Иднината на Аце Палас
--- надополнето: Oct 17, 2011 8:35 PM ---
Не било страшно, ама е страмно ова
МАКЕДОНИЈА
17.10.2011
СЕ ЗАПАЛИ ДЕЛ ОД ХОТЕЛСКИОТ ПОКРИВ НАД КАТАРСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА
Мал пожар избувна вечерва на дел од покривот на хотелот „Александар Палас“ во Скопје, поради што емирот од Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани кој во Македонија допатува денеска, под исклучително високо организирани безбедносни мерки, доживеа непријатност, бидејќи огнот беше токму над апартманите на катарската делегација. До инцидентот дошло заради искричење на еден од трансформаторите. Според началникот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Благоја Менковски, пожарникари веднаш реагирале и огнот брзо бил угаснат. Мендковски тврди дека се работи за мал пожар, кој практично, предизвикал само чадење, без сериозни последици или ризици. И покрај инцидентот, свечената вечера која во хотелот во чест на Емирот ја закажа претседателот Ѓорге Иванов, сепак се одржала.