Да си ебеш векот си ме насмеал до помочување.
А сеа назад на муабетот.
Точно е дека Кријапа беше едно време НБА потенцијал но очигледно дека не му одговара начинот на тренирање и начинот на функционирање на НБА лигата и затоа си се врати во Европа. Кријапа ти е тип на играч од оние кои не се точно одредени што играат како на пример Крстич што е одреден, он си е центар и нема мрдање. А овој може и 3ка да игра по потреба, може и 5ка, зависи од барањата на тренерот. Знам дека ти се чини оти е влекач и неспособен но верувај не е така. Во одбрана врши огромна работа, он може да превземе и понизок играч и да го чува без проблем на линијата 6.75. Значи со пик енд рол играта противниците не ствараат предност кога е во прашање Кријапа. Да речеме ако Крстич би го превземал Спанулис тогаш тоа е речиси сигурен кош, поспор е Крстич, не е агилен, не може да го стаса Спанулис. (ова ко пример ти го дадов) За нападот, има добар шут, може да погоди од дистанца, значи не е лимитиран во тој аспект, и што е најважно многу е снажен и има добра игра на низок пост, а со тоа му создава доволно простор на Крстич за маневри под кошот.
У глобала тоа е тоа кога е во прашање Кријапа.