ЕУРО 2020 - Група Б (Данска, Финска, Белгија, Русија)

Кои репрезентации ќе се пласираат во нокаут фазата?


  • Вкупно гласачи
    54
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
31.646
Поени од реакции
40.872
EURO 2020

GroupB.jpg


Групата Б на ЕУРО 2020 е составена од две земји-домаќини, Данска и Русија, кои на Паркен Стадионот во Копенхаген и Крестовски Стадионот во Санкт Петербург ќе ги угостат натпреварите од истата. Главен фаворит за првото место во групата и еден од фаворитите за освојување на ова ЕП е тимот на Белгија, а групата ја комплетираат дебитантите од Финска.


Данска
800px-Dansk_boldspil_union_logo.svg.png

Селектор: Каспер Хјулманд
Капитен: Симон Кјаер
Настапи на Европските Шампионати: 8
Најдобар пласман на ЕП: Шампиони (1992)
Најдобар стрелец во квалификациите: Кристијан Ериксен (5 голови)

Данците се пласираа на ЕУРО 2020 преку групата Д, каде завршија втори, позади репрезентацијата на Швајцарија. Нивниот најголем успех во историјата на ова натпреварување се случил во 1992, кога сосема неочекувано успеале да ја освојат Европската круна, победувајќи ја Германија во големото финале. Интересен факт, како што и повеќето веќе знаете, е дека Данска воопшто не се квалификувала за тоа ЕП, туку била повикана како замена на Југославија, која била исфрлена од турнирот поради војните на балканските простори. Данците од тогаш само еднаш ја имаат поминато групната фаза и тоа во Португалија во 2004та година.

Голмани: Jonas Lössl (Midtjylland), Frederik Rønnow (Schalke), Kasper Schmeichel (Leicester)

Одбрана: Joachim Andersen (Fulham), Nicolai Boilesen (Copenhagen), Andreas Christensen (Chelsea), Mathias Jørgensen (Copenhagen), Simon Kjær (AC Milan), Joakim Mæhle (Atalanta), Jens Stryger Larsen (Udinese), Jannik Vestergaard (Southampton)

Среден ред: Anders Christiansen (Malmö), Thomas Delaney (Dortmund), Christian Eriksen (Inter Milan), Pierre-Emile Højbjerg (Tottenham), Mathias Jensen (Brentford), Christian Nørgaard (Brentford), Robert Skov (Hoffenheim), Daniel Wass (Valencia)

Напад: Martin Braithwaite (Barcelona), Andreas Cornelius (Parma), Mikkel Damsgaard (Sampdoria), Kasper Dolberg (Nice), Andreas Skov Olsen (Bologna), Yussuf Poulsen (Leipzig), Jonas Wind (Copenhagen)

Каспер Хјулман го избра својот најдобар тим за ЕУРО 2020, а сите очи се вперени во плејмејкерот на Интер, Кристијан Ериксен, кој веќе неколку години наназад е најдобриот играч на црвено-белите. Хојбјерг од Тотенхем и Дилејни од Дортмунд ќе го комплетираат триото во средината од теренот, додека напаѓачот на Барселона - Мартин Браитвејт и Јусуф Поулсен од РБ Лајпциг ќе бидат задолжени за головите на оваа репрезентација. Капитенот Симон Кјаер е сигурен во дефанзивната линија, а како негов партнер се очекува да биде Андреас Кристенсен, освојувачот на ЛШ со Челзи за сезоната 2020/21. Местото на голот е резервирано за Каспер Шмајхел од Лестер Сити.


Финска
Huuhkajat_logo.svg.png
Селектор: Марку Канерва
Капитен: Тим Спарв
Настапи на Европските Шампионати: 0
Најдобар пласман на ЕП: -
Најдобар стрелец во квалификациите: Теему Пуки (10 голови)

Финска, исто како и нашата репрезентација, ќе го забележи своето деби на едно големо фудбалско натпреварување. Финците, успејаа да ја изненадат цела фудбалска јавност освојувајќи го второто место во квалификационата Група Ј, пред поранешниот Европски шампион Грција и репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Шест победи и четири порази на 10 натпревари беа доволни за "Суоми" да запише историски пласман на ЕУРО 2020.

Голмани: Lukas Hradecky (Leverkusen), Anssi Jaakkola (Bristol Rovers), Jesse Joronen (Brescia)

Одбрана: Paulus Arajuuri (Pafos), Robert Ivanov (Warta Poznań), Thomas Lam (Zwolle), Daniel O'Shaughnessy (HJK Helsinki), Jukka Raitala (Minnesota United), Joona Toivio (Häcken), Jere Uronen (Genk), Nicholas Hämäläinen (QPR), Sauli Väisänen (Chievo)

Среден ред: Nikolai Alho (MTK Budapest), Fredrik Jensen (Augsburg), Glen Kamara (Rangers), Joni Kauko (Esbjerg), Robin Lod (Minnesota United), Rasmus Schüller (Djurgården), Pyry Soiri (Esbjerg), Tim Sparv (Larissa), Robert Taylor (Brann), Onni Valakari (Pafos)

Напад: Marcus Forss (Brentford), Lassi Lappalainen (Montréal), Joel Pohjanpalo (Union Berlin), Teemu Pukki (Norwich)

Можеби најслабата репрезентација на ова ЕП, Финска ќе биде предводена од напаѓачот на Норич Сити и веќе познат за фановите на Премиер Лигата, Теему Пуки. Пуки постигна 10 од 16те голови на Финците во квалификациите и погоди 26 пати во Чемпионшип оваа сезона. Од другите позвучни имиња, селекторот Канерва ќе го има Лукас Храдецки од Леверкузен на голот и шампионот на Шкотска со Ренџерс, Глен Камара на средината од теренот.


Белгија
800px-Royal_Belgian_FA_logo_2019.svg.png
Селектор: Роберто Мартинез
Капитен: Еден Хазард
Настапи на Европските Шампионати: 5
Најдобар пласман на ЕП: Финале (1980)
Најдобар стрелец во квалификациите: Ромелу Лукаку (7 голови)

Сеуште во потрага на својата прва титула на големите фудбалски натпреварувања, Белгијците доаѓаат на ЕУРО 2020 после прилично успешно СП 2018 во Русија, каде го освоија третото место. Црвените ѓаволи го обезбедија својот пласман на претстојното ЕП со 100% ефект, односно 10 победи од 10 меча во групата И. Белгијците воедно ги имаа и најдобриот напад и најдобрата одбрана во квалификациите, кои ги завршија со 40 постигнати и само 3 примени голови.

Голмани: Thibaut Courtois (Real Madrid), Simon Mignolet (Club Brugge), Matz Sels (Strasbourg)

Одбрана: Toby Alderweireld (Tottenham), Dedryck Boyata (Hertha Berlin), Timothy Castagne (Leicester), Jason Denayer (Lyon), Thomas Meunier (Dortmund), Thomas Vermaelen (Vissel Kobe), Jan Vertonghen (Benfica)

Среден ред: Nacer Chadli (İstanbul Başakşehir), Yannick Carrasco (Atlético Madrid), Kevin De Bruyne (Manchester City), Leander Dendoncker (Wolves), Eden Hazard (Real Madrid), Thorgan Hazard (Dortmund), Dennis Praet (Leicester), Youri Tielemans (Leicester), Hans Vanaken (Club Brugge), Axel Witsel (Dortmund)

Напад: Michy Batshuayi (Crystal Palace), Christian Benteke (Crystal Palace), Jeremy Doku (Rennes), Romelu Lukaku (Inter Milan), Dries Mertens (Napoli), Leandro Trossard (Brighton)

Иако тимот на Белгија изгледа како полека да се доближува до крајот на "златната генерација" која настапуваше за репрезентацијата во претходната декада, Црвените ѓаволи сеуште се сметаат за еден од главните фаворити за освојување на ЕУРО 2020. Со Куртоа на голот и Алдервејрелд и Вертонген во одбраната, Белгијците сеуште имаат цврста и стабилна дефанзивна линија.

Играта на тимот на Мартинез ќе ја оркестрира Кевин Де Брујне, најдобриот плејмејкер во светот моментално, а Еден Хазард ќе се обиде да ја најде старата форма после една турбулентна сезона во редовите на Реал Мадрид. На врвот на нападот ќе биде Ромелу Лукаку, кој на 28 години веќе е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата. Лукаку постигна 26 голови во Серија А, со што му помогна на Интер да ја освои Калчо лигата за прв пат по 2010 година.


Русија
300px-Russia_national_football_team_crest.svg.png
Селектор: Станислав Черчесов
Капитен: Артем Ѕјуба
Настапи на Европските Шампионати: 4
Најдобар пласман на ЕП: Полу-финале (2008)
Најдобар стрелец во квалификациите: Артем Ѕјуба (9 голови)
Репрезентацијата на Русија се пласираше на своето последователно 5то Европско Првенство преку групата И, каде го освои второто место, позади репрезентацијата на Белгија. Русите имаа скор од 8 победи и два порази, и двата токму од Црвените ѓаволи, со кои повторно ќе се соочат за неколку дена.

Најдобар пласман на оваа репрезентација во пост-СССР ерата е полуфиналето во 2008ма година, но под знамето на Советскиот Сојуз дури четири пати имаат играно во големото финале, освојуваќи го инаугуралното издание на Европскиот Шампионат во 1960, каде во финалето биле подобри од репрезентацијата на Југославија.

Goalkeepers: Yuri Dyupin (Rubin), Matvei Safonov (Krasnodar), Anton Shunin (Dinamo Moskva)

Defenders: Igor Diveev (CSKA Moskva), Georgi Dzhikiya (Spartak Moskva), Mario Fernandes (CSKA Moskva), Vyacheslav Karavaev (Zenit), Fedor Kudryashov (Antalyaspor), Andrei Semenov (Akhmat)

Midfielders: Dmitri Barinov (Lokomotiv Moskva), Denis Cheryshev (Valencia), Daniil Fomin (Dinamo Moskva), Aleksandr Golovin (Monaco), Daler Kuzyaev (Zenit), Andrei Mostovoy (Zenit), Maksim Mukhin (CSKA Moskva), Magomed Ozdoev (Zenit), Rifat Zhemaletdinov (Lokomotiv Moskva), Yuri Zhirkov (Zenit), Roman Zobnin (Spartak Moskva)

Forwards: Artem Dzyuba (Zenit), Aleksei Ionov (Krasnodar), Denis Makarov (Rubin), Aleksei Miranchuk (Atalanta), Aleksandr Sobolev (Spartak Moskva), Anton Zabolotny (CSKA Moskva)

За прв пат по многу години, Русија оди на едно големо фудбалско натпреварување без својот екс капитен и голман на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, како и неговиот клубски соиграч Алан Џагоев. Лидер на оваа репрезентација се очекува да биде капитенот и најдобриот стрелец во квалификациите Артем Ѕјуба. Алексеј Миранчук, Александр Головин, Алексеј Ионов и 37-годишниот Јури Жирков се исто така имиња кои ќе имаат значајна улога во тимот на Черчесов.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.457
Поени од реакции
11.908
Mislam deka Finska nema gol da postigne, a kamoli bod da osvoi..
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
4.880
Поени од реакции
12.390
И по тоа што е последна група за која се отвори тема на форумов се гледа дека е најмалку атрактивна. Белгија лесно би требало да биде прва. За мене уште се во топ 3 фаворити, со Франција и Португалија. Ама ова е последна шанса на оваа генерација да освои нешто.

Интересна ќе биде борбата за второто место меѓу Данска и Русија. Имаат квалитет и двете репрезентации, едни од посилните се од тој "среден" ешалон. Мала предност сепак им давам на Данците.

Финска тотален аутсајдер. Секоја чест за одиграните квалификации ама на ЕП секој бод ќе им биде успех.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.710
Поени од реакции
11.412
Реанимација му прават бе....
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.301
Поени од реакции
11.334
Што се случи со Ериксен, делува многу лошо ова што сите се фатени за глава и го имаат обиколено да не се гледа. Делува страшно.
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
24.195
Поени од реакции
71.201
Ауф :(((((((( греота бе
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.488
Поени од реакции
19.981
Мачно за гледање, дај боже да го спасат.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.091
Поени од реакции
19.218
Ауууу 5 минути пробуваат со реанимација. :eek:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.301
Поени од реакции
11.334
Неее немој да кажеш дека ќе почине, немој жити се.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom