Абе ги боли цев за доаѓање на фудбалот дома.
Со таа парола пред секое можно првенство се вртат неверојатни суми на пари во неколку индустрии. Затоа и толку се фура меѓу другото, затоа секогаш и се арогантни Англичаните, бидејќи многу пари се во игра, и секојпат мора да се крева атмосфера и допамин, за да има конзумација.
Мора да се крева адреналин за да couch potatoeѕ конзумираат се и сешто.
Услужна индустрија(пабови, ресторани, пијалоци, пива), адвертајзинг во секоја сфера, обложување, казина, технологија и тн и тн се само дел од конзумерскиот аспект кој Англичаните го исфураа до бесвест. Од таа контроверзна парола овие корпорации мрсат брк, затоа и после 25 години сеуште е актуелна. Таа песна пред секое првенство е топ 3 на UK хит листи. Едноставна е причината, ги боли цев за фудбал едноставно, таа песна и општо тој период го крева допаминот/адреналинот кај couch potato популацијата и практично им ги празнат џебовите. Многу сличен патерн на кревање допамин како кај социјалните меежи. Тотално истиот модел.
Многу ми е без везе што се фаќате за неа, тука ја пишувате или пак што ве нервира (иако вака гледано има причина зошто да иритира, бидејќи позади завеса нема врска со фудбал самата парола).
Хајпот продава во 21 век. Исто, нека не ве чуди што 90% од првенствово сите англиски медиуми збореа само и само за Англија и нивните перспективи. Играат Италија-Шпанија полуфинале, дури и откако завршува текмата многу малце зборат за таа утакмица, туку само за нивната репрезентација, кој требало да игра и тн и тн. Мора хајпот цело време да се одржува за да има консумпција, едноставно е.