Турција закон песна. Другото веќе видено и слушнато. Ленка е преслатка но тоа не би требало да е основен критериум за победа според мене. Годинава, нели и жири имаше удел во 50% од гласањето, па очекував повеќе да се вреднува квалитет и оригиналност, а не други критериуми. Друга работа што не ми е јасна е зошто лошо поминуваат денс песните. Оние што се слични со она што у ствари публиката го слуша. Песната од Франција има се што треба да има еден летен хит, а ваму бледо поминува на евросонг. Од друга страна има доста квази-АББА во 21 ов век. А тој стилч во дискографијата е напуштен уште пред 30 години. Но сеуште пулсира на евровизија. Исто така во финале нема никогаш место за р‘н‘б, хип хоп, соул и такви стилови, кои пак на топ листите доминираат. Што се однесува до гласањето и блоковите на гласања тоа не е ништо ново. Иако очекував годинава, поради присуството на жири тоа да биде помалку изразено. Сепак, тргнете од нас ние секогаш ќе им дадеме некој поен на екс ју земјите и тие секогаш ќе ни дадат нас. И секогаш ќе и даваме 12 на Албанија ако е во финале, си гласаат луѓето. Во многу земји има дијаспора која си гласа. Во многу земји има малцинства која си гласа за матичната држава. Многу земји се културно и јазично блиски па си гласаат затоа што имаат ист вкус. Тоа што ќе изберат Србите, гарнат ќе ни се допадне нас и на Бугарите, а тоа што че изберат Швеѓаните на Данците и Норвежаните. Нема тука политика. Постојана слушам политика политика. Политиката нема тука удел. Ако имаше Хрватите немаше ни поен да им дадат на Србија а секогаш 12 им даваат. Исто Грузија у Русија си разменија 12 ки а пред некоја година беа во војна.