Евролига 2012-2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Мајкл Вилкинсон кој има македонски пасош, е на добар пат да го засили турскиот тим на Бешикташ, новиот дебитант во Евролигата оваа сезона. Последните две години, Вилкинсон ги помина во рускиот Уникс Казан (во руската лига имаше учинок 10,1 поен и 5,7 скока по натпревар). Многу е веројатно да потпише договор овие денови со Бешикташ. Македонскиот кошаркар претходно играл и за Галатасарај (период 2009-2010 година), Арис и Химки.



Жалгирис го најави Римантас Каукенас како ново засилување за претстојната сезона. Минатите две сезони настапуваше за Монтепаски Сиена (лани во Евролигата просек со 14,5 поени, 2,2 скока, 2,5 асистенции, 64.3% реализација од три поени), со чиј состав успеа да ги освои трофеите во првенството и купот. Претходно во Евролигата настапувал и за Реал Мадрид (во 18 меча 10,3 поени, 1,1 скок, 1,3 асистенција). Бил член и на Телеком Бон, Литвос Ритас, Хапоел Галил.

Џој Дорси потпиша нов договор со тимот на Олимпијакос за наредните две години. Американскиот центар му се приклучи на грчкиот клуб лани кон средината на сезоната и имаше клучна улога во составот. Тој имаше шанса летово да се пресели во НБА, но не донесе таква одлука. Ланската сезона во 26-те одиграни мечеви во Евролигата имаше учинок од 6,6 поени, 5,6 скока и 5,0 асистенции по натпревар. Исто така, нов член на Олимпијакос е Стратос Перпероглу, кој стана 10-от играч кој си замина од најголемиот ривал Панатинаикос.



Алан Кофи ќе остане во францускиот тим на Ле Ман и наредните две сезони. Лани со клубот успеа да стигне до финалето во француската ПроА лига, но беа поразени од Шалон. Во периодот од 2009-2010 година настапуваше за француската репрезентација. Во минатата сезона имаше учинок од 10,5 поени и 5,5 скока по натпревар во два одиграни меча од Еврокупот.

Германскиот шампион Бросе Баскетс го најави доаѓањето на Теди Гипсон (32) кој досега настапуваше за По Ортез од Франција, со чиј состав успеа да забележи учинок од 17,1 поен, 4,0 скока и 4,5 асистенции по натпревар во лигата. Во периодот 1999-2003 година настапуваше за Универзитетот Арканзас, а своето деби на европско тло го имаше во холандскиот тим на Демон Астронаутс од Амстердам (12,2 поени) настапувајќи во УЛЕБ натпреварувањето во сезоната 2005-2006. Во Германија претходно настапувал како член на Падерборн. Сега со Бросе за прв пат ќе игра и во Евролигата.


Откако не ја продолжи соработката со Кахасол, Ерл Каловеј (кој се стекна со бугарско државјанство пред две години) официјално стана нов член на шпанска Уникаха Малага, откако потпиша две годишен договор. Со Кахасол во 2011 година успеа да стигне до финалето во Еврокупот (36 меча одиграни 7,6 поени, 3,1 асистенција, 2,2 скока). Во тој клуб дојде од хрватска Цибона во 2009 година, со чиј состав успеа да ги освои титулата во лигата и националниот куп.

За Реал Мадрид потпиша Донтеј Дрејпер, кој ќе остане две години во шпанскиот клуб. Тој доаѓа од хрватската екипа на Цедевита (лани неговиот учинок во Јадранската лига беше 10,4 поени, 3,2 скока, 3,6 асистенции и 2,0 украдени топки по натпревар).



Лукаш Кошчарек (довчерашен член на Трефл Сопот) е нов член на Проком. Тој му помогна Трефл да го освои полскиот куп и беше прогласен за МВП. Лани во 49 одиграни меча во првенството постигнуваше во просек 15,5 поени по натпревар.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Да потсетиме уште еднаш на календарот и мечевите за регуларниот дел од претстојната нова сезона во Евролигата 2012/2013. :)
Група А
1. Коло – 11-12 октомври 2012 година​
Фенербахче Улкер-БЦ Химки​
Реал Мадрид-Панатинаикос​
Квалификант-Унион Олимпија​
2. коло – 18-19 октомври 2012​
Унион Олимпија-Фенербахче​
Панатинаикос-квалификант​
Химки-Реал Мадрид​
3. коло – 25-26 октомври 2012​
Фенербахче-Реал Мадрид​
Квалификант-Химки​
Унион Олимпија-Панатинаикос​
4. коло – 1-2 ноември 2012​
Фенербахче-Панатинаикос​
Химки-Унион Олимпија​
Реал Мадрид-квалификант​
5. коло – 8-9 ноември 2012​
Квалификант-Фенербахче​
Унион Олимпија-Реал Мадрид​
Панатинаикос-Химки​
6. коло – 15-16 ноември 2012​
Химки-Фенербахче​
Панатинаикос-Реал Мадрид​
Унион Олимпија-квалификант​
7. коло – 22-23 ноември 2012​
Фенербахче-Унион Олимпија​
Квалификант-Панатинаикос​
Реал Мадрид-Химки​
8. коло – 29-30 ноември 2012​
Реал Мадрид-Фенербахче​
Химки-квалификант​
Панатинаикос-Унион Олимпија​
9. коло – 6-7 декември 2012​
Панатинаикос-Фенербахче​
Унион Олимпија-Химки​
квалификант-Реал Мадрид​
10. коло – 13-14 декември 2012​
Фенербахче-квалификант​
Реал Мадрид-Унион Олимпија​
Химки-Панатинаикос​
Група Б
1. коло – 11-12 октомври 2012
Уникаха Малага-Макаби Електра
Монтепаски Сиена-Алба Берлин
Елан Шалон-Асеко Проком

2. коло – 18-19 октомври 2012
Асеко Проком-Уникаха Малага
Алба Берлин-Елан Шалон
Макаби Електра-Монтепаски Сиена

3. коло – 25-26 октомври 2012
Уникаха-Монтепаски
Шалон-Макаби
Проком-Алба

4. коло – 1-2 ноември 2012
Уникаха-Алба
Макаби-Проком
Монтепаски-Шалон

5. коло – 8-9 ноември 2012
Шалон-Уникаха
Проком-монтепаски
Алба-Макаби

6. коло – 15-16 ноември 2012
Макаби-Уникаха
Алба-Монтепаски
Проком-Шалон

7. коло – 22-23 ноември 2012
Уникаха-Проком
Шалон-Алба
Монтепаски-Макаби

8. коло – 29-30 ноември 2012
Монтепаски-Уникаха
Макаби-Шалон
Алба-Проком

9. коло – 6-7 декември 2012
Алба-Уникаха
Проком-Макаби
Шалон-Монтепаски

10. коло – 13-14 декември 2012
Уникаха-Шалон
Монтепаски-Проком
Макаби-Алба



Група Ц
1. коло – 11-12 октомври 2012
Олимпијакос-Каха Лаборал
Жалгирис Каунас-Цедевита Загреб
ЕА7 Емпорио Армани-Анадолу Ефес

2. коло – 18-19 октомври 2012
Анадолу-Олимпијакос
Цедевита-Армани
Лаборал-жалгирис

3. коло – 25-26 октомври 2012
Олимпијакос-Жалгирис
Армани-Лаборал
Анадолу-Цедевита

4. коло – 1-2 ноември 2012
Олимпијакос-Цедевита
Лаборал-Анадолу
Жалгирис-Армани

5. коло – 8-9 ноември 2012
Армани-Олимпијакос
Анадолу-Жалгирис
Цедевита-Лаборал

6. коло – 15-16 ноември 2012
Лаборал-Олимпијакос
Цедевита-Жалгирис
Анадолу-Армани

7. коло – 22-23 ноември 2012
Олимпијакос-Анадолу
Армани-Цедевита
Жалгирис-Лаборал

8. коло – 29-30 ноември 2012
Жалгирис-Олимпијакос
Лаборал-Армани
Цедевита-Анадолу

9. коло – 6-7 декември 2012
Цедевита-Олимпијакос
Анадолу-Лаборал
Армани-Жалгирис

10. коло – 13-14 декември 2012
Олимпијакос-Армани
Жалгирис-Анадолу
Лаборал-Цедевита

Група Д
1. коло – 11-12 октомври 2012
ФЦ Барселона Регал-Бросе Баскетс
Бешикташ ЈК-Партизан МТ:С
Цска Москва-Литвос Ритас

2. коло – 18-19 октомври 2012
Литвос-Барселона
Партизан-Цска
Бросе-Бешикташ

3. коло – 25-26 октомври 2012
Барселона-Бешикташ
Цска-Бросе
Литвос-Партизан

4. коло – 1-2 ноември 2012
Барселона-Партизан
Бросе-Литвос
Бешикташ-Цска

5. коло – 8-9 ноември 2012
Цска-Барселона
Литвос-Бешикташ
Партизан-Бросе

6. коло – 15-16 ноември 2012
Бросе-Барселона
Партизан-Бешикташ
Литвос-Цска

7. коло – 22-23 ноември 2012
Барселона-Литвос
Цска-Партизан
Бешикташ-Бросе

8. коло – 29-30 ноември 2012
Бешикташ-Барселона
Бросе-Цска
Партизан-Литвос

9. коло – 6-7 декември 2012
Партизан-Барселона
Литвос-Бросе
Цска-Бешикташ

10. коло – 13-14 декември 2012
Барселона-Цска
Бешикташ-Литвос
Бросе-Партизан
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Украинскиот тим на Донецк продолжува со новите имиња за наредната сезона. Во клубот каде што настапува македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски, пристигна 29-годишниот Дорон Перкинс, довчерашниот член на Бенет Канту (лани во првенството за 18 меча имаше учинок од 11,1 поен, 6,2 скока, 3,3 асистенции и 2,1 украдена топка). Претходно настапувал за израелскиот состав на Макаби Тел Авив. Со новиот клуб Донецк ќе учествува во овогодинешните квалификации за настап во Евролигата.



Кошаркарот од Сенегал со германски пасош, Бонифас Н’Донг, по три изминати сезони во Барселона, за 1,2 милион евра ќе замине во турскиот клуб на Галатасарај. 35-годишниот центар потпиша едногодишен договор. Каталонците не успеаја да го задржат, откако му нудеа плата нешто помалку од 1 милион евра по сезона. По Дејвид Хокинс, Милан Мачван, Џамонт Гордон и Хенри Домеркант, Н’Донг ќе биде петтото ново засилување за Галатасарај.

Со турскиот Бешикташ останаа Берис Херсек (во 32 меча во првенството, 2,8 поени и 1,4 скока) и Серхат Четин (во 34 меча во првенството, 6,2 поени, 3,1 асистенција и 2,3 скока) на уште една година и настап во Евролигата. Тие лани со клубот го освоија Турскиот куп.



Унион Олимпија се засили со Американецот Дилан Пејџ, кој минатите три сезони ги помина во францускиот тим на Роан. Неговиот учинок лани во 14 меча од Еврочелинџ натпреварувањето (13,8 поени и 4,9 скока по натпревар). Претходно го носел дресот и на По Ортез и Гранада. Пејџ доаѓа од Универзитетот на Висконсин, Милвоки каде што дипломирал.

Саша Вујачиќ ќе остане со турскиот состав на Анадолу Ефес и наредната сезона. Клаузулата на словенечкиот играч во неговиот договор истече. На неговата позиција во составот од оваа година ќе игра и поранешниот член на Њу Џерси Нетс, Џордан Фармар.




Босанскиот играч Анте Машиќ е нов член на Цибона од Загреб. За хрватите ова е одлично засилување, кој има добри настапи во националната репрезентација. Малколм Делани, американскиот плејмејкер кој лани настапуваше за Шалон освојувајќи ја француската титула (15 поени по натпревар), исто така најверојатно ќе биде нов член на Цибона Загреб. За неговите услуги беше и заинтересиран Виртус Болоња.

Младиот француски репрезентативец Лео Вестерман стана најзвучно засилување на Партизан во летниот преоден рок. „Се надевам дека во Евролигата успешно ќе тргнеме, но и во домашното првенство. Доколку ми се укаже шанса да настапам на теренот, максимално ќе ја искористам со цел да и помогнам на екипата“, рече Вестерман.


