Секоја година исто, демек политика, па светски пардон европски заговор против Македонија, веќе смешно е, никако да се прифати Евровизија како забава, а дека секоја година имаме тапа песна, но добар настап тоа имаме...каква политика, Германија победува втор пат во 50 и нешто години, секогаш е на дното како и Велика Британија, Шпанија и Франција без разлика колку се силни политички мрднуваат погоре само кога имаат добра песна, за која сите гласаат без разлика која е државата и колку е силна, па Русија има само една победа, а Србија колку е силна политички тоа да не правиме муабет, соседско гласање има и ќе има, но тоа на влијае којзнае колку на победничката песна, која секоја година е една од подобрите еве Германија за мене не беше нај нај ама е ОК песна се е тоа субјективно, фаворит ми беше Ерменија. Најсмешни беа Азербеџан, толку потрошени пари и толку рекламирање не можеше да ја исфура :pos2: песната, која не е којзнае што, лани истото беше со Белорусија.
BTW каде е циркусот кај Лена, ајде кењајте за неа или не може, нема глупирање, а победи, види чудо, но тука се уште има кутри луѓе кои се идентификуваа и сакаат боки, драганче и слични дегени да ги претставуваат како држава, застрамете се ! ! !
1000 пати е подобро да имаме солидна песна која достојно ќе не претстави и може ќе испанде (а може и не, некој заборава дека три пати влеговме во финале и тврди дека се додека вака се гласало никогаш нема да одиме во финале) во полуфинале отколку да ме претставува некој фрик кој на сите ќе им служи за потсмев и кој сигурно нема да го помине полуфиналето.
P.S. Кореографијата и симултаното играње од повеќето земји и публиката во салата на крајот беше супер
