Tomasino
За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
- Член од
- 19 март 2009
- Мислења
- 9.252
- Поени од реакции
- 19.547
Бутино е во Пелистер...Претседател на РФМ е Михајло, ако некој игра улога околу составот на репрезентацијата мислам дека е он Металург нема некое големо влијание по мое мислење за играњето на Манасков.
Бутин игра сега некаде или?
Што подразбираш под тоа јаки дефанзивни тренери? Јас како што знам не се делат тренерите на дефанзивци и офанзивци може да ги поделиме на некој што повеќе милува одбрана да форсира некој напад.
Јас познавам еден таков кај кого имам тренирано покрај целиот тренажен процес одбрана имаше поголем акцент толку "ќотек" нема изедено ни Кире до сега колку што јадевме на тренинзи.
Ракчевиќ е исто така низок ама напад е ѕвер само што е паднат бааѓи во форма.
Велко повеќе би бил за на центар-халф од причина што нема толкава брзина за на халф малце потромав е, иначе нема забелешки за неговото играње одбрана.
Модерниот ракомет е атомски ракомет мораш да бидеш 100% спремен и исто толку да дадеш во одбрана и напад зашто на брз центар нема ни време да се изврши замена.
Се сложувам Мите Стоилов и те како фали во одбрана, да се надеваме дека Ацо добро ќе го замени на таа позиција барем со висината која ја има.
Миркуловски срцето го остава на терен како во напад така и одбрана едино замерка што многу рано искача во одбрана и тука паѓа.
Имаше проблеми со повреди цела ланска сезона.и на почетокот на оваа,сега последните месеци се враќа на старото ниво....
Јаки дефанзивни тренери...
Баш на то мислам шо го кажа,тренер шо милува ОДБРАНА,зошто одбраната е клучот...
Такви тренери имало доста,од Пелистер ќе го набројам Зоран Зечевиќ,ете и тренерот шо си замина Ратко Џурковиќ..
Ракометари кои во текот на својата кариера биле сјајни дефанзивци,па тоа го применуваат и во својата тактика...
Металург пред Червар,и Металург со Червар-сликата во поставеноста во одбраната е нешто сосема друго...
Можам да замислам како би изгледала Македонија на столчето на Звонко да седеше Червар...
На ова мислев кога реков,потребни ни се тренери кои ќе ги научат нашите играчи да играат одбрана....
Репрезентација која нема да дозволува лесни голови,која ќе се бори максимално да го задржи секој напад на противникот....
За ова треба тренинг,требаат стручни кадри,треба концепција......
За другите работи си стојам,дека ни се потребни над 11,12 играчи во таа ротација,посебно ако одиме во втор круг,и секако да ги зачуваме главните играчи од повреди,Македонија без некој од тие 3,4 главни играчи е сосема друга репрезентација...
Ако одиме само со 8,9 играчи на сите утакмици ќе биди тешко...
П.С.
Околу изборот на играчите..
Јас мислам декагласот на Металург има поголема тежина од таа на Михајло...
Сигурно со тоа си купува Михајло мир во куќата,знаеме какви кавги имаше пред некоја година...
Вака сите среќни,сите задоволни,федерацијата има спонзори,има пари,има јаки припреми(за разлика од порано)....
Иначе ако Михајло имаше апсолутна власт врз селекцијата на играчите тогаш сигурно Ојлески,Јовчевски ќе беа во преден план пред еден Гоце или Манасков џуниор....
Како и да е,играчите се тие,Звонко си ги бираше(дали директно или не не е важно)па тој си одговара.....