Исто така треба да се каже дека Душан Кецман си замина од белградскиот клуб и наредната сезона ќе го носи дресот на францускиот Роан. Тој успеа со Панатинаикос да ја освои титулата во Евролигата (2008-2009), додека освоил 17 трофеи со Партизан. Српскиот клуб до 20 август ќе тренира во Белград, а потоа ќе им следи двонеделна турнеја во Австралија до 6 септември 2012. По тие подготовки, се враќаат во Србија, на 14-15 септември во Бањалука ќе учествуваат на турнир каде што ќе се натпреваруваат уште рускиот Химки, словенечката екипа Крка и домаќинот Игокеа.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Стефано Манчинели би можел да се пресели во составот на турскиот клуб Фенербахче и тоа само за негови настапи во Евролигата. Италјанскиот кошаркар, капитен во националната репрезентација, е сеуште слободен играч по неговото искуство во Олимпиа Милано. Откако шпанскиот клуб на Билбао, не го пушти Костас Василеиадис да преговара со турскиот клуб, челниците на Фенербахче се свртеа кон Манчинели и се надеваат на негон ангажман. За неговите услуги беа заинтересирани и Виртус Болоња, но понудата не беше примамлива. Да потсетиме, во Фенербахче ова лето се засили со македонскиот репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб, а како нов тренер е назначен Симоне Пианиџани, моментален селектор на Италија.


Дервин Кичен е многу блиску до договор со грчкиот клуб Панатинаикос. Американскиот плејмејкер ланската сезона ја мина во Макаби Ришон (учинок 14,9 поени, 7,0 скока и 3,3 асистенции по натпревар). На име обесштетување израелскиот тим би требало да инкасира околу 200.000 илјади долари.

Довчерашниот член на Хувентуд Бадалона, црногорскиот кошаркар Марко Тодоровиќ потпиша две годишен договор со Барселона со можност за уште една година (2+1). Младиот центар лани за Хувентуд постигнуваше во просек по 8,2 поени по натпревар. Беше дел од селекцијата до 20 години на Евробаскетот во Билбао, Шпанија.



Цибона Загреб се засили со Твит Картер кој доаѓа од израелскиот состав на Бнеи Хашарон (лани 20,7 поени и 7,1 асистенција по натпревар во израелската лига).



Српскиот интернационалец Предраг Супут потпиша договор со Цедевита Загреб. Тој од 2007 година па се до крајот на оваа сезона настапуваше за германскиот состав на Бросе Баскетс, со чиј тим успеа да дојде до титулата во Бундеслигата (неговиот учинок лани беше 8,4 поени, 2,8 скока и 1,8 асистенција по натпревар).
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Австралискиот центар Мет Нилсен останува и следната сезона во рускиот клуб на Химки. Лани во Еврокупот имаше учинок од 2,9 поени, 2,8 скока, 1,2 асистенција по натпревар. Тој во 2010 настапуваше за Олимпијакос, додека една година пред тоа со шпанскиот состав на Валенсија успеа да дојде до трофејот во Еврокупот (9,6 поени, 4,8 скока и 2,5 асистенции). Нилсен беше член и на Литвос Ритас, со чиј клуб успеа три пати да ја освои титулата во Балтичката лига. Настапува за репрезентацијата од 2000 година.



Макаби Тел Авив потпиша пет-годишен договор со младиот 17-годишниот Итај Сегев кој моментално настапува за израелската селекција до 18 години. Благодарение на неговиот агент Ави Зилберман ќе има шанса да настапи во Евролигата за Макаби, каде што тренер е рускиот селектор Дејвид Блат. Зилберман потенцираше дека Сегев има огромен потенцијал и би можел да се најде на листата на НБА драфтот во 2014 година.


Цедевита Загреб продолжува со засилувањата за претстојната сезона. Нивното последно ново име е Горан Сатон (доаѓа од Универзитетот во Мичиген) кој игра на центарската позиција. Претходно Цедевита во својот тим ги доведе Предраг Супут, Брејси Врајт, Марко Томас и Лукша Андриќ. Сатон лани беше член на Цибона, со чиј состав успеа да стигне до титулата во лигата. (5,7 поени и 4.0 скока во Еврокупот). Претходно го носел дресот на Анџелико Биела и Спартак Ст. Петерсбург. Исто така хрватскиот тим е заинтересиран да го доведе Американецот Маркиз Грин, кој настапува за македонската репрезентација. Откако го повреди коленото и не успеа да го продолжи договорот со Скандоне Авелино по двегодишна соработка (16,1 поен, 4,5 скока, 6,1 асистенција по натпревар во италјанската лига), најверојатно ќе се пресели во нов клуб. За него е заинтересиран и Монтепаски Сиена, кој би можел да биде замена за Лестер Бо МекКејлеб кој се пресели во Фенербахче.



Жалгирис се обидува да го ангажира Ксистоф Лавринович, со цел следната сезона да се одбрани двојната круна. Литванецот по пет изминати години би можел да си замине од Апенинскиот полуостров и Монтепаски Сиена. Во периодот 2011-2012 во Евролигата имаше учинок од 12,6 поени по натпревар. Во сезоната 2006-2007 година беше дел и од составот на Уникс Казан (13,2 поени по меч во руското првенство).



Гинтарас Крапикас ќе му биде помошник на тренерот Ацо Петровиќ во составот на рускиот клуб Уникс Казан за следната сезона. Претходно Крапикас како што помошник тренер бил и во екипите на Исерлох и Жалгирис, а истата улога ја имаше и во литванската репрезентација во периодот 2004/2005 година.

Менаџерот на Бешикташ, Абдулах Озер, ја потврди информацијата дека турскиот клуб ќе потпише договори со Дамир Маркота, Куртис Џерелс и Гаспер Видмар. Во наредните денови, турските шампиони имаат намера да се засилат и на центарската позиција.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Довчерашниот член на Монтепаски, Бутси Торнтон и официјално потпиша за Динамо Сасари. Американецот со клубот од Сиена успеа да ги освои трофеите во првенството и купот. Лани имаше постигнуваше во просек 7,2 поени по натпревар. Во меѓувреме, Монтепаски се засили со американскиот плејмејкер Боби Браун кој минатата сезона ја помина во германскиот состав на Олденбург. Неговиот учинок (во Бундеслигата 16,9 поени и во Еврочелинџ 15,8 поени по натпревар).


Канер Топалоглу е нов член на турскиот клуб Пинар Каршијака. Топалоглу минатата сезона го носеше дресот на Галатасарај (3,3 поени по натпревар во турската ТБЛ лига).

Крилниот играч Пиотр Шчотка, центарот Адам Хручанук и крилниот центар Роберт Витка го продолжија договорот со полскиот тим на Проком. За Шчотка и Хручаниук ова ќе биде петта сезона во полскиот шампион, додека Витка настапува во овој клуб од 2010 година.



Од францускиот состав на Шалон си замина американскиот плејмејкер Малколм Делани кој потпиша со украинскиот тим на Будивелник. Делани со Шалон лани ја освои титулата во лигата. Во Будивелник дојде и Литванецот Даиниус Саленга кој минатата сезона го носеше дресот на Жалгирис Каунас.



По Батист, Јасикевичиус, Сато, Кајмакоглу, Мариќ, Вонукас, Перпероглу, Лоун и Калатес, американското крило Стивен Смит (203 см) стана уште еден играч, кој го напуштил грчкиот гигант Панатинаикос ова лето. Тој си заминува од Атина по една сезона во дресот на "детелините", а следната дестинација во неговата кариера е Италија, каде што ќе игра за Виртус Болоња. 29-годишниот Американец одигра вкупно 52 средби за Панатинаикос во Евролигата и во грчкото првенство. Во 20 средби од најквалитетното европско клупско натпреварување тој имаше учинок од 7,3 поени и 2,9 скока по натпревар.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Српскиот интернационалец и организатор Игор Ракочевиќ (34) го напушти италјанскиот состав на Монтепаски Сиена. По осум изминати години, Ракочевиќ повторно се враќа во екипата на Црвена Ѕвезда каде ќе остане наредните две сезони. Токму Црвена Ѕвезда беше првиот клуб во неговата професионална кариера и тоа во периодот 1995-2000 година. Неговото последно искуство со црвено-белите беше во сезоната 2003-2004 година. Србинот со Монтепаски лани успеа да ги освои трофеите во првенството и купот (11,1 поен, 2,1 скок и 1,6 асистенција по натпревар во одиграни меча од лигата). Претходно бил член и на екипите Будуќност Подгорица, Памеса Валенсија, Реал Мадрид, Тау Керамика (првак во Шпанија), Ефес Пилсен, а настапувал и во НБА лигата за Минесота Тимбервулвс. Тој беше дел и од селекцијата на тогашна Југославија, потоа и Србија во периодот од 1998-2006 година.


Германскиот клуб на Бросе Баскетс е многу блиску до потпис со австралискиот центар Ендрју Џејмс Огилви (211см). Лани тој настапуваше за Валенсија (9,8 поени и 3,3 скока по натпревар во 8 одиграни меча од Еврокупот). Стигна до финалето во ова натпреварување. Претходно има играно една сезона во Бешикташ (12,9 поени, 6,9 скока и 1,1 блокада по натпревар во 30 меча од турската ТБЛ лига).



Францускиот тим на Шоле го официјализираше доаѓањето на Маркус Гориј. Американскиот крилен центар лани настапуваше за ПАОК, а потоа се врати во Бенетон Тревизо во италјанската Серија А лига. (13,1 поен по натпревар).
Довчерашниот член на Остенде, американскиот плејмејкер Двајт Бајкс, го засили францускиот состав на Гравелин-Данкерк. Минатата сезона со белгискиот клуб ја освои титулата во националната Етиас лига.



Пиотр Памула (22) потпиша договор со Асеко Проком Гдиниа. Тој доаѓа од АЗС Кошчалин каде имаше учинок од 12,2 поени во полската лига лани. Претходно го носел дресот и на екипите на Политехника Варшава, Стал Сталова и Полонија, а е и член на националната репрезентација на Полска од 2011 година.

Австралиецот Бред Њули следната сезона ќе игра за шпанската екипа на Гран Канариа. Ланската сезона ја мина во Литвос Ритас, а потоа беше член на шпанскиот состав на Валенсија (6,5 поени по натпревар во националната АЦБ лига).



Монтепаски Сиена потврди дека и во наредните две години може да смета на двајцата кошаркари, Марко Карарето и крилниот центар Томас Рес. Карарето дојде во Сиена на почетокот на сезоната 2006-2007 година освојувајќи шест шампионски титули во Серија А шампионатот, додека Рес се приклучи од сезоната 2007-2008 година.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Рускиот клуб Уникс Казан е многу блиску до потпис со американскиот плејмејкер Мајр Четмен. Последните три сезони ги мина во Турција, во екипите на Бешикташ и Каршијака. Лани беше втор на листата на стрелци во лигата, воедно прв асистент и четврти блокер (20 поени по натпревар). Исто така, беше втор стрелец две години по ред во Еврочелинџ натпреварувањето. Претходно бил член на Вентспилс, со чиј состав успеа да стигне до титулата во Летонија и да биде прогласен за МВП. Во Евролигата за прв пат има настапувано сезоната 2004-2005 година во францускиот тим на По Ортез (беше прв асистент на листата по завршувањето на сезоната). Со рускиот тим на Динамо Москва успеа да стигне до трофејот во УЛЕБ купот, под раководство на тренерот Душан Ивковиќ. Исто така е потврдено дека ветеранот Кели МекКарти (37) ќе остане уште една година со Уникс (лани 5,9 поени и 3,8 скока во 18 настапи од Евролигата).



Американскиот крилен центар Деон Томпсон (24) според информациите е многу блиску да стане член на германската екипа Алба Берлин. Лани Томпсон играше за словенечкиот состав на Унион Олимпија со учинок од 12,2 поени и 5,3 скока по натпревар во Јадранската лига.

Жалгирис Каунас и официјално се засили со Ксистоф Лавринович кој потпиша двегодишен договор. Минатите пет години Лавринович ги мина во италјанскиот клуб на Монтепаски Сиена освојувајќи пет титули во лигата, пет во Суперкупот и четири во националниот куп. Во минатата сезона имаше учинок од 9,7 поени и 3,9 скока по натпревар во Евролигата. Во Жалгирис ќе му се придружи на неговиот брат близнак Дарјус Лавринович. Од Сиена во Жалгирис дојде и плејмејкерот Римантас Каукенас. На тимот му се приклучи и Тадас Климавичиус.



