Италјанскиот клуб на
Монтепаски Сиена е заинтересиран за доведување на
Американецот со македонски пасош, Маркиз Грин. Тој го повреди коленото на пријателскиот дуел против Русија настапувајќи за македонската репрезентација. Откако тренерот на Авелино, Феличе Скандоне ја увиде неговата повреда, реши да остане како слободен играч, агент. Грин помина две сезони во Авелино.
Довчерашниот член на ЦСКА Москва,
Алексеј Швед се пресели во НБА составот на
Минесота Тимбервулвс. По одличните настапи во рускиот клуб, Швед следната сезона ќе настапи во Минесота, каде што негов соиграч на неговата плејмејкерска позиција ќе биде Шпанецот Рики Рубио. Статистиката на Швед во ЦСКА во вкупно 78 меча одиграни во Евролигата: 14,7 минути, 6,2 поени, 1,9 скок, 1,8 асистенција, 0,7 украдена топка, 0,2 блокада. “Им се заблагодарувам на сите луѓе во ЦСКА Москва, во овој клуб имав убави моменти кои резултираа со трофеи. Постоеја шанси да останам, но донесив одлука да настапам во НБА лигата. За мене тоа ќе биде нов голем предизвик во професионалната кариера. Се надевам дека и во новата средина ќе постигнувам добри резултати“, вели Швед.
Американскиот кошаркар
Коби Брајант истакна дека ја сака Барселона повеќе од Реал Мадрид. Членот на Лејкерси ги прати овие шпански гиганти, најголеми ривали на Пиринеите, со најмногу навивачи ширум светот.
“За три години можеби ќе заиграм и за Барселона“, рече Брајант за Мундо Депортиво. Коби Брајант ќе биде дел од репрезентацијата на САД која ќе настапи на Олимписките Игри во Лондон 2012.
Човекот си научил шпански, зошто да не оди и во шпански клуб..
Хрватскиот репрезентативец и довчерашниот играч на Фенербахче,
Роко Лени Укиќ, е нов член на
Панатинаикос. Имаше неколку екипи (Каха Лаборал, Уникаха, Уникс) кои што се интересираа за негов ангажман, но донесе одлука за потпис, односно двегодишен договор со грчкиот клуб. „Среќен сум што ќе одам во еден реномиран голем клуб. Имав конкретни понуди од Шпанија, Русија и Турција, меѓутоа мислам дека донесов исправна одлука. Едвај чекам да започне сезоната, ќе биде вистинско задоволство да се настапува за Панатинаикос“, вели Укиќ. Во својата професионална кариера, Укиќ го носел дресовите на Сплит, Каха Лаборал, Барселона, Виртус Болоња. Во 2008 година се пресели во САД и НБА лигата, каде настапуваше за Торонто Репторс и Милвоки Бакс. Статистиката на Укиќ во Фенербахче во Евролигата (11,1 поени, 2,8 скока, 2,1 асистенции по натпревар).
Ксистоф Лавринович е многу блиску до враќање во
Монтепаски Сиена. Моментално Литванецот е слободен играч, но наскоро се очекува финализирање на договорот. За клубот од Сиена има одиграно пет сезони, со ист број на освоени титули.
Се наведува дека австралискиот центар со дански пасош
Дејвид Андерсен најверојатно ќе потпише договор со
Фенербахче. Останаа уште две години од договорот со Монтепаски Сиена, но тој реши да бара нов клуб. Симоне Пианиџиани, сега новиот тренер на Фенербахче, со италјанскиот клуб Монтепаски успеа да стигне до шест национални титули.