И пак после секоја Евровизија кубење коси, трескање од земја, сечење вени, прогласување на морални победници бла бла бла.
Ок, не влеговме.Рилекс.До година, да сме здрави и живи подобро.
Замислете што ке се десеше ако влезеа во финале.Па Џеј Џеј и Елвирчо ке шетаа по Скопјево ко да се ослободители и ко којзнае шо да напраиле.Вака може е подобро.Може ке си чукнат тоа тиквите да сфатат дека во Европа љубовни лимонади со исти содржини не проагаат.
А реков, уште на самиот почеток дека ако не влезат во финале најверојатно толку ке биде од кариерата на момците.Идеа нагоре идеа идеа грабаа и газеа се пред себе, Евровизија им беше врв, епа толку е.Кај се залетаа толку?Зарем така лесно се гради кариера.Нека осетат малку тоа задниците нивни како е да се справиш со пораз.Нека се повлечат малку нека одморат, па со нови сили пак.
Што се однесува до финалистиве никако да сфатам што бара мегу нив Ерменија.