Откако си заминаа од клубот, Ксистоф Лавринович и Дејвид Андерсен, Монтепаски Сиена ќе мора да се засили на центарската позиција со нови имиња за претстојната сезона. Најавен е интерес за Србинот Мирослав Радуљица и хрватскиот интернационалец Марио Касун. Радуљица лани настапуваше за Партизан, додека Касун беше член на Загреб вкупно две сезони. Касун имаше учинок од 17,9 поени, 8,3 скока и 1,1 асистенција по натпревар во Јадранската лига, додека во Евролигата 12,2 поени и 6,6 скока. Исто така, и официјално во италјанскиот состав ќе игра и центарот кој доаѓа од Нигерија, со италјански пасош, Бенџамин Езе кој потпиша двегодишен договор. Се враќа повторно во Сиена после две години. Претходно го носел дресот на Химки Москва (8,1 поен – 4,1 скок - 1,3 блокада) и Олимпиа Милано.


Фенербахче во наредните денови ќе го официјализира доаѓањето и потпишувањето на Австралиецот со дански пасош и довчерашен член на Монтепаски Сиена, Дејвид Андерсен. Тој во турскиот клуб би добивал 800.000 илјади евра по сезона. Лани беше тренер на клубот од Сиена, сега повторно ќе соработуваат заедно сега во новиот клуб Фенербахче, Симоне Пианиџани и Дејвид Андерсен.



Од шпанската екипа на Уникаха Малага, си замина летонскиот плејмејкер Кристапс Валтерс (31) кој од наредната сезона ќе игра на домашно тло во составот на Вентспилс. За негов ангажман беше заинтересиран и Монтепаски Сиена, но одлучи да се врати во својата родна земја заедно со неговиот брат Сандис Валтерс во составот на Вентспилс.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Жалгирис Каунас би можел да се засили со американскиот плејмејкер Оливер Лафајет (28). Ланската сезона ја мина во полскиот состав на Асеко Проком Гдиниа, како и во турскиот клуб Анадолу Ефес каде што имаше учинок од 7,5 поени, 2,5 скока и 2,5 асистенции по натпревар во турската ТБЛ лига.



Довчерашниот член на Литвос Ритас, Александар Рашиќ (28), ги прифатил условите на Монтепаски Сиена и ќе нов играч на италјанскиот клуб. Лани за литванскиот клуб, српскиот плејмејкер имаше учинок од 7,0 поени по натпревар во Еврокупот и 8,0 поени по натпревар во Балтичката лига. Претходно настапувал за Борац Чачак, ФМП Железник (два трофеи во купот на Радивој Кораќ), Ефес Пилсен (трофеј во турскиот куп), Динамо Москва, Алба Берлин (титула во Бундеслигата), Партизан и Трабзон.


Американскиот плејмејкер Џон Шејер (25) е преговори за ангажман во шпанската екипа на Гран Канариа. Тој во изминатата 2011-2012 сезона настапи одреден период во израелскиот состав на Макаби Тел Авив, но со многу мала минутажа дадена од тренерот и селектор на Русија, Дејвид Блат, во настапите од Евролигата и националната израелска лига. Во 23 одиграни меча од Јадранската лига имаше учинок од 3,0 поени по натпревар. Шејер играше во Летната лига во Орландо настапувајќи за Филаделфија Сиксерс.



Монтепаски Сиена и Марио Касун (32) имаа успешни преговори, па така хрватскиот центар наредните две години ќе носи дресот на италјанскиот клуб. Неговиот учинок во Загреб лани во Јадранската лига (17,9 поени и 8,3 скока по натпревар) и во Евролигата (12,2 поени и 6,6 скока по натпревар). Претходно бил член на Орландо Меџик, Барселона и Ефес Пилсен. Уште пред две години Монтепаски пројави интерес за Касун, но тогаш не беше постигнат договор.



Словенечкиот центар Гаспер Видмар (24) наредната сезона ќе игра за турскиот клуб на Бешикташ. Тој доаѓа од составот на Фенербахче каде во просек постигнуваше по 4,1 поен по натпревар и 2,6 скока во Евролигата, додека во турската ТБЛ лига имаше учинок од 3,7 скока и 2,4 скока по натпревар. Претходно успеал со Унион Олимпија да ја освои титулата во првенството во периодот 2009-2010 година, додека за репрезентацијата на Словенија имал одиграно над 100 меча.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Панатинаикос му понуди на Антонис Фотсис тригодишен договор со цел да го донесе назад во грчката екипа, но ваквото барање беше веднаш одбиено од страна на италјанскиот тим на Милано. Фотсис лани потпиша двегодишен договор со Олимпиа и тој е еден од нивните главни играчи на натпреварите. Олимпиа Милано посакува оваа сезона да ја освои титулата во италјанската Серија А лига и да ја прекине шестгодишната доминација на Монтепаски Сиена.



Германскиот состав на Алба Берлин го назначи новото засилување за претстојната сезона, Деон Томпсон (24). Американскиот крилен центар доаѓа од Словенија, од составот на Унион Олимпија. (неговиот учинок во Јадранската лига минатата сезона, 12,0 поени и 5,3 скока по натпревар).



Литванецот Повилас Цукинас и Американците Крис Монро и Тајлер Бернардини ќе бидат дел од тренинг кампот на италјанскиот тим на Палаканестро Канту кој ќе започне наредната недела. 29-годишниот Цукинас имал играно претходно за Канту во сезоната 2007-2008 година, додека 31-годишниот Монро стекнал искуство во Италија играјќи за екипите на Наполи, Бриндиси и Милано. Бернардини (24) кој игра на позицијата плејмејкер, доаѓа од националниот колеџ на Пенсилванија (неговиот учинок лани во 31 одигран меч, 12,2 поени, 4,5 скока, 1,3 асистенција и 1,2 украдена топка по натпревар).


Литванскиот тим на Жалгирис го комплетираше составот за следната сезона. Организаторот на игра, Адас Јускевичиус (23) го продолжи договорот со клубот на две години. Неговиот биланс ланската сезона во националната лига (10,9 поени, 3,0 скока, 2,7 асистенции и 1,3 украдена топка по натпревар). Од оваа година започна да настапува за литванската сениорска селекција.



На тренинг кампот на шпанскиот состав на Билбао ќе се приклучи грчкиот кошаркар Димитрис Вергинис (25). Минатата година беше член на Арис Тесалоники (7,6 поени и 1,6 асистенција по натпревар во 26 меча одиграни во лигата). Настапуваше за Панатинаикос во периодот 2008-2010 година, но имаше многу мала минутажа, па беше позајмен во тимот на Арис. Го носеше дресот и на ПАОК каде постигнуваше во просек по 10,8 поени по одигран натпревар.



Цедевита го назначи новото засилување за наредната сезона. Тој е хрватскиoт кошаркар кој игра на позицијата крило и доаѓа од Сплит (лани 9,1 поен и 3,8 скока по натпревар), 21-годишниот Лука Бабиќ кој потпиша четиригодишен договор. Тој ќе му се приклучи на тимот по завршувањето квалификациите со хрватската репрезентација за пласман на наредното Европско првенство 2013 година во Словенија. “Ова е т.н. пресврт во мојата кариера. Ќе бидам член на екипа од Евролигата, а и прв пат ќе настапам во Јадранската лига. Цедевита има одличен состав, искусни играчи и интернационалци. Се надевам дека тренерот Маљковиќ, кој добро се снаоѓа со младите кошаркари, ќе ми даде шанса да играм на теренот со останатите. Во првата година не очекувам голема минутажа, но со тек на време ќе напредувам“, вели Бабиќ. Новост исто така во клубот е новиот помошник на тренерот, Младен Старчевиќ кој пет години работел во Полска. Му помагал на Невен Спахиќ во Цибона и Змаго Сагадин во Унион Олимпија.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Довчерашниот член на Нимбурк, Ламејн Вилсон потпиша со германската екипа на Артланд Драгонс. Лани во националната лига за чешкиот клуб имаше учинок од 14,5 поени, 5,1 скок, 1,3 асистенција и 1,3 украдена топка, додека во Балтичката лига, 5,9 поени, 1,3 асистенција и 1,3 украдена топка по натпревар.



Ново засилување во составот на Реал Мадрид е Донтеј Дрејпер. Американецот со хрватски пасош минатата сезона ја мина во Цедевита Загреб со чиј состав во Јадранската лига имаше учинок од 10,4 поени, 3,2 скока и 3,6 асистенции по натпревар. Нешто подобар биланс имаше во Еврокуп натпреварувањето постигнувајќи 14,3 поени, 2,6 скока, 3,7 асистенции и 2,0 украдени топки по натпревар.


Нов член на Панатинаикос стана 23-годишниот Харалампос Гианопулос. Грчкиот кошаркар потпиша едногодишен договор со можност на уште една година. Лани настапуваше за Перистери (во националната лига во 24 меча одиграни имаше учинок од 12,4 поени, 5,3 скока и 1,9 асистенција). Тој во периодот 2008-2009 година беше член и на Олимпијакос, но поголемиот дел настапуваше во јуниорската екипа. Со националната селекција до 20 години успеа да го освои златниот медал на Европското првенство пред три години што се одржа токму во Грција.



Украинскиот тим на Донецк, каде што настапува македонскиот репрезенативец Војдан Стојановски, доби вајлд карта, односно право на учество во Балтичката лига во претстојната сезона, по одлуката на челниците на оваа лига. Ланските украински шампиони и претходно имаа настап во ова натпреварување во сезоната 2009-2010 година, кога имаа три победи од шест меча и не успеаја да се најдат во плејофот. Нивни противници во групата А ќе им бидат руските екипи Химки, Уникс Казан и Спартак, литванскиот Литвос Ритас, украинскиот Азовмаш, полскиот тим на Туров и Астана од Казахстан. Да потсетиме, Донецк ќе игра во квалификациите за пласман оваа година во Евролигата, а прв ривал ќе му биде Ле Ман од Франција.



Крилниот американски играч Крис Ворен (31) е многу блиску до заминување од хрватската екипа на Цедевита. Тој би требало да се врати во Италија, во составот на Сидигас Авелино. Претходно на Апенинскиот полуостров има играно во тимот на Авелино во сезоната 2008-2009 година (14,8 поени, 4,9 скока, 2,0 асистенции и 2,3 украдени топки по натпревар).



Игор Ракочевиќ е повторно во Црвена Ѕвезда, а колку бил позитивно пречекан, потврдило и присуството на многубројните навивачи на неговата промоција на Мал Калемегдан во Белград. “Големо е задоволство е што сум повторно во матичниот клуб. Со луѓето што сум денеска во клубот имаме убави спомени, освојувавме разни трофеи. Остварена е мојата желба кариерата да ја завршам во Црвена Ѕвезда, поради тоа сум многу среќен. Следува тешка и напорна работа на тренинзите, чекор по чекор со максимална ангажираност кон исполнување на задачите и успеси во мечевите. Верувам и се надевам дека ќе придонесам тимот да освојува титули во првенството и купот, а исто така посакувам наредната сезона да се најдеме во најдобрата елита наречена Евролигата“, рече 34-годишниот српски плејмејкер и довчерашен член на Монтепаски Сиена.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Дејвид Андерсен потпиша двегодишен договор со Фенербахче. Австралиецот со дански пасош и досегашен член на Монтепаски Сиена, ќе заработува 800.000 илјади евра по сезона во турскиот клуб. Во 20 меча лани играјќи за клубот од Сиена во Евролигата, имаше учинок од 11,7 поени и 6,2 скока по натпревар. Во сезоната 2009-2010 година, настапуваше во НБА лигата, за составот на Хјустон Рокетс (63 одиграни меча, 5,8 поени и 3,3 скока по натпревар). Играше и за репрезентацијата на Австралија на Олимписките игри во Лондон, од 12 земји учесници на олимпискиот кошаркарски турнир, беше освоено седмото место (три победи и три порази).



Остенде го назначи новото име во овој летен период, тоа е Марио Стојиќ (32). Германскиот плејмејкер доаѓа од шпанскиот Луцентум Аликанте, во чиј состав мина три сезони и лани имаше учинок од 4,3 поени и 2,2 скока по натпревар. Да потсетиме, Остенде ќе настапи на овогодинешните квалификации за пласман во Евролигата, а противник ќе му биде чешкиот претставник Нимбурк.



Крилниот центар, Шон Стоунрук со италјански пасош (35) најави дека се повлекува од активното играње кошарка објавувајќи на неговиот Твитер профил. Американецот со неговиот довчерашен клуб Монтепаски Сиена имаше големи резултати, освојувајќи шест национални титули и многу други трофеи. “Решив да се повлечам, иако беше тешко за мене. Имав многу добра кариера, освојував трофеи многу повеќе отколку што си замислував. Им се заблагодарувам на навивачите кои беа нашиот шести играч на теренот. Исто така во сите овие изминати 12 години, им се заблагодарувам и на моите поранешни соиграчи и секако на тренерите. Добредојден е секој, доколку посакува да му помогнам на кошаркарски план“, рече Стоунрук, кој доаѓа од Охајо. Претходно го носел дресот на Канту и на белгискиот Антверпен.



Првиот противник на украинскиот Донецк и Војдан Стојановски во квалификациите за пласман во Евролигата, француската екипа на Ле Ман се засили со американскиот плејмејкер Виктор Катберт (29) кој потпиша едногодишен договор. Тој доаѓа од рускиот состав на Спартак Приморје Владивосток со чој состав забележа учинок од 13,1 поен и 7,5 скока по натпревар лани во руската национална ПБЛ лига. Само на два меча со тимот настапуваше во квалификациите за Еврочелинџ натпреварувањето, постигнувајќи 13, 5 поени 5,5 скока и 2,5 украдени топки. Претходно го носел дресот и на шпанските екипи на Менорка и Сарагоса.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Францускиот тим на Шоле се засили со кошаркарот Бен Узох (24) кој доаѓа од американскиот колеџ на Тулса. Ланската сезона Американецот играше во НБА лигата, во составот на Торонто Репторс, во чиј состав имаше мала минутажа, со скромен учинок од 6,6 поени, 4,4 скока и 3,8 асистенции по натпревар. Во октомври 2011 година беше дел од рускиот состав на Локомотив Кубан, но беше ослободен само по два одиграни меча.



Американскиот плејмејкер Брендон Хит и во наредната сезона ќе остане во бугарскиот состав на Лукоил Академик, каде што тренер е Марин Докузовски. Преговорите биле успешни, со што Хит го продолжил договорот, но постоеше опција и за прекин на соработката пред стартот на новата кампања. Ќе се обиде со клубот преку квалификациите за прв пат да обезбеди пласман во Евролигата, а противник ќе им биде Палаканестро Канту од Италија. Тој дојде во Бугарија, од кипарскиот тим на Хапоел Никозија во 2010 година. Лани во бугарската НБЛ лига во 35 средби имаше учинок од 11,7 поени, 5,7 асистенции, 3,7 скока и 2,1 украдена топка по натпревар.



Украинскиот тим на Донецк, каде што игра македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски, за претстојната сезона ги ангажираше Денис Лукашов и Андреј Малиш кои доаѓаат од украинскиот состав на Будивелник. Лукашов имаше биланс од пет поени, три скока и три асистенции, додека Малиш постигнуваше по четири поени на натпревар во националната лига. Да потсетиме, во квалификациите за пласман во Евролигата, Донецк ќе игра против Ле Ман од Франција.


28-годишниот плејмејкер Виктор Сада ќе остане во Барселона до 2016 година. Тој го продолжи договорот на уште четири години со шпанските шампиони, кој лани во Евролигата во 21 одигран меч имаше учинок од 3,1 поен и 2,4 скока по натпревар. Со Каталонците успеа четири пати да стане првак на Шпанија и двапати да го освои трофејот во националниот куп. Исто така, со Барселона ја освои титулата во Евролигата во 2010 година. Настапи и за шпанската селекција на Олимпијадата во Лондон, беше освоен сребрениот медал (неговиот учинок по пет меча, 2,6 поени, 1,2 скок и 1,0 асистенција по натпревар).



И покрај тоа што Панатинаикос се обидуваше да го врати во тимот, Антонис Фотсис, за откуп на неговиот договор, сепак беа неуспешни преговорите со италјанскиот клуб Олимпиа Милано кој ја одби и втората понуда од страна на грчкиот тим. ПАО испрати понуда од 500.000 илјади евра за откуп на договорот на грчкиот репрезентативец, целата инвестиција чинеше 5,5 милиони евра, со што би се реализирал трансфер и заработка од пет милиони евра во следните три сезони. Но, италјанскиот состав повторно даде негативен одговор, Фотсис кој што има уште една година од договорот, претставува еден од клучните играчи во составот на Милано.



Тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ со екипата се наоѓа во првата фаза од подготовките за претстојната сезона 2012/2013 година. Во овој период се става акцент на физичката подготовка, заедно со кондициониот тренер Шчекиќ спрема програмата. На проба, на овие тренинзи ќе пристигнат кошаркарот кој доаѓа од Мексико и игра на позицијата плејмејкер, Хорхе Гутиерез, како и Аргентинецот Матиас Бартолин, 20-годишен центар. Гутиерез кој дипломирал на Универзитетот во Калифорнија, како сениор во 33 одиграни меча, имал учинок 13,0 поени, 5,3 скока и 4,1 асистенција по натпревар. Оваа година настапуваше за Денвер Нагетс на Летната лига во Лас Вегас (2,3 поени и 1,8 асистенција). Тој е член на националната Б селекција на Мексико.



Каха Лаборал е многу блиску до потпис со поранешниот шпански репрезентативец (2005-2009) и плејмејкерот Карлос Кабезас (32). Минатата година беше член на КАИ Сарагоса (во 32 меча одиграни во лигата, 9,2 поени, 3,2 асистенции и 3,0 скока по натпревар). Настап во Евролигата имаше во сезоната 2009-2010 година, со рускиот тим на Химки (во 16 меча одиграни, 7,3 поени, 2,4 асистенции и 2,1 скок по натпревар). Успешни резултати имаше и со Уникаха Малага, каде што вкупно 12 години беше нивни член. Во 2005 година беше првак на Шпанија, еден трофеј во купот и еден во Кораќ купот во 2001 година.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Македонскиот репрезенативец Лестер Бо МеККејлеб со својот нов клуб оваа година, турскиот клуб на Фенербахче, на 5 октомври 2012, во Истанбул ќе игра против НБА составот на Бостон Селтикс, како подготовка за новата сезона. Веќе традиционално, клубови од НБА доаѓаат во Европа и оваа година ќе одиграат меѓу себе девет меча. По дуелот со Фенербахче, Селтикси предводени од Кевин Гарнет и Пол Пирс на 7 октомври 2012, ќе му гостуваат на италјанскиот тим на Армани Џинс.




Хрватскиот репрезентативец Марко Томас не го помина лекарскиот преглед, а причината е фрактура на десното стопало. Станува збор за истата повреда што ја имаше лани во Фенербахче. Спрема информациите, Томас поради оваа повреда ќе мора да оди на операција, а негово враќање се очекува некаде во почетокот на идната година. Во овој случај, хрватската екипа на Цедевита, спортскиот директор Матеј Мамиќ и тренерот Божидар Маљковиќ, треба да најдат идеална замена во другата половина од клупските подготовки. Се наведува дека клубот посакува да го доведе Домен Лорбек, но за негов ангажман се интересира и словенечка Крка.


Словенечкиот тим на Унион Олимпија се засили со младиот крилен центар Емир Сулејмановиќ (17). Тој беше дел од јуниорскиот тим на Унион Олимпија. Босанецот со фински пасош настапи на Интернационалниот јуниорски Најк турнир со јуниорскиот тим постигнувајќи биланс од 9,0 поени и 6,2 скока по натпревар во одиграни пет меча. Тој настапи и за Финската селекција до 16 години на еврошампионатот оваа година во Букурешт, Романија.





Довчерашниот член на Олимпиа Милано, Аргентинецот Хуан Фернандез, е многу блиску до заминување од италјанскиот клуб. 22-годишниот плејмејкер со италјански пасош најверојатно ќе потпише тригодишен договор со шпанскиот состав на Асефа Естудиантес. Тој играше и во НЦАА лигата, настапувајќи за Темпл Универзитетот во Филаделфија (11,1 поен, 2,8 скока, 3,8 асистенции, 1,0 украдена топка).

Американецот со босански пасош, Хенри Домеркант (32), ќе стане нов член на на Галатасарај. Успешни беа преговорите меѓу турскиот состав и рускиот Уникс Казан кој за Домеркант ќе исплати 150.000 илјади долари.
Џејмс Гист ќе ја продолжи неговата кариера во Шпанија , во екипата во Уникаха Малага. Американскиот крилен центар потпиша едногодишен договор, со можност за уште една година. Лани тој беше член на Фенербахче, со чиј состав во турската ТБЛ лига имаше учинок од 9,1 поен и 5,3 скока по натпревар, додека во Евролигата 7,4 поени и 4,5 скока по натпревар.



Полскиот претставник во Евролигата, екипата на Асеко Проком Гдиниа, се засили со полскиот плејмејкер Томаш Сниег за претстојната сезона. Тој доаѓа од полскиот состав на Полфарма каде лани во националното првенство имаше учинок од 7,7 поени по натпревар. Новост во клубот е што и за наредната сезона ќе остане Американецот Џерел Блесингем. Тој беше еден од клучните играчи лани во освојувањето на титулата во првенството (15,6 поени, 3,5 скока и 6,6 асистенции по натпревар).



27-годишниот организатор на игра и досегашен член на германскиот тим на Бросе, Американецот Брајан Робертс потпиша со НБА екипата на Њу Орлеанс Хорнетс. Робертс лани со Бросе успеа да ја освои титулата во германското првенство. Тој учествуваше на сите пет меча во Летната лига за Хорнетси оваа година и имаше биланс од 13,8 поени, 2,2 асистенции и 2,0 скока по натпревар.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Досегашниот член на рускиот тим на Уникс Казан, 33-годишниот американски плејмејкер Лин Грир (кој има НБА искуство, играјќи за Милвоки Бакс во сезоната 2006-2007 година) ќе стане нов член на украинскиот состав Азовмаш Мариупол. Лани во Евролигата Грир имаше учинок од 7,0 поени по натпревар.



Хрватскиот првак Цибона во своите редови го доведе 22-годишниот Џастин Хамилтон (210 см), 45-пик на Филаделфија на овогодинешниот НБА драфт (беше позајмен во составот на Мајами Хит). Хамилтон потпиша едногодишен договор со Цибона. Американецот во минатата сезона во НЦАА лигата забележа просек од 12,9 поени и 7,2 скока по натпревар.



Белградски Партизан за претстојната сезона ќе може да смета на 22-годишниот центар Дру Гордон. Тој доаѓа од составот Њу Мексико Лобос каде ланската сезона имаше учинок од 13,7 поени и 11,1 скок по натпревар во НЦАА лигата. Во меѓувреме, иако се разгледуваше понудата во текот на подготовките за новата сезона да се одиграат серија на контролни меча, сепак австралиската турнеја е одложена, откако српскиот клуб увидел дека некои тимови не се во состојба да прифатат пријателски натпревар, бидејќи не се во тој термин во фаза на тренажен процес.


Италјанскиот клуб на Олимпиа Милано соопшти дека Никита Месчериаков (24) ќе му се придружи на тимот за време на тренинг кампот. Белорускиот плејмејкер кој доаѓа од Минск, последните две сезони ги мина во НЦААлигата, во американскиот колеџ на Вејк Форест (во 31 одигран меч, имал учинок од 8,0 поени, 3,9 скока, 1,8 асистенција по натпревар). Исто така, на тренинг кампот на Олимпиа Милано ќе се приклучи и грчкиот кошаркар Гиоргос Царцарис.



Шпанската екипа од Малага исто така го финализира и двегодишниот договор со Словенецот Зоран Драгиќ кој минатите две сезони го носеше дресот на Крка Ново Место (4,8 поени, 2,1 асистенција и 1,5 украдена топка во Еврокуп натпреварувањето). Не застанува тука Уникаха со обидите да доведе нови играчи, најверојатно потпис ќе даде и српскиот интернационалец кој игра на центарската позиција, Коста Перовиќ (27) – (217см). Довчерашниот член на Барселона во Евролигата имаше биланс од 5,3 поени и 2,7 скока по натпревар.



Досегашниот член на турскиот клуб на Бешикташ (со чиј состав лани освои трофеи во првенството, националниот куп и Еврочелинџ натпреварувањето), американскиот крилен центар, Дејвид Хокинс (30), потпиша двегодишен договор со Галатасарај со можност за уште една година.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom