар.



На линкот можете да ги погледнете составите (сеуште неофицијални) на екипите пред нивниот старт оваа сезона во Евролигата 2012-2013 година. За потсетување новата сезона започнува на 11-12 октомври 2012 година, а последниот 24-ти учесник ќе се знае по квалификациите во градот Канту, Италија во периодот 25-28 септември 2012.
http://www.euroleague.net/news/i/98585/180/euroleague-basketball-2012-13-team-provisional-rosters
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб на медицинските прегледи во турскиот клуб на Фенербахче. Му посакуваме успешни игри и резултати, како во турската лига, така и во Евролигата. Да потсетиме, Фенербахче се наоѓа во групата А, заедно со Панатинаикос, Реал Мадрид, Химки, Унион Олимпија и еден претставник од квалификациите. Првиот меч Фенербахче во Евролигата ќе го има на домашен терен на 11 октомври против рускиот тим на Химки.







Најави за пријателски мечеви, односно турнири, како подготовка пред настапот во новата сезона во Евролигата:
-Лестер Бо МекКејлеб со Фенербахче, ќе игра на турнирот (14-15 септември 2012) во Каљари, Италија, а ќе настапат и неговиот довчерашен тим Монтепаски Сиена, руската ЦСКА Москва и италјанскиот состав на Динамо Сасари-
-На турнирот во Минхен (22-23 септември 2012), Германија, ќе учествуваат екипите на ЦСКА Москва, Баерн, литванскиот тим на Жалгирис и турскиот клуб на Бешикташ-



-Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со Олимпијакос ќе настапат на Гомељски купот во Москва (29-30 септември 2012), Русија, а освен грчкиот клуб, ќе настапат уште ЦСКА Москва, Жалгирис и Локомотив Кубан.



И покрај тоа што се најавуваше дека американскиот крилен центар Џумејн Џонс (33) би можел да се пресели во редовите на израалскиот тим на Макаби Тел Авив или во Хапоел, сепак одлучи да го носи дресот на Бнеи Хашарон.Лани настапи за италјанскиот состав на Песаро (11,6 поени и 7,0 скока по натпревар). Бил член на повеќе НБА екипи во периодот 1999-2007 година, би бранел боите на Филаделфија, Кливленд, Бостон Селтикс, Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот и Феникс Санс.



Лука Далмонте се согласи да му биде асистент на тренерот Симоне Пианиџани во турскиот состав на Фенербахче. Далмонте кој ланските сезони го водеше тимот на Песаро, е исто така асистент на Пианиџани во италјанскиот национален тим.


Ново засилување доаѓа во Белград. Дру Гордон во наредната сезона ќе ги брани боите на српскиот клуб на Партизан. Крилниот центар потпиша едногодишен договор. 25-годишнио т Гордон (205 см) минатите две сезони го мина во УКЛА, а потоа се пресели на Универзитетот Њу Мексико. Тој имаше учинок од 13,3 поени и 10,8 скока по натпревар.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Грчкиот клуб на Панатинаикос посакува во своите редови да го донесе Ентони Толивер (27), кој игра на позицијата центар. Моментално на таа позиција во Панатинаикос игра и Софоклис Скорцијанитис. Толивер минатите 2 и пол сезони ги мина во НБА лигата. Лани како член на Минесота Тимбервулвс имаше учинок од 4,1 поен и 3,0 скока по натпревар во 51 одигран меч.Во меѓувреме, дојде информација дека Американецот со македонски пасош, Џеремаја Мејси не го продолжил договорот со рускиот тим на Локомотив Кубан. Се најавува дека Панатинаикос ќе се обиде да го ангажира 30-годишниот играч.



И покрај тоа што се најавуваше деkа белградски Партизан ќе се засили со 28-годишниот плејмејкер Лестер Хадсон (191 см), сепак тоа биле само гласини, а тоа го потврдил и 28-годишниот Американец на својот Твитер профил. Тој имал мала минутажа лани во НБА составот на Мемфис Гризлис, во три одиграни меча имаше учинок од 3,0 поени по натпревар. Освен, за Мемфис, во НБА лигата бил член и на Бостон Селтикс, Вашингтон Визардс и Кливленд Кавалирс. Моментално тренерот Вујошевиќ тестира тројца играчи, плејмејкерот од Мексико, Хорхе Гутиерез, 19-годишниот центар од Аргентина, Маријас Бартоли и младиот центар Самуел Дегуара (223 см).

Во меѓувреме, Партизан го одигра и првиот контролен меч во предсезоната. Претрпе минимален пораз од Политехника 73:72, но резултатот за црно-белите бил во втор план.
Партизан-Политехника 72:73 (19:21 - 12:24 - 21:16 - 20:12). Стрелци кај Партизан: Гагиќ 16 поени, Џекиќ 13, Гутиерез 11, Вестерман 10, Милосављевиќ 9, Богдановиќ 7, Бешовиќ 5, Дегуара 1.



Досегашниот член на бугарскиот состав на Лукоил Академик, Ламонт Мек (26),потпиша договор со италјанскиот состав на италјанскиот клуб на ВЛ Песаро. 26-годишниот плејмејкер доаѓа од Чикаго, Илиноис, во 2009 година настапуваше за грчкиот тим на АЕК.

Ентони Мејсон јуниор (25) потпиша договор со францускиот состав на Шоле. Американскиот плејмејкер лани беше член на Сиу Фолс Скајфорс каде што имаше уинок од 17,2 поени, 4,9 скока и 2,9 асистенции по натпревар во одиграни 45 меча.



Италјанскиот клуб на Олимпиа Милано соопшти дека на нивниот тренинг камп ќе се приклучи летонскиот интернационалец Енерстс Калве (25). Минатата сезона Калве ја мина во турскиот клуб на Трабзонспор (2,9 поени и 1,5 скок по натпревар во 12 одиграни меча во турската ТБЛ лига). Претходно настапувал за екипите на Кеизамерш, Бенетон, Гиесен, Рига, Вентспилс, Невежис и Валмиера.


Денеска одржа прес конференција чешкиот тим на Нимбурк, кој ќе игра во квалификациите за пласман во Евролигата, како најава за новата сезона. Еве што очекува тренерот Ронен Гинзбург: „Ланската сезона е минато, бевменационални шампиони , но секогаш се вредни потоа анализите кои покажаа дека тимот може уште повеќе да напредува и понатаму во иднина. Факт е дека има смена на генерации, но имаме седум млади искусни играчи кои може да имаат клучна улога. Се надевам дека оваа сезона ќе имаме уште подобри резултати. Целта ќе биде одбрана на титулата по 10-пат, како и Чешкиот куп, и секако да се најдеме во плејофот во Балтичката лига. Во квалификациите за влез во Евролигата, сакаме да бидеме тој единствен тим што ќе биде во елитата, но мораме да бидеме реални. Нашиот противник, белгиски Остенде е фаворит, но ние ќе се обидеме да дадеме максимум да победиме“, рече Гинзбург.



Членот на Реал Мадрид, 19-годишниот плејмејкер Жорге Санз Родригез ќе биде позајмен во екипата на Обрадоиро. Родригез немаше некоја клучна улога во првиот тим на Реал, но затоа имаше поголема минутажа за вториот тим на клубот од Мадрид.



Турскиот состав на Бешикташ наредната сезона може да смета на шведско-хрватскиот кошаркар Дамир Маркота (27). Лани ги бранеше боите на словенечката екипа на Унион Олимпија (4,7 поени, 6,0 скока и 1,4 асистенција по натпревар во седум одиграни меча во Евролигата. Во истата сезона се пресели во редовите на хрватски Загреб (имаше биланс од 17,6 поени и 7,5 скока по натпревар во 13 одиграни меча во хрватската А1 лига).
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Американецот со македонски пасош, Маркиз Грин, е нов играч на хрватската екипа на Цедевита. Искусниот 30-годишен играч во хрватскиот вицепрвак доаѓа од италјанскиот состав на Авелино каде минатата сезона имаше учинок од 16,1 поен, 6,5 асистенции и 4,5 скока по натпревар. Грин во својата кариера настапувал уште за Фенербахче и Колејил во Турција, Нанси и Роан во Франција и Песаро во Италија. “По мојата повреда на коленото, Авелино не сакаше да ја продолжи соработката со мене. Но, затоа Цедевита ме контактираше и тие беа сериозно заинтересирани да бидам нивни член. Пред неколку недели, кога Мустафа Шакур не успеа ја прифати понудата на Авелино, Скандоне повторно ме повика, меѓутоа беше предоцна, бидејќи веќе потпишав договор со Цедевита“, рече Грин.



Словенечката екипа на Унион Олимпија се засили со плејмејкерот Клемен Препелиц (20). Словенецот кој доаѓа од Марибор, лани за екипата на Хелиос Домжале забележа учинок од 14,2 поени, 2,4 скока и 3,1 асистенција по натпревар во Јадранската лига.



