Значи да бидам искрен оваа евровизија за разлика од минатите две го има подобрено троа составот иако 2/3 од песните беа балади. (лично преферирам да има од се` по нешто.) Сеа... Прво разбирам за реметот што се пукаше за време на интервјуто на нашиот Ѓоко, но нели веќе е претерано и крајно дегутантно да слушаш често вицови кои се повтараат и повтараат. + разбирам има и луѓе кои поради „патриотски“ причини органски не поднесуваат бламирање пред јавноста од еден нивен претставник. Во ред, ве изругал шо не знае англиски. Но дали неговиот настап (зборам за пеење) беше за потфрлување? Дали еднаш некој слушна дека исфалшира типот? За разлика од Елена која нели кхм.. најдобро не има пласирано но... толку лошо испеа, наш Ѓоко може комотно да ја шие во тој поглед.
Ај доста со тупењето, да кажам сеа кратка рецензија. Воглавно добри песни, имав повеќе фаворити оваа година. Имаше и онакви што органски не ги поднесував - не поради стилот туку поради квалитетот на гласовните способности.
За најомилени би ги ставил Романија и Украина. И двете девојки имаа глас да те седне на теме и да се запрашаш дали тоа што го испеаа е компјутерски синхронизирано или пак сосема природен глас. Грузијската не беше лоша, но да бидам искрен на моменти коа идеше на вариациите малку ми бодеше очи.
Гркот не беше лош, далеку подобар од србендата кој имаше и лоша песна и лош настап, и катастрофален глас - Најлоша песна на фестивалот инаку.
Интересно ми беше да ги чујам Словенците, кои имаа доста украдено од Австрија пред некои 5 години, но добро изведено. Вуки, си ја отпеа својата како што самиот знае, од него верувам ќе биде одличен пејач.
За Азербејџан и Ерменија ... Ок позади нив стои огромна машинерија, песните не беа толку лоши иако се осеќаше голема напнатост и усилба за одличен настап.
Имаше и изненадување од славната 4ка. Французите за прв пат да ги видам искулирани. Исто и шпанците за прв пат да имаат маалку поразлична песна од нивните традиционални настапи.
Е сеа за победникот. Песната за мој вкус е просечна иако ќејф ми е што швабиве победија (малку и они да се порадуваат нели) Детиштето беше таму да се издува но им донесе слава. Се надевам нема да започне да оди по стапките на Ејми Вајнхаус - песната што ја изведуваше очајно мирисаше на стилот на Ејми.
И за крај да ги пофалам турците кои досега најмалку ме имаат разочарано во сите нивни настапи на фестивалите.