Сликава случајно ја најдов на телефон. Немам никаква меморија дека сум ја сликала, ниту пак некакво објаснување.
Прегледај го приврзокот 350254
Да претпоставиме дека е просторијава ти е позната (веројатно од твојот дом), дека е исклучено, од некоја причина (дрога или сл.) да си ја направила сликата и дека притоа си заборавила, дека е исклучено некој друг тоа да го направил, со твојот телефон (маж ти, или некое друго лице кое циркулира во вашиот стан), дека, на кратко, се исклучени сите непаранормални причини за појавувањето на сликава, на твојот телефон.
Исто така, дополнително, да претпоставиме дека немаш дома, во облека, некој ваков вел.
Значи, да бараме таканаречени натприродни причини за појавата на оваа слика.
Еве неколку прашања, чии одговори нема ништо да докажат, освен да понудат индиции за паранормалната теза, или можеби дури ни тоа.
Имаш ли чувство дека во животов ти се дешаваат такви ствари? Дека можда те пратат кај и да живееш?
Знам дека ништо не се гледа, ама познаваш ли некој (жив или мртов) кој изгледал слично?
Одговорот на горниве е веројатно не. А ова се поважните прашања:
Имате ли некакви настани во домот, понекогаш или често, кои ти би ги окарактеризирала како паранормални?
Стара ли е градбата во која живеете?
Дали во собата, која е на сликата, обично е поладно, или имате можеби некој необјаснив лош мирис?
Знам дека на многумина ова ќе им звучи смешно, али јебига.