Полскиот претставник во Евролигата, екипата на Асеко Проком Гдиниа го назначи новото засилување за претстојната сезона, Дру Вини. Тој доаѓа од американскиот состав на Лојола Маримаунт Лајонс, каде имаше учинок од 15,2 поени, 5,5 скока и 1,6 асистенција по натпревар.


Во наредните денови, треба да се знае кој ќе биде новиот клуб на Џ.Р. Бремер (32), соопшти неговиот агент. Откако не биле успешни преговорите со Донецк, Цедевита и Бешикташ, американско-босанскиот кошаркар во моментотв е многу блиску до ангажман во Партизан, Хапоел Ерусалим и Локомотив Кубан. Бремер минатата сезона настапувал за Нижни Новгород, а потоа беше член и на Олимпиа Милано. За италјанскиот клуб од Милано има одиграно само три меча во Евролигата и имаше учинок од 10.7 поени, 3.0 скока, 2,3 асистенции и 1,0 украдена топка по натпревар. Со Новгород во Еврочелинџ имаше биланс од 15,0 поени, 3,7 скока, 5,0 асистенции и 1,6 украдена топка по натпревар во 9 одиграни меча во ова европско натпреварување.



Откако го повреди коленото Марко Шчекиќ ланската сезона и нема да биде во можност да се врати на терените 30 дена, италјанскиот клуб на Палаканестро Канту треба да најде идеална замена за Шчекиќ на центарската позиција. Шчекиќ нема да биде со тимот во мечот од Италјанскиот Суперкуп против Монтепаски Сиена и на квалификацискиот дуел против бугарскиот состав на Лукоил Академик за пласман во Евролигата. Канту ќе се обиде да контактира со Денис Марконато (37) кој тренира моментално со Олимпиа Милано како слободен играч. Како втора опција е Литванецот Повилас Цукинас (29) кој учествува ова лето на тренинг кампот на Канту.


Се наведува информација дека кинескиот репрезентативец и плејмејкер Гуо Аилун (18) посакува да игра за грчкиот тим на Панатинаикос, а тоа го потврдиле и неговите родители. Тој моментално е член на кинеската екипа на Лиаонинг. Настапувал за селекцијата до 17 години на Светското првенство во 2010 година во Хамбург, Германија и таму имаше учинок од 22,4 поени по натпревар. Тој исто така беше дел и од националната сениорска селекција на Олимпијадата во Лондон 2012.Во меѓувреме, грчкиот клуб на Панатинаикос се засили со Гајос Скордилис (24). Тој игра на позицијата центар и доаѓа од екипата на Икарос. Скордилис успеа со грчката репрезентација да го освои сребрениот медал на Медитеранските Игри во 2009 година во Пескара, Италија.



Во клиниката за трауматологија во Загреб беше опериран членот на Цедевита, репрезентативецот Марко Томас. “Лекарската екипа одлично ја заврши работата, се е во ред. Оперативниот зафат помина во најдобар можен ред и за очекување е Марко Томас да се врати на терените за 6 до 8 недели“, рече др. Томислав Церовечки.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Досегашниот член на францускиот состав на Елан Шалон, Аладе Амину (25) даде потпис со турскиот клуб на Пинар Каршијака. Нигерискиот центар ланската сезона со Шалон ја освои националната титула (во лигата во 30 меча имаше учинок од 11,7 поени, 6,8 скока и 1,0 украдена топка, додека во Евролигата во 18 меча одиграни, забележа биланс од 12,5 поени, 6,5 скока и 1,0 украдена топка по натпревар).



Омар-Шариф Кук ќе ја носи капитенската лента претстојната сезона во италјанскиот тим на Емпори Армани Милано. Американскиот плејмејкер дојде во Милано од шпанскиот тим на Валенсија. Ланската сезона во 16 одиграни меча во Евролигата имаше учинок од 7,3 поени, 5,7 асистенции и 2,4 скока по натпревар (беше прв асистент во лигата). На последното Европско првенство во Литванија 2011 година, настапувајќи за Црна Гора, во пет меча забележа 7,4 поени, 4,2 асистенции и 2,2 скока по натпревар.



Литванскиот репрезентативен центар Робертас Јевтокас (32) во следните неколку дена ќе мора да оди на операција на стопалото и нема да биде во можност да му помогне на Жалгирис Каунас во наредните 4 до 6 месеци. Јевтокас доживеа стрес фрактура за време на мечевите со сениорската селекција на квалификацискиот турнир во Каракас за пласман на Олимпијадата во Лондон 2012. Лани во Евролигата во 16 одиграни меча имаше учинок од 6,3 поени и 5,2 скока по натпревар.


Израелскиот плејмејкер Јогев Охајон (25) најверојатно ќе се пресели во редовите на рускиот состав на Локомотив Кубан. Тој лани настапи за Макаби Тел Авив и во 21 одигран меч во Евролигата имаше биланс од 5,6 поени, 3,4 скока и 2,6 асистенции по натпревар. Охајон успеа со Макаби да ја освои титулата во Јадранската лига (4,0 поени и 2,4 асистенции по натпревар) и трофејот во Израелскиот Куп.



Италјанскиот состав на Виртус Болоња посакуво да го ангажира американскиот плејмејкер Кајл Вивер (26). Тој минатата сезона ги бранеше боите на германската екипа на Алба Берлин забележувајќи 10,0 поени по натпревар во Еврокупот натпреварувањето и 9,0 поени по натпревар во Бундеслигата. Претходно настапувал и во НБА лигата за Оклахома Сити Тандер (5,3 поени) и Јута Џез, а исто така учествуваше и во Летната лига во Орландо и Лас Вегас.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Со бугарскиот состав на Лукоил Академик, каде што тренер е Марин Докузовски, уште една година ќе остане 35-годишниот ветеран Тодор Стојков, кој ќе има улогата на капитен, во обид преку квалификациите да се обезбеди пласман во Евролигата. Да потсетиме, противник на бугарскиот претставник во квалификациите ќе биде италјанскиот тим на Палаканестро Канту. Спортскиот директор на клубот, Сашо Везенков, исто така потврди дека и во претстојната сезона остануваат Веселин Веселинов и Тенчо Банев. Веселинов кој игра на крилната позиција остана со тимот откако беше решено несогласувањето околу неговата плата, додека Бенев и покрај тоа што има здравствени проблеми (двојна дискова хернија) која го измачува во последните неколку години, решен е да му помогне на клубот уште од самиот старт на сезоната.



Американецот Д’ор Фишер (31) е новото засилување за украинскиот состав на Донецк, каде што игра македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски. Фишер кој игра на позицијата центар, лани ги бранеше боите на шпанскиот тим на Билбао. Во неговиот нов клуб Донецк, ќе игра заедно со неговиот поранешен соиграч во Макаби Тел Авив, Дорон Перкинс. Фишер претходно настапувал за Анвил, Роанок Дазл, Олденбург, Еуфори Бри, Макаби Тел Авив и Реал Мадрид.


Грчкиот тим на Панатинаикос пројавува интересе за ангажман на американскиот кошаркар Лу Амундсон (30) – (206см). Тој минатата година настапи за Индијана Пејсерс и за 60 одиграни меча имаше учинок од 3,5 поени и 3,7 скока по натпревар. Амундсон играл и за други НБА екипи, Голден Стејт Вориорс, Феникс Санс, Филаделфија и Јута Џез.



Џастин Барел (24, 206 см) ќе ја продолжи својата кариера во Франција. Тој се одлучи да биде член на екипата на Шалон. Тој доаѓа од јапонскиот состав на Јокохама Б-Корсерс, каде во тамошната БЏ лига, имаше учинок од 18,8 поени, 10,1 скок и 1,9 асистенција по натпревар. Оваа година настапи во Летната лига во Лас Вегас настапувајќи за Голден Стејт Вориорс (6,2 поени и 4,4 скока по натпревар).



Литванецот Маријонас Петравичиус (33), кој играше на позицијата центар, одлучи предвреме да ја заврши својата професионална кариера, поради сериозен здравствен проблем. Кај него на последното Европско првенство 2011 година, беше дијагностицирана пулмонална микроемболија, иако постоеја шанси да се врати на терените. “Лекарите не сакаа да ризикувам со моето здравје. Ако повторно играм кошарка, во блиска иднина би можел да се соочам со сериозни компликации“, рече Петравичиус. Неговиот последен клуб лани беше рускиот тим на Химки, но поради болеста договорот беше завршен на 17 февруари 2012, по само еден одигран меч, кој воедно беше и последен. Во својата кариера настапувал за Мителдачер (Германија – шампион Еврокуп), Остенде (Белгија), Вентспилс (Летонија), Литвос Ритас (Литванија – Еврокуп финале 2007), Армани Џинс (Италија) и Азовмаш (Украина).



Партизан во Пионир одиграа уште еден контролен меч против екипата на Мега Визура. Тимот на Душко Вујошевиќ забележа победа 86:79. Се најавува дека црно-белите треба да одиграат пријателски меч против украинскиот состав на Донецк, каде што настапува македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски.
Партизан-Мега Визура 86:79 (23:16 – 20:18 – 24:18 – 19:27). Стрелци кај Партизан: Гагиќ 22 поени, Џекиќ 14, Вестерман 11, Милосављевиќ 9, Гутиерез 7, Бешовиќ и Чакаревиќ по 6, Миљеновиќ 5, Богдановиќ 4, Бартолин 2.

Повеќе информации, настани за екипите учеснички во новата сезона од Евролигата, можете да проследите на следните линкови. Facebook, Twitter, Euroleague.com, Euroleague TV, You Tube.
http://www.youtube.com/redirect?q=http://www.euroleague.net/&session_token=OeX3Sc2s2ck6MV6qLiBdDNcl6xJ8MTM0NTk4MzQ1MkAxMzQ1ODk3MDUy
http://www.youtube.com/redirect?q=http://www.facebook.com/theeuroleague&session_token=OeX3Sc2s2ck6MV6qLiBdDNcl6xJ8MTM0NTk4MzQ1MkAxMzQ1ODk3MDUy
http://www.youtube.com/redirect?q=http://twitter.com/euroleague&session_token=OeX3Sc2s2ck6MV6qLiBdDNcl6xJ8MTM0NTk4MzQ1MkAxMzQ1ODk3MDUy
http://www.youtube.com/user/Euroleague
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Босанецот Огњен Кузмиќ (22 – 215 см) кој игра на позицијата центар, ќе се приклучи како позајмица во шпанската екипа на Хувентуд од екипата на Уникаха Малага. Од оваа година Кузмиќ е и дел од сениорската селекција на БиХ. Со Уникаха има потпишано тригодишен договор, но во првата година немаше улога во тимот (само два меча одиграни) и играше повеќе за вториот тим (Уникаха Б) со лански учинок од 10,4 поени, 8,6 скока и 2,1 блокада по натпревар. Претходно настапувал за Борац Бања Лука, за финскиот состав на Корихајт и во 2010 година за Челик Зеница. Кузмиќ, според кошаркарските аналитичари, има потенцијал да стане врвен играч во блиска иднина. На НБА драфтот оваа година беше избран како 52-пик во втората рунда од страна на Голден Стејт Вориорс.


Како подготовка за новата сезона, на 21 и 22 септември 2012 ќе се одржи хуманитарен турнир во Ниш, Србија, каде што ќе учествува составот на Партизан, организаторот КК Константин, Раднички Крагујевац и македонскиот тим на МЗТ Скопје.



Барселона во Азулграна го одигра првиот контролен меч против Манреса, како подготовка за новата сезона. Тренерот Чави Пасквал беше задоволен од победата, но од друга страна можеше да ги види и на дело Натан Џаваи, Алекс Абринес, Марко Тодоровиќ и Анте Томиќ кои дебитираа во составот на шпанскиот состав. Во новата сезона од Евролигата, Барселона се наоѓа во групата Д, заедно со екипите на ЦСКА Москва, Партизан, Литвос Ритас, Бросе Баскетс и Бешикташ. Првиот меч Каталонците ќе го имаат на на домашен терен против германскиот тим на Бросе Баскетс на 12 октомври 2012 со почеток од 19:00 часот.



Литванскиот состав на Сакалаи за претстојната сезона може да смета на плејмејкерите Паулиус Дамбраускас (21) и Едвинас Сескус (17) како позајмени игграчи од составот на Литвос Ритас. Дамбраускас лани дебитираше за Литвос Ритас со слаб учинок (Еврокуп 2,0 поени, Балтичката лига 4,5 поени, литванска ЛКЛ национална лига 2,6 поени по натпревар). Сескус немаше значајна улога во првио тим, но затоа имаше поголема минутажа со јуниорскиот тим на Литвос Ритас (4,1 поен и 2,1 скок по натпревар).

Повеќе информации и настани за екипите учеснички во новата сезона од Евролигата 2012-2013, можете да проследите на следните линкови. Facebook, Twitter, Euroleague.com, Euroleague TV, You Tube.
http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=euroleague&source=web&cd=1&cad=rja&sqi=2&ved=0CB0QFjAA&url=http://www.euroleague.net/&ei=puE5UNTmMczxsgbhzoGYBg&usg=AFQjCNHYOF2Q8Wd9gtQeSaLLHp4lMdZx_g
http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=euroleague twitter&source=web&cd=1&cad=rja&ved=0CB0QFjAA&url=http://twitter.com/Euroleague&ei=teE5UK_zHc_AswaHr4CADA&usg=AFQjCNHDNLQCdw3tL-bMXSlyHpPRo88J8g
http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=euroleague facebook&source=web&cd=1&cad=rja&ved=0CB0QFjAA&url=http://www.facebook.com/TheEuroleague&ei=zOE5UKyUJ83Jsga8uIGgAQ&usg=AFQjCNEP5NivDPl6fcx22Y1GwVODi_mMlg
http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=euroleague tv&source=web&cd=1&cad=rja&sqi=2&ved=0CB0QFjAA&url=http://www.euroleague.tv/&ei=3eE5UJ3qAcTYsgaRsYH4Aw&usg=AFQjCNFFBxc34X3-m3iMbduAZ8x9hclGXg
http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q=euroleague youtube&source=web&cd=1&cad=rja&ved=0CCQQFjAA&url=http://www.youtube.com/user/Euroleague&ei=7-E5UMKUF5DptQbD84GwAw&usg=AFQjCNFtHkBRZp9UVRdYEvKI2ZEhf9qefA
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Рускиот тим на Уникс Казан во контролен меч одигран во Ферара славеше против италјанскиот состав на Авелино убедливо со 78:53. Да потсетиме, Уникс Казан игра во квалификациите за пласман во Евролигата, а противник ќе му биде германскиот Ратиофарм Улм.
Уникс Казан: Лајдеј 18 поени, Дедушкин 2, Самојленко 5, Сергејев 3, Веременко 8, Еидсон 9, Вугиукас 6, Кајмакоглу 10, МекКарти 14, Антипов 3



Италјанскиот тим на Палаканестро Канту ќе игра во квалификациите во Евролигата оваа сезона (противник ќе им биде бугарскиот состав на Лукоил Академик). Канту многу лесно извојува победа во контролен дуел пред своите навивачи против швајцарскиот состав на Сав Вакало со резултат 73:41 (25:15 – 18:14 – 15:5 – 15:7).
Палаканестро Канту: Смит 10, Мацарино 10, Брукс 5, Леунен 2, Цукинас 4, Абас 11, Монро 10, Буљан 2, Скот 9, Ди Гиљомариа 4, Бернардини 6



Составот на Анадолу Ефес ќе учествува на турнир (14-15 септември) во Сараево, Босна и Херцеговина. Освен турскиот клуб, ќе се натпреваруваат уште Сплит, домаќинот Босна и Будуќност. Во Евролигата, Анадолу Ефес се наоѓа во групата Ц со Олимпијакос, Каха Лаборал, Жалгирис, Емпорио Армани Милано и Цедевита Загреб.



Новиот член на Реал Мадрид, Американецот Донтеј Дрејпер кој направи трансфер ова лето во шпанскиот клуб, е задоволен од условите, воедно се присетил на своето детство и добри спомени од Балтимор и неговиот пријател Кармело Ентони. Довчерашниот член на Цедевита, со статус на хрватски репрезентативец, е многу горд што ќе го носи дресот на Реал. „Знаев дека Реал Мадрид е еден од најдобрите клубови во Европа и тоа се потврдува откако дојдов во овој тим. Ова е врв на мојата кариера“, рече Дрејпер кој додаде: “Не знам што би правел без кошарката. Во САД многу научив во животот, брзо чекорите напред и тоа многу се цени. Редовно се слушам со Кармело Ентони. Ми честита на договорот со Реал. Тој знае за овој клуб, ќе го повикам да дојде, тој ја сака Шпанија и би било уште подобро, доколку би направил трансфер во Реал Мадрид, зошто да не“. Оваа сезона во Евролигата, Реал Мадрид се наоѓа во групата А, со Панатинаикос, Химки, Фенербахче, Унион Олимпија и еден квалификант.


Германскио тим на Ратиофарм Улм ја најави програмата за одигрување на контролни мечеви пред започнување на новата сезона. Пред одигрувањето на квалификациите за Евролигата (25-28 септември 2012). Избраниците на тренерот Торнстен Либенат (денеска недела 26 август) ќе го имаат првиот тренинг. На 1 септември ќе следи и првиот пријателски дуел против Баерн Минхен, на 6 септември против Тубинген, додека шест дена подоцна против францускиот состав на Стразбур. Како последна проверка пред евролигашките квалификации, Улм ќе учествува на турнир во германскиот град Лих (14-16 септември), а таму ќе се сретне со француски Пур, белгиски Остенде и германски Квакенберг.



Кога веќе го спомнавме Остенде, белгискиот клуб на чело со хрватскиот тренер Дарио Ѓерѓа ги започна веќе подготовките, првата контролка ќе го имаат на 4 септември против германскиот состав на ТББ Триер. На 8 и 9 септември учествува на турнир во францускиот град Карвин, заедно со екипите на Нанси, Гравелин и Орлеан. На 18 и 19 септември и двата последни контролни меча со израелскиот Хапоел Ерусалим.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
25 годишниот плејмејкер Мехмет Јагмур кој доаѓа од градот Измир потпиша договор со турскиот клуб на Олин Едирне за претстојната сезона. Турчинот доаѓа од составот на Бешикташ каде лани имаше учинок од 3,5 поени, 1,4 скок и 1,1 асистенција по натпревар. Со овој состав успеа да стигне до четвртфиналето во УЛЕБ купот во 2008 година. Претходно настапувал за составот на Турк Телеком (7,3 поени, 2,6 скока, 2,9 асистенции). Исто така беше дел и од селекцијата до 20 години н на Европското првенство во Нова Горица, Словенија (таму за осум меча одиграни имаше биланс од 14,5 поени, 3,6 скока и 4,0 асистенции по натпревар).



Како подготовка за новата сезона, бугарскиот состав на Лукоил Академик, каде што тренер е македонскиот стручњак Марин Докузовски, ќе биде домаќин на силен турнир што ќе се одржи на 14 и 15 септември 2012. Во Софија ќе допатуваат уште шпанска Барселона, грчки Панатинаикос и српска Црвена Ѕвезда. Составот на Барселона ќе пристигне прв на 11 септември 2012 и ќе одржи тренинг камп, а посериозните подготовки ќе бидат во градот Правец. Во првите дуели, Лукоил ќе се сретне со Барселона, додека Панатинаикос против Црвена Ѕвезда, додека следниот ден победниците ќе го решат победникот на овој турнир. Натпреварите ќе се одиграат во Арена Армеец со капацитет од 12.470 седишта.Колку за информација, Панатинаикос е шестпати шампион во Евролигата и 32 пати првак на Грција, а минатата сезона загуби во битката за третото место во Евролигата од Барселона.



33-годишниот грчки крилен центар Никос Барлос моментално е на проба во Каха Лаборал и доколку покаже добри резултати, од наредната сезона ќе биде член на шпанскиот тим. Во спротивност, ќе остане во составот на Икарос (Грција). Претходно Барлос ги бранел боите на Паниониос, Маруси, Арис, АЕК и Олимпијакос. Може да се спомне исто така дека Барлос беше член на грчката сениорска репрезентација во освојувањето на сребрениот медал на Медитеранските Игри 2005 година во Алмериа, Шпанија.


Двата најсилни тима во Грција, Олимпијакос и Панатинаикос и понатаму се засилуваат со домашни играчи. За тимот на Олимпијакос, каде што настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ, од наредната сезона може да смета на центарот Костас Карисис (33) кој доаѓа од екипата на Колосос, а за клубот од Пиреа потпиша и 32-годишниот организатор на игра и досегашен член на Паниониос, Мариос Батис.



Од друга страна пак, Панатинаикос вклучи помлад играч, крилниот центар Петрос Мелисаратос кој доаѓа од екипата на Паниониос. Тој настапи оваа година за селекцијата до 18 години на Европското првенство Дивизија А во Лиепаја (Летонија) и Вилнус (Литванија) каде имаше учинок од 10,1 поен, 6,2 скока и 1,0 асистенција по натпревар по девет одиграни меча.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
29-годишниот француски плејмејкер Микаел Гелабале потпиша договор со Цедевита Загреб. Репрезентативецот на Франција (бронзен медал на Европското првенство во 2005 година во Белград, тогашна Југославија) ќе се обиде да му помогне на хрватскиот состав да се најде во втората фаза во Евролигата и да биде меѓу трите најдобри екипи во Јадранската лига. Тренерот Божидар Маљковиќ е задоволен од овој трансфер, со оглед на фактот што со Гелабеле соработувале и претходно две години заедно во Реал Мадрид. Во оваа сезона од Евролигата, Цедевита се наоѓа во групата Ц, со Олимпијакос, Каха Лаборал, Анадолу Ефес, Жалгирис и Армани Милано. Претходно Гелабале ги бранел боите на Шоле (освојување на националната титула и прогласен за МВП), Реал Мадрид, Сиетл Суперсоникс (4,6 поени, 3,0 блокади, 3,0 украдени топки, 2,5 скока и 8,0 асистенции по натпревар) Лос Анџелес Д-Фендерс, АСВЕЛ, Спиру Баскет и Химки.



Досегашниот член на Партизан, Рашко Катиќ (31) би можел да се врати во Црвена Ѕвезда за чија екипа настапуваше во сезоната 2004/2005. Катиќ претходните две сезони ги мина во Партизан, но моментално нема клуб и формата ја темпира во Раднички од Крагуевац. Тој лани пропушти неколку меча, бидејќи имаше здравствени проблеми со лајмската болест (т.е. пренесена со каснување од крлеж). Посакуваше да се пресели во Раднички, но немаше ништо од тоа. Лани во 16 одиграни меча во Евролигата имаше учинок од 6,9 поени и 4,2 скока, во 20 одиграни меча од српската лига 9,6 поени и 4,7 скока, додека во 28 меча од Јадранската лига 8,9 поени и 4,1 скок по натпревар. Катиќ кој игра на позицијата центар, претходно играл и за Хемофарм и Тубинген.



Шпанскиот тим на Реал Мадрид донесе одлука, 19-годишниот Дани Диез (203 см) следната година да настапува за Лагун АРО како позајмен играч. Немаше голема улога во првиот тим (само два одиграни меча), но затоа имаше поголема минутажа во вториот состав на Реал Мадрид Б, каде лани имаше учинок од 16,9 поени и 5,4 скока по натпревар). Диаз со шпанската селекција до 18 години успеа да го освои златниот медал во 2011 година на Европското првенство во Вроцлав, Полска (забележувајќи 12,2 поени и 10,4 скока по натпревар во девет одиграни меча). Исто така, со селекцијата до 20 години го освои бронзениот медал на Европското првенство оваа година во Словенија (14,3 поени и 5,9 скока по натпревар).


Со бугарскиот состав на Лукоил Академик, каде што тренер е Марин Докузовски, и во наредната сезона ќе останат 28- годишниот американски плејмејкер Брендон Хит и бугарскиот организатор на игра, 22-годишниот Божидар Аврамов. За Хит ова ќе биде трета сезона по ред во Лукоил, претходно освојувајќи ја двапати националната титула и двапати трофејот во националниот куп. Во осум одиграни меча од Еврокупот натпреварувањето лани Американецот имаше учинок од 10,6 поени и 4,6 скока по натпревар), додека во националната НБЛ лига забележа 11,7 поени, 5,7 асистенции, 3,7 скока и 2,1 украдена топка. Аврамов во 36 одиграни меча во НБЛ лигата имаше биланс од 10,0 поени, 3,5 асистенции и 1,9 скок по натпревар, додека во Еврокупот немаше некои позабележителни цифри.



34-годишниот Гианис Калампокис (193 см) си замина од редовите на Алба Берлин. Тој одлучи од наредната сезона да настапува за грчкиот тим на Колосос. Лани Калампокис за германскиот тим во Бундеслигата имаше учинок од 1,9 поен, 1,3 скок и 1,7 асистенција по натпревар. Претходно играл и за екипите на Палео, Олимпијакос, АЕК, ПАОК, Паниониос, Бенетон Тревизо и Икарос. Тој беше дел и од грчката репрезентација во освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство во 2009 година во Полска.
 
Член од
20 август 2012
Мислења
1.426
Поени од реакции
448
Микаел Желабал не е плејмејкер,туку е ниско-крило или кошаркарски речено тројка и сигурно е дека ке биде огомно засилување за екипата на Цедевита.Панатинаикос комплетно го реновираше својот тим,ке дојдат сигурно уште некои звучни засилувања и мислам дека ке имаат посилен тим од претходната сезона.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Микаел Желабал не е плејмејкер,туку е ниско-крило или кошаркарски речено тројка и сигурно е дека ке биде огомно засилување за екипата на Цедевита.Панатинаикос комплетно го реновираше својот тим,ке дојдат сигурно уште некои звучни засилувања и мислам дека ке имаат посилен тим од претходната сезона.
да, во право си :) , ниско крило, а официјално и Катиќ си замина од Партизан во Црвена Ѕвезда.
--- надополнето: 27 август 2012 во 18:41 ---
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom