ЕП во ракомет 2012 - група Б (Ниш)

Кој три репрезентации ќе одат во втората фаза?


  • Вкупно гласачи
    193
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=4412
Денешната прес-конференција беше наменета за да се искажат очекувањата во пресрет на Европското Првенство, но македонскиот капитен Кире Лазаров во свој стил, максимално искрено и реално, проговори и за проблемите што владеат во младинските категории од македонскиот ракомет.

Ние сме одлична генераци
ја што игра заедно извесно време и што ќе настапува уште неколку години, но се поставува прашањето што понатаму. Логично е секоја спортска федерација да инвестира во репрезентацијата, но не само во сениорската, туку и во младинските категории. Очигледен е проблемот со младинските репрезентации во ракомет и јасно е дека за неколку години овој спорт во нашата земја ќе се соочи со голем проблем, затоа треба да се работи уште сега, да се постават стандарди бидејќи во моментов е огромна разликата што владее меѓу работата на сениорскиот тим и онаа во младинските селекции. Да не дозволиме овој проблем за неколку години да ни се удри од глава“ - предупреди најдобриот македонски ракометар.

Што се однесува до сениорската репрезентација, Лазаров се согласи со ставовите на своите соиграчи дека примарна цел мора да биде пласман во втората фаза од шампионатот.

Она кон што треба да се стремиме и континуитет, бидејќи на СП во Хрватска остваривме добар резултат, но потоа три години не немаше на големите натпреварувања. Такво нешто не смее да ни се повтори. Затоа треба да бидеме насочени најпрвин да ја минеме првата фаза од шампионатот, бидејќи со самото тоа ќе добиеме и полесен противник во баражот за следното Светско Првенство. Оваа генерација има квалитет и потенцијал за да биде редовен учесник на елитните натпреварувања, затоа што и да се случи во Србија, ќе треба да продолжиме со напорна работа за следните предизвици што ќе бидат пред нас“ - изјави Кире Лазаров.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
246
Поени од реакции
97
Првенството ќе го коментира Игор или Марјан?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Првенството ќе го коментира Игор или Марјан?
ќе извршам самоубиство ако Марјан кометира !
човекот е за да чита бајки и лектири пред спиење, а не за вакви утакмици.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
246
Поени од реакции
97
Па според тоа како Игор ги коментираше натпреварите со кошарката и како Марјан го коментираше натпреварот со Грција.......
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Продавам карта за натпреварот со Германија заинтересираните нека пишат !
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.547
Баш напротив,јас мислам дека Марјан Ников е СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД ИГОРЧЕ(кога се работи за ракомет)..
Има коментирано многу мечеви на МТВ,било од нашето првенство,ЛШ,европски,светски првенства..
Ја познава играта,правилата...
СП во Хрватска го одбработи одлично,заедно со ко-коментаторот Ристо Магдинчев,и сега истиот тандем ќе ги коментира мечевите на Македонија....
Ристо Магдинчев е тренер од СТАРАТА ШКОЛА,беше стручен коментатор уште од времето на бившата СФРЈ,кога Пелистер играше во првата лига и таа лига беше најсилна во светот....
Одличен избор напрај Сител,подобар не можеа да направат...(барем од оние коментатори кои ги имаат таму)....
Јас кога би бирал би ги одбрал или Горан Стерјов,или Златко Калински-нема подобри ракометни коментатори од овие двајца...
Марјан е на трето место....
Одлична екипа беа во МТВ на времето....:pipi:
П.С.
Игорче да коментира ќе биди каша-попара...:DКолку и да си го сакаме и почитуваме Игорче(ептен си го почитувам и јас),НО реално ако глеаме ДЕЧКОТО НЕ Е ЗА РАКОМЕТ:D
Никогаш не коментирал ракомет,а ова е ЕП,не е некоја утакмица во нашата лига...
Емоцијата, високата доза на адреналин и патриотските чувства не се единствени компоненти шо се потребни за КВАЛИТЕТЕН КОМЕНТАР...;)
Ок е шо коментаторот ќе си навива за Македонија,ама гледачот пред телевизор сака да слушни квалитетен и пред се ТРЕЗВЕН :D коментар,статистики,познавање за нашите играчи,историја,и пред се смиреност,да не има многу гафови,пред се треба професионалност во коментирањето..а не урлање и преписки со судии:pos:
People are watching:гик:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Јас кога би бирал би ги одбрал или Горан Стерјов,или Златко Калински-нема подобри ракометни коментатори од овие двајца...
Марјан е на трето место....
Одлична екипа беа во МТВ на времето....:pipi:
imagesCAGGYFZE.jpg
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.127
Поени од реакции
25.198
Чекај сериозно Игорче нема да коментира?
Fu*k this sh*t, не гледам ракомет! :D
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Не знам зашто ама се поубеден сум дека ќе завршиме први во групава без пораз гледам интервју на некој швеѓанец што го има на екипа и вика Македонија е Кире Лазаров и планираат двајцата најдобри играчи во одбраната да ги стават на Кире а тука се најјаки па Наумче и Миркуловски кога ќе им се отвори простор во одбранта ако така гледаат сите три репрезентации кон нашата дека Македонија е Кире ќе ни направат услуга само
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Првиот противник на македонските ракометари на ЕП 2012 в недела ќе биде селекцијата на Шведска. Тие се фаворити на хартија, ама признаваат дека си имаат мака - размислуваат како да се сопре големиот стрелец Кирил Лазаров. Уште два дена до почетокот на ракометните борби, се прават последните анализи, се прават тактики за да се сопрат ривалите.


Шведскиот ракометен експерт Мартин Јонсон, се обидува да ги изнесе добрите и лошите страни на Македонија, а потоа се осврнува и на стилот што треба да го негува Шведска.

„Македонија?! Тоа е големиот Киро Лазаров. Тој е играч од највисок ков. Постигна 92 гола, најмногу во историјата на мундијалите. Ќе мора да се изнајде начин за да се сопре големиот стрелец. Тој е сега член на Атлетико Мадрид, еден од носителите на нивната игра во нападот, а во Македонија е ракометен бог. Јасно е дека се ќе оди преку него. Секој напад, секоја топка прво ќе оди во рацете на Киро Лазаров. А кога тој ќе „испали“ кон голот, тогаш нема спас. Значи, треба да се сопре пред да упати удар. Тоа е главната цел што ќе мораат да ја реализираат шведските ракометари“, објаснува шведскиот ракометен експерт.

Јонсон дава и совети како да се одигра на Лазаров. На него ќе треба да внимаваат двајцата најдобри одбранбени играчи на шведскиот тим, Магнус Јернемир и Тобијас Карлсон.

„Одбраната е најдобриот сегмент од играта на Шведска. Тука се цврстите Јернемир и Карлсон. Тие треба постојано со едно око да внимаваат на Киро Лазаров. Што повеќе успееме да го оддалечиме од нашиот гол, толку поблиску сме да ја завршиме работата“, коментира Јонсон.

Јасно е и кој ќе претставува најголема закана по македонскиот гол.

„Тука е Шведска слаба. Многу работи во нападот зависат од Ким Андерсон. Но, и Македонците сигурно го знаат тоа. Ќе мора да се одигра поразновидно, да се развлече нивната одбрана“, вели шведскиот експерт.

Тој се обиде и да даде прогноза на дуелот Шведска - Македонија, што ќе се одигра в недела, во Ниш.

„Шведска ќе победи со 4-5 гола разлика. Тоа е реалната разлика во квалитет во корист на Шведска, се разбира, доколку не се случат некои непредвидени работи. А во спортот, многу често се случуваат непредвидени работи“, заврши Мартин Јонсон, шведскиот ракометен стручњак, во својата најава за првиот дуел на Шведска на ЕП 2012, кој го игра против нашата Македонија.

Извор : http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=4445
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Најголема шанса ќе ни биде што сите ќе бидат фокусирани на Кире, е тоа едноставно мора да го искористиме преку нашите адути.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.938
Поени од реакции
16.229
Јас кога би бирал би ги одбрал или Горан Стерјов,или Златко Калински-нема подобри ракометни коментатори од овие двајца...
Марјан е на трето место....
Одлична екипа беа во МТВ на времето....:pipi:
Златко Калински ретко кога коментирал ракомет, тука си грешка.. има неколку преноси, ама човекот не го бива за ракомет(пред некое време коментираше СЕХА лига Металург - Загреб, направи неколку киксови и го отече со едно та исто..а и годините си го праат своето.) , за фудбал и атлетика е роден.
Незнам колку се сеќавате кога женската ракометна репрезентација го направи најголемиот успех на првенствата, човекот кој веќе го нема меѓу нас, Зоран Поповски, е тоа беше коментатор..:cuc: .. ако си следел ракомет ќе ти текни на кого мислам..
Ретко има добри коментатори кај нас искрено..
Малце сме офф топик.. ама ќе ни простат.:oops:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom