Духови, сеништа (сенки)...

  • Креатор на темата Креатор на темата PANKERKA
  • Време на започнување Време на започнување
Првиот пат кога ми се случи бев дете, се разбудив во ниедно време, не можев да се движам, не можев да зборувам. Ме фати паника. Траеше неколку минути. Тие неколку минути мислев дека ќе бидам закован за кревет цел живот. Вториот и последен пат веќе знаев што е тоа, лежев и чекав да ми помине. Исто, траеше неколку минути.
Некои луѓе тврдат дека гледаат халуцинации, дури имало физички допир. Страшно е тоа. Подалеку од нас...
 
Сте имале ли парализација при спиење? Како е чувството? Како се снаоѓате со тоа? Јас фала Богу сум немал, но ме интересира како е.
Еден период ми се случуваше почесто некаде 20год коа бев, и секогаш се будев на грб и изморена и исплашена. Претходната недела после 15год пак ми се случи овој пат спиев легната на стомак. Сонував некој грд сон кај шо сакав да затворам вратам темно но вратата тешка и мислев викав по сопругот коа се разбудив ми кажа не викаше а грлото ми се беше суво од напрегања. Заклучок не знам кога и зошто се случува но ептен е грдо. После нема спиење
 
Првиот пат кога ми се случи бев дете, се разбудив во ниедно време, не можев да се движам, не можев да зборувам. Ме фати паника. Траеше неколку минути. Тие неколку минути мислев дека ќе бидам закован за кревет цел живот. Вториот и последен пат веќе знаев што е тоа, лежев и чекав да ми помине. Исто, траеше неколку минути.
Пред едно две недели ми се деси слично. Лежам пред заспивање и одеднаш осетив позади мене на кревет како некој чекори. Отворив очи, ама не можев да мрдам и испуштам звук 2-3 секунди. Изглеа бев у полу сон.
 
Сликава случајно ја најдов на телефон. Немам никаква меморија дека сум ја сликала, ниту пак некакво објаснување. :unsure:Прегледај го приврзокот 350254
Да претпоставиме дека е просторијава ти е позната (веројатно од твојот дом), дека е исклучено, од некоја причина (дрога или сл.) да си ја направила сликата и дека притоа си заборавила, дека е исклучено некој друг тоа да го направил, со твојот телефон (маж ти, или некое друго лице кое циркулира во вашиот стан), дека, на кратко, се исклучени сите непаранормални причини за појавувањето на сликава, на твојот телефон.
Исто така, дополнително, да претпоставиме дека немаш дома, во облека, некој ваков вел.
Значи, да бараме таканаречени натприродни причини за појавата на оваа слика.
Еве неколку прашања, чии одговори нема ништо да докажат, освен да понудат индиции за паранормалната теза, или можеби дури ни тоа.

Имаш ли чувство дека во животов ти се дешаваат такви ствари? Дека можда те пратат кај и да живееш?
Знам дека ништо не се гледа, ама познаваш ли некој (жив или мртов) кој изгледал слично?

Одговорот на горниве е веројатно не. А ова се поважните прашања:

Имате ли некакви настани во домот, понекогаш или често, кои ти би ги окарактеризирала како паранормални?
Стара ли е градбата во која живеете?
Дали во собата, која е на сликата, обично е поладно, или имате можеби некој необјаснив лош мирис?

Знам дека на многумина ова ќе им звучи смешно, али јебига.
 
Ќе ти кажам само една работа. Изгреа сонцето, дома бев сама со син ми. Син ми лежеше во дневна на кауч и си играше. ЗНачи не стана воопшто, му го слушав гласот цело време. Тргнав да ги гасам светлата наоколу, изгасив во детската соба и влегов во спална(собите се една до друга), изгасив во спална, излегувам, ламбата во детска гори. Значи 100% сум сигурна дека ја изгасив пред неколку секунди. Во тие неколку секунди нема шанси син ми да станал и да ја запалил, плус сеуште лежеше на истото место и си играше, му го слушав гласот цело време.
 
Здраво на сите.
Се регистрирав на форумот само да споделам несто што ми се случува..
Пред 2 дена додека спиев бев како полубуден или заспан не можам да го опишам тоа и слушав звуци на дух одеднаш осетив и многу ладно на целото тело а грлото како да не можеше да голтнам ништо како да ме давеше и тоа додека се случуваше некои 15-20 секунди бев свестен и цело време во себе си викам стани стани стани но не можам никако да станам од креветот.. одеднаш некако се ослободив и веднаш се дигнав од креветот грлото ми бесе стегнато уште го вклучив телевизорот да работи имав сок на маса сипав во чашата се напив и си легнав повторно..
Утре ден пак исто т.е вчера исто имав присуство некое но не беше исто како претходната вечер сега само го осетив како доаѓа до мене на кратко се разбудив го вклучив телевизорот и си легнав пак..
Денес татко ми ме прашува дали имало земјотрес или нешто бидејќи во ходникот паднала икона од нашата слава која е закачена на зидот изработена е од гипс или нешто такво кршлив материјал..
Ова можеби е поврзано нешто не знам.. но за моите два сона знам и баш ги осетив на своја кожа баш онака реално не може ни да се опише како..
Не знам што да мислам повеќе затоа објавив тука можеби некој имал слично искуство или пак знае нешто за вакви работи..
 
Едно видео кое воопшто не делува фејк, малце е подолго, али ако сакате вакви случки бујрум еве ви го. Има интересни видеа човеков, можете да му го ѕирнете каналот.

Во опции имате да пуштите македонски превод

Постепено ова ми станува алтернатива за хоророт како жарн, кој во последен период нема што да понуди. Нешто налик paranormal activity, само компилација од снимени домашни видеа постирани на разни платформи. Ова е последното:

Ова е најдобар канал за вакви работи...без заебанции, без глупи одолговлекувања, без jumpscares. Со краток вовед одма ти ги дава видеата да ги гледаш.

Другиот е Nuke's Top 5
 
Едно видео кое воопшто не делува фејк, малце е подолго, али ако сакате вакви случки бујрум еве ви го. Има интересни видеа човеков, можете да му го ѕирнете каналот.

Во опции имате да пуштите македонски превод

Сега го гледав ова од него.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom