Дубровник

Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Најубавиот балкански град дефинитивно ..
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
Дубровник како што го гледам по сликите е многу многу убав град но и многу скап. Сум бил еднаш ама скоро и не се сеќавам (исто како да не сум бил:)) би одел на одмор таму.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.456
Јеах, сепак идам во Дубровник при крајот на месецов, во Valamar Club.
Само, со оглед на тоа што ќе бидам сместен подалеку од случувањата (тврдината, центарот...) и одам службено, тешко дека ќе се изнагледам убавини :))

Како и да е, се радувам што ќе го посетам Дубровник и општо - Хрватска.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.159
Поени од реакции
6.015

И јас мислам дека бев во тој хотел кога бев во Дубровник пред 4 години. Се наоѓаше на тој полуостровот, мислам Бабин Кук се викаше. Горе кога ќе излезеш на улицата, проаѓаат автобуси што одат накај центарот. Така да ако имаш нешто слободно време, ете ти начин да отидеш да прошеташ и да го видиш стариот град. После за назад бараш некој автобус што оди накај Бабин Кук.

Убаво да си поминеш. :)
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.821
Поени од реакции
11.447
Не постои поубав град. Ја имам прошетано целата околина со се малите градчиња/селца северно/јужно од Дубровак, феноменално е. Барем мене ме исполнува 500.
 
C

cige

Гостин
Дали е многу поскап од останатите Хрватски градови?
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Дали е многу поскап од останатите Хрватски градови?
Дубровник > Монте Карло . Стигнав од таму пред недела дена.Цените се онака супер ... за Норвежани :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.806
Поени од реакции
8.225
Пред неколку години не се сеќавам точно која бев со мојте на одмор во Хрватска поточно во Корчула и еден ден татко ми реши да прошетаме до Дубровник туристички . Паметам пиевме кафе во Градска кавана и беше скапичко но ипак не си во некоја биртија туку во кафиќ/кафана во Дубровник туристичко место.

Јас толку се заљубив во Хрватска што повторно некогаш би сакал да отидам доколку би имал можност но тоа сигурно малку тешко да се реализира.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Некој да каже кај не се плаќа паркинг у Дубровник, а и на места кај шо се плаќа колку е од саат ?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.143
Поени од реакции
13.295
Градот е скап, ама не е невозможно скап, сега ќе објаснам што значи тоа. За да стигнеш до Дубровник ако возиш по приморје низ Црна Гора, а претходно Косово и Албанија, немаш ниту една патарина на која треба да дадеш пари, значи единствен трошок ти се парите за гориво. Е сега, таму ако најдеш смештај реално скапо е, освен ако не букираш од сега за следно лето, што нормалнo никој не прави. Цените таму ти се стварно скапи обично магнетче мало по 3 евра т.е. 21 куна нивна, пица ако јадеш мало парче 4 евра и повеќе, топка сладолед 1.5 евра, вода мала скоро две евра, да седнуваш во ресторан да се најадеш со фамилија отиде пола плата :D Е сега нормално не мора да седнува никој во ресторан, и никој не губи ништо ако не седне во ресторан. Градот е убав да го поминеш на шетање дур одиш во некој друг град на море пример Макарска, Трогир, Ровињ, Биоград, или кои и да ви се одбрани туристички места, но да се тера класичен одмор од 7 дена тука, мислам дека не е баш најпаметна идеа. Е сега луѓе, да знаете во Дубровник паркинг ви е десет евра од саат, така да освен ако парите не ви растат на дрво, мислам е премногу за сечиј џеб. Добрата страна е што на само еден километар погоре од стариот град имате бесплатен паркинг во Коузон маркетите, така да оставете ја таму колата не прават никакви проблеми, за еден километар пешачење што нема да осетите ќе заштедите стварно доста пари. И секако да знаете уште нешто за сите кои одите натаму, не разменувајте во менувачници каде што курсот за едно евро е 7.1 куни, во стариот град значи има еден куп менувачници каде што курсот за едно евро е 7.4 куни, па ако разменувате поголема сума пари ќе си заштедите. Ако веќе залутате повеќе денови во Дубровник, купувајте луѓе од супер маркети, значи не од мали продавнички туку од супер маркетите, цените ќе ви се скоро ко кај нас, нема да го осетите Дубровник како скап град. Еве баш јас кога бев ме пречекаа апостолки за 1.5 евро, не ми се веруваше што гледам, сите тие кроасани гумени бомбони се исто цени ко кај нас до 1 евро, така да гледајте таму да пазарите, наместо во мали продавнички, и гледајте таму каде што пазарите да е место одалечено од стариот град, пошто тие што се на радиус од двеста метри и во него, цените им се изгор.

Е сега, не би сакал само да зборувам за Дубровник како место за шетање, бидејќи сигурно сакате и да се избањате кога сте веќе во град на море. За таа работа топло би ви го препорачал местото Купари што е на 5км јужно од Дубровник, значи на границата со Црна Гора. Местото е феноменално, се влегува во шумичка напуштена, опкружена со рушевини бомбардирани од војната со Србија, и околу тебе кристално море, тивко приватно, без многу гужва. Таму одат локални туристи од Дубровник само, местото е како рај некој. Водата е кристална, во длабокото се гледа дното што има, тревки ѓубриња да бараш со саати не можеш да најдеш, пливаш колку ти душа сака, сам си, преубаво искуство. Повеќето е со камчиња, има само мал дел со песок. Иако е напуштена плажа со хотели со рушевини, има еден кафич, дури и игралиште за одбојка на песок. Секако јас не одолеав и влегов во секој напуштен хотел, па од нив имате одличен поглед кон плажата од високо, и можете да се фотографирате, морето е уште поубаво од горе. Знам не се оди секој ден во Дубровник, ама ако одите на поминување направете некоја тура, денот во Купари, а вечерта разгледување на Дубровник, нема да зажалите.

Еве две слики, јас немам баш добар телефон за слики, чисто нека ви се за увертира, за повеќе побарајте на интернет Дубровник, и Купари ќе видите за што станува збор. Имам нешто и од рушевините, ама да не ви праќам слики од напуштените хотели пред распаѓање :)
 
Attachments

Член од
13 мај 2016
Мислења
33
Поени од реакции
36

Kade bevte smesteni jas baram smestaj negde vo okolinata na Dubrovnik bidejki mislev bas kako ti sto opisa negde na strana plaza a tamu samo setanje
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.143
Поени од реакции
13.295
Kade bevte smesteni jas baram smestaj negde vo okolinata na Dubrovnik bidejki mislev bas kako ti sto opisa negde na strana plaza a tamu samo setanje
Само на еден ден поминавме во Дубровник и Купари, иначе бевме во Будва десет дена. Ако сакаш Хрватска мислам најдобро ти е Макарска и да си испланираш, еден ден Дубровник, еден ден Сплит, еден ден остров некој, и другите денови плажите на Макарска има во радиус од десет километра, едно 15 убави плажи на двете страни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom