ex machina напиша:
Се чини дека се разидуваме во
дефинициите Еве ги моите (да не ги комплицирам, независни се од полот):
...
Да не го вметнувам и останатиот дел од цитатов, прилично долг е.
Со дефинициите се сложувам и не се ни сомневав дека знаеш да правиш разлика меѓу пријателство и другарство. Кај мене има само една мала разлика.
Не-толку-близок пријател е сето она што го наведе ти.
Близок пријател е човек со кој се доближувам до вистинското толкување на поимот „другарство“, но ме спречува само можноста да забега мислата. Не реков дека сигурно ќе се појави. Можеби, но доволно е што знам дека има можност, што може да дознам или да не дознам ако се појавила. Или кај мене, сеедно. За мене другарството е такво кога е најчисто, неизвалкано со ниедна „лоша“ мисла, ослободено од „што ако...“
Еве во што не се согласуваме. Ти велиш дека ќе расчистите затоа што сте возрасни и нема да дозволите да ви го помати дружењето. Да, во ред, тоа е одлика на разумни луѓе, тоа не е спорно. Но, јас велам дека нема ни да се создаде таква потреба ако се работи за вистинско другарство какво што може да има меѓу две девојки (на пример). Мување, сексуална привлечност, не ми е јасно како може после тоа да се нарече тој однос другарство. Што? На другарска база ќе се бацуваме?
Не ми е логично.
Разликата е - другарството со машко што го опишуваш ти јас го нарекувам блиско пријателство.
Добро, тука не зборувам за изолирани случаи кои ги наведов на почетокот на дискусијава.
Fabullous_178, те молам, дај објасни за какви комплекси зборуваш? Што се` нема да прочита човек...
„Комплекси дека тоа е невозможно...“
Жити се речи дека си го згрешил зборот „комплекс“ и дека мислеше на друго.