Духови, сеништа (сенки)...

Член од
23 октомври 2008
Мислења
256
Поени од реакции
18
Холивудските ѕвезди многу често купуваат куќи за себе , во кои се верува дека постојат(престојуваат)духови.
пр.пејачот Рики Мартин за 6,5 млн долари си купил куќа во Мајами Бич, за која претходните сопственици тврделе дека има дух на некоја мистична дама која погинала на сипствената свадба.Потоа,Николас Кејџ за 3,5 млн долари купил куќа во која мачеле и убивале луѓе.Местните жители тврдат дека слушаат врисоци (крици)од умрените.Во 19 век таму живеела познатата садистка и убиец Madame Lalaurie која со св.сопруг држеле неколку робови врз кои се изживувале.
Истото го сторила и Кејт Винслет, па и Никита Михалков,кој ја купил куќата на познатиот научник Павлов во чешкиот град Карлови Вари и за која се верува дека во неа се наоѓа духот на неговото куче кое ноќе се движи низ ходниците,лае и го уништува паркетот.
Страсхно
:angel1::angel1::angel1:
 
5pammeR

Love
Член од
24 август 2008
Мислења
338
Поени од реакции
9
Мојот другар има сликано дух во неговата соба.. во темно е сликано језиво е малку.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
11
Поени од реакции
1
Прочитајте увабо, пошо ова не е :eek:ftopic:

Гледајте го THE GODFATHER (незнам точно кој дел), има еден момент каде што некој им умира, и сите идат нели, нормално на погребот. Тука има една "грешка" во филмот, ама грешката е следна:

Во кадар имаат еден тип, кој седи на столче во црн смокинг, а пред него е гробот на починатиот! На него му наидува друг човек за да се поздрави со него и да му даде сочувство. Е, во моментот кога станува типов што седи на столче, на неговиот десен дел од сакото, се појавува фацата на ВИСТИНСКИ ПОЧИНАТАТА ЖЕНА која била закопана на тоа место! Ова се појаува само на момент! Ни тие што го снимиле филмот, неможат да си објаснат што е, ниту од каде дошло тоа, но кога провериле кој бил закопан на тоа место каде што се снимал тој дел од филмот, се УКОЧИЛЕ СИТЕ! Ја виделе истата фаца и што претходно се појавила на сакото на типот!

VERY CREEEEPY....

P.S. Се извинувам за вака површното објаснување ама не сум ги гледал КУМ деловите од дамна, па за да ви објаснам подетално, ама и тоа ке биде!
Eve jas scenata od "Godfather" . . . .

Massimo Moratti

engin90
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
156
Ова ми го има кажувано чичко ми колку е вистина незнам:

Многу врнело и маж и жена си иделе со автомобилот накај дома.На еден мост виделе девојка кај што седи во тој дожд целата накасната.Им се нажалило и застанале да ја качат да ја однесат до дома.Ја прашале кај живее и таа им кажала . Стигнале до дома кај неа.Слегле мажот и жената звонил на вратата , и ете излага некој. Им вика мажот, керкави је стретнавме и ја донесовеме до дома.И тој зачудено му вика дека керка му е мртва.Mажот упорен му вика дојди во колата е , одат тие кога гледаат нема никој во колата а местото кај што седела девојката било водено....:toe:

Еве уште една и вистинита :

Зет од стрина ми бил таксист и дошле некои патници стари маш и жена, тие се качиле в кола и му викаат на таксистов да ги однеси Крушино(место во Кичево в планина кое се поврзува со многу вакви случки) Тој им вика добро.Ги носи тој и застанува и знаете ја пушта сијаличката горе и им кажува колку пари..Се врти тој назад гледа никој нема.Се уплашил премногу кога стигнал дома му давала жена му вода со шекер..
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
105
Поени од реакции
3

првиот случај е изваден од книгата paralelni svet:tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom