Најпрво мора да се кажи она што веќе е факт: ЕВРОВИЗИЈАТА ПОВЕЌЕ НЕ Е ЕВРОВИЗИЈА ШТО НЕКОГАШ БЕШЕ! За жал, но тоа е болната вистина! Последниве години некако, особено по победата на Србија, т.е од 2008та година работите тотално почнаа да излегуваат од колосек. Или нашиот вкус е премногу конзервативен што не е подложен на промени, или пак Европа повеќе не се разбира од музика! Ма дали онакви песни се за пред цел свет? Песни такви што да ти биде срам и во маалото да ги пееш! Ехх, никако неможам да ги заборавам евровизиите од 2006, 2007, посебно во 2007та! Имаше толку многу убави песни, такви настапи, таков гламур... И повторно и оваа година се случуваат тие лоши евровизиски кошмари (читај: влегувањето на Србија, Швајцарија, Исланд и Грузија во финале, а прекрасни песни како на Албанија, Норвешка, Ерменија и Хрватска се пласираат на последните места)!! Искрено, многу е жалосно што едно вакво најголемо музичко доживување во Европа кулминира до овој степен... :/://
((