Прво - не тапиш, си дискутираме и кој не сака да чита и сме му досадни, има и други теми да си разгледува.
Второ - Во врска со мислите... И самата се познаваш онолку години колку што имаш, но дали секоја мисла што ти се завртила (општо зборувам) излегла на виделина? Не верувам
Ти претходно колку што се сеќавам никаде не спомна дека и двајцата си имате партнери.
Е... Другарска љубов во вистинска смисла на зборот можеби може да се развие доколку (барем) едниот е непривлечен за другиот (не затоа што поинаку те гледа, туку затоа што навистина не си му убав/а, го/ја привлекуваат поинакви личности) и доколку и двајцата си сакаат друга личност.
Така, кај тебе најверојатно си се исполнети овие услови:smir:
Ако правиме муабет за другарство во вистинска смисла на зборот, тогаш другарство си е другарство, не знам зошто велиш: „Друго е другарството помеѓу машко и женско отколку женско и женско“. Чувството за вистинско, чисто и ослободено од било какви „задни намери“ другарство не би требало да доаѓа според полот, нели?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Што е друго? Или можеби заради (наводно) подоброто разбирање на мажите? Од кога другарот може да биде фактор за подобро разбирање на мажите? Од каде може да знаеш дали ти (која велиш дека имаш другар) повеќе ги разбираш од мене (која велам дека немам другар)?
Ти препорачувам да ја разгледаш малку темава од почеток. Ќе забележиш колку мажи на форумов пишале дека си имаат другарка, но некогаш им се свртеле „нечисти“ мисли во главата. Каде е тука она „подобро ги разбирам мажите“?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И според муабетов како да велиш дека сите се исти. За да ги разбираш подобро сите - сите треба да бидат исти:smir:
Која ми е поентата? Верувам само во блиско пријателство меѓу машко и женско, а за другарство со машко никогаш не би била ослободена до крај, секогаш ќе ми стои некоја резерва „што ако му забегаат мислите“. А штом се појавува резервираност или нецелосна доверба во врска со ова (која никогаш не ми се појавува спрема другарките), тогаш тука не може да се зборува за искрено, верно и вистинско другарство. Разликата меѓу близок пријател и другар е само во она - првиот можеби некогаш ќе ти мисли „лошо“, а вториот не би ти мислел никогаш (само во случаи кои ги наведов погоре).
И уште нешто. Не е исто да те гледа по купаќи и да те гледа по чипкана долна облека
Ах, ми изгледа како да им се вратив пак на долгите постови. Тоа ме загрижува ![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)