ЕУРО 2020 - Финале | Италија - Англија | 11.07.2021 (21:00)

Кој ќе биде шампион на ЕУРО 2020?


  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.428
Поени од реакции
42.695
Затоа ги пушти Рашфорд и Санчо.

И Саутгејт не е крив што има инвалиди кои не знаат да шутираат пенали.
Можеше да го извади Стерлинг во 120та, па Хендерсон да шутира. Пример, иако веќе не е ни битно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.332
Поени од реакции
79.086
Не знам што со овој тренд играчи на пубертетска возраст како Сака и М'бапе да ги ставиш да шутираат одлучувачки пенали...
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.039
Поени од реакции
55.477
@callejón de la muerte те молам направи пресметка меѓу колку репрезентации Англија е второ место, за да се увериме во важноста на успехот.

И не заборавај да го споменеш велелепниот резултат - трето место во Лигата на нации.
Немој така сепак испод чест му е пред мал екран да се замара со такви глупости и да се пали, шо ти е.

:pos: :pos: :pos:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.099
Поени од реакции
9.910

Види го Бонучи, се што е течно вика ќе пијам вечерва. Каква легенда.

Џонтра Бонучи, Леонардо Вохохолта.
Џонтра Бохухучи. :D
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Санчо и Рашфорд само што влегоа во игра, не истрчаа ни 100 метри, нит загреани нит ништо, Саутгејт ги стави да шутираат пенали, со се оној копиљот. :pos:
Гревови...ни финалево не го заслужија.
После војна сите се генерали
Да не ги ставеше Рашфорд и Санчо и да изгубеа ќе викавте “ги имаш Рашфорд и Санчо и ги оставаш Стоунс и Хендерсон да шутираат пенали“
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.929
Поени од реакции
7.877
Затоа ги пушти Рашфорд и Санчо.

И Саутгејт не е крив што има инвалиди кои не знаат да шутираат пенали.
Вака сега, заебанци, досетки, ситни тролања и слични буцкања настрана, малку сериозно да прокоментираме. Саутгејт не е крив што има инвалиди кои не знаат да шутираат пенали ама крив е за друга работа. Англија можеше да ја заврши целата работа во првите 20-25 мин. Италија во тој период не знаеше каде се наоѓа, личеше на екипа од Енглеска дивзија еден, тогаш требаше да ги дотолчат, а не да се тактизира, требаше агресивно да ги стегнат и да дадат барем уште еден гол од каде што Италија никогаш немаше да се врати, али Саутгејт не се реши за таква варијанта и му даде шанса на жабариве да се вратат во игра. Кога се дојде до пенали веќе однапред се знаеше кој ќе победи.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.039
Поени од реакции
55.477
Многу смешно.

Не знам како да ти објаснам дека уште пред почетокот на Европското предвидив дека Англија ќе игра финале..ниту ждрепки се знаеа ниту ништо...плус другите типој што ти дрско се смееше и изгледаш смешно од оваа перспектива, ама следниот пат кога ќе погодам ќе бидиш дрско тагнуван и исмејуван.

За вчера ништо не искоментирав и не типував на никој бидејќи тежок меч беше за предвидување.

Трето не знам што толку се трескате за репрезентации и туѓи странски држави...за еден месец ќе почнат првенствата и ова ќе биди заборавено....за некоја си Италија ќе паѓам во транс дека ги добиле Англија во Лондон:pos: ...нека се гонат таму двете...за мене постои само една држава и една репрезентација...нашата Македонија која конечно играше на ЕП после цела вечност и по тоа можиме да го памтиме овај турнир.
Од 5 проценки, 4 ти се погрешни ама ти ќе се фатиш за таа 1 што си ја погодил и ќе се влечеш.
Ок знаеме дека си погодил дека Баерн ќе го тепа Челзи, навистина како ти успеало тоа.

Плус лага за Англија, си предвидел минимум 1/2 финале е можно е и да го освои. Значи си утнал.

Ништо немаш погодено на Европсково. Све утна.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.790
Мора да се биде искрен и фер и да се признае дека Англија заслужи респект за прикажаното на првенствово и покрај сите заврзлами, домашниот терен, и секако форумските рчкања.
Не дека некогаш биле на ниво на една Италија, Германија или Франција во репрезентативен фудбал, ама имаат една млада генерација која, сакале или неќеле ќе ја гледаме до самиот финиш и на следните натпреварувања (самиот финиш подразбирам барем полуфинале).
25 години им е просекот, Кејн има 27/8, Стерлинг 27 исто како и Стоунс и Мегваер ако не се лажам. Значи ќе ги гледаме уште истиве играчи и ова ќе им биде едно големо искуство за понатака.

Но генерално гледано, тренерот поготово и целата им репрезентација, како уште да патат од детски болести, што се докажа и вчера нели. Се виде и неискуството, па и немањето сенс за in-game management на Саутгејт. Се гледа дека го нема искуството еве на еден Манчини за да може у тек на игра да осеќа ствари.
Се им е претходно планирано, сработено. Нема интуиција, нема знаење, го нема до крај испечено занатот.

Вака ако можам да го пластифицирам муабетот, Саутгејт се гледа дека "учи на памет како бубалица", додека Манчини учи со разбирање, плус го има искуството на негова страна. И така го аплицираат знаењето. Саутгејт има никаков, непостоечки real-time management, пошто претерано се ослонува на "планираното и анализата". Единствено нешто што може да ги советува играчите real time на терен е да се смират (како против Данска на пример) или некои си ораторски муабети како тоа ја напраиле цела држава proud. Искрено малце ми е жал за него, иако е недовршен продукт, пошто онака од километар се гледа дека човекот се КРШИ од работа, тежок професионалец е, има пасија кон работата, ама некои работи нели, не можат на памет да се научат.

И да, мислам дека ваквиве натпреварувања се многу, т.е многу повеќе различни од играњето на сезона во првенство или ЛШ. Имајќи го тоа во предвид, не можеш тек така да си збориш лупам, еј "требаше Грилиш да игра", човекот на кој ова му е прво вакво првенство воопшто. Фоден, Санчо, Белингам или кој год нека е.

Едноставно многу се еднодимензионални играчите, претерано навикнати на ПЛ. Мора да сфатат дека секоја лига си е свет сам по себе и дека репрезентативниот фудбал исто е свет сам по себе и мораат ОНИ да се навикнат на тоа, не да очекуваат дека сите ќе играат по нивните ПЛ стандарди со високо темпо, со контри и така натака. Со Германија мислам дека се имаа спремено до даска, беа екстра мотивирани и затоа победија, и играа против Германија која што го има само Кроос а не 3ца везњаци што знаат да играат фудбал. Украина не ја ни сметам за релевантна репрезентација за коментар, а со Данска се мачија многу, и се гледа дека не се многу добри во posession game.
Еве, со Хрватска и со Шкотска пример им се видоа проблемите, едноставно не знаат да играат posession game, пошто немаат такви играчи. Еден Гилмор им ја сокри топката и изгледаше како Чави. Технички се непотковани енглезите, немаат висока фудбалска интелигенција и сенс за игра, туку се тешки физикалци. Затоа мора Кејн да игра полушпиц и да биде инволвиран во игра. Во континуитет имаат проблеми/тешкотии со Модрич, Брозович и Ковачич, и мислам дека тука Манчини ги копаше нивните недостатоци и ја базираше играта против нив.

Едноставно немаат таков "Jorginho/Pedri/De Bruyne" играч кој едноставно не губи топка и знае како да ја држи и да не греши, да не паничи. И да, хендерсон не е таков играч, во ПЛ може да си го фура тој стил, ама не и во репрезентација. Секоја екипа си ги out-source-нува тие играчи. Де брујн, Жоргињо, Бруно Фернандеш, Тиелеманс, Вајналдум/Фабињо. Немаат плејмејкер никаков. и тоа ги кошташе многу.

Италијаните вчера какви прецизни топки си маваа со 30+ метри одалеченост овие можат само да сонуваат за такво нешто. Немаат ни можност а ни скил да шутнат надвор од 16ик што е многу битно денес.
Имаат и англичаните квалитети кои се само полезни кога играта и натпреварите се отворени. продорност, брзина, дриблинг. Во одбрана се цврсти, јаки, високи, воздушен дуел нема добивање таму. Ама со топка се дрва, нозе им се тресат на Мегваер и Стоунс кога ја имаат топка.

Мора да заборават на ПЛ и на клубскиот фудбал кога играат репрезентација. Се повеќе и повеќе се ресетираат за Англија, од 2018та до денес има многу еволуција, ама потребно е уште повеќе, особено во везен ред и мора некој да го форсираат да биде плејмејкер во везен ред.

И да, кога веќе ги компариравме лигите, ПЛ е најквалитетна лига во свет од 2 причини - пари (секако) и ТРЕНЕРИ. Најдобрите тренери последнава декада се изредија во ПЛ. Една мид табле екипа како Вулвс има релативно тренериште како Еспирито Санто. Евертон и Анчелоти. Знаеме сите кои се world class СТРАНСКИ тренери продефилираа низ нивната лига. Мислам дека тоа им се рогнува малце од глава.
Немаат некој класа англиски тренер, остајте ги тие Howe или Dyche... тоа се ПЛ шаблон тренери, не се светски имиња. Видовме како заврши Лампард.

И да, мислам дека им треба и на нив малце да прошетаат надвор од Англија и да научат малце другачија, потемелна фудбалска филозофија, зборам за Италија или Шпанија (какво е тоа Германско првенство. тактика таму не постои). Има такви примери во Трипие и Фикајо Томори братот, ете и Ремзи иако е велшанец.
Цел живот Италијаниве играат против екипи кои прават бункер, на нив тоа им е природно, во Англија тоа го нема. А не можеш да го научиш еден Грилиш или Фоден клошарчето уфилмано, тоа мора да се изигра, да се осети. Нека дојдат против Каљари да играат против Цепители, Годин кои немаат проблем цел меч да се повлечени со 8 души у 16 метри и да имаат 6 жолти картони на една утакмица. Иако дефинитивно оваа практика почна да се тера и во ПЛ - се повеќе и повеќе гледаме бункери и таму.
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.861
Поени од реакции
7.708
Вака сега, заебанци, досетки, ситни тролања и слични буцкања настрана, малку сериозно да прокоментираме. Саутгејт не е крив што има инвалиди кои не знаат да шутираат пенали ама крив е за друга работа. Англија можеше да ја заврши целата работа во првите 20-25 мин. Италија во тој период не знаеше каде се наоѓа, личеше на екипа од Енглеска дивзија еден, тогаш требаше да ги дотолчат, а не да се тактизира, требаше агресивно да ги стегнат и да дадат барем уште еден гол од каде што Италија никогаш немаше да се врати, али Саутгејт не се реши за таква варијанта и му даде шанса на жабариве да се вратат во игра. Кога се дојде до пенали веќе однапред се знаеше кој ќе победи.

Се сложувам со ова, изигра многу пичкарски со многу појак тим плус домашен терен. Требаше да ја разнеси Италија, ама со оглед на тоа што цел турнир фураше ист стил, не го промени ни на крај и му се одби од глава.

Јас очекував Англија да победи со 1-0, ама се случи мешаницата при корнерот и потоа тотално потонаа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.578
Поени од реакции
62.642
Јас очекував Англија да победи со 1-0, ама се случи мешаницата при корнерот и потоа тотално потонаа.
Висеше голот на Англија далеку пред голот на Италија. Прашање на време беше кога ке примат гол, а не дали. Толку беа наназад, што средниот ред им беше непостоечки.

Манчини е бистар тренер. Виде дека на најдобриот на терен тешко му иде против Шо и Мегваер, па го стави кај тутурутката Вокер и Трипие, кој дефанзивно не е баш најсјаен, а на кои треба и Стоунс да им помага. И Киеза живна уште толку на терен и почна да се отвара простор по таа страна.

Со овие играчи, да ги исфрлиш Белгија, Шпанија и да ја победиш Англија во финале, и презаслужено се прваци. Англичаните има за што да жалат.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.110
Поени од реакции
16.352

Сигурно не ни знаеше дека освоија :pos: :pos: :pos:

Види го како се чуди кога се пули назад кога трчаат накај него
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Има ли некоја снимка од продужетците кога се пееше на цел стадион Фрид фром дизајр?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.110
Поени од реакции
16.352

:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom