Државна матура (Англиски јазик)

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Просечно. Потешко од лани од она што го видовме како пример.
Есејот беше нејасно поставен. Кај нас имаше за ајвар пишувано, за Матка, за Охрид, за Сенки на Милчо итн. Многу ама многу опширано дадена тема. One thing (Не е специфицирано дали е место или предмет) that will represent your country... Од кај знаат дека есеите за локации не се промотивен материјал како спотовите за Македонија и Охрид на CNN шо идеа?

Пандан на Болен Дојчин во англиски беше Science news дефинитивно. Текстот скоро и да не одговараше со поставените прашања, а пак со тие со кои одговараше (едно прашање беше) можеа од 4 понудени, 3 точни да бидат.
Мислев дека подредувањето на пасоси ќе биде тешко ама брзо ко скоцкав тоа. Писмото ми е океј у глобала. Охрид не знам дали ќе го прифатат. Се бараше есеј за една работа пратена на изложба (не посочено во кој облик) а не опис на предмет ама сепак има наопаку професори.
И најголем поздрав до англиската верзија на Ева Ристевска, такозвани Billy Brown.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Бате, цел живот се откостив граматика учење, за сега да ми дојди аматерски тест кој не е ТЕЖОК, туку треба по логика да му одиш да му влезиш во умот на тој шо го праел, за да одбериш најлогички одговор. Немам страв од тежина, имам страв од нејасно поставена релација прашање - одговор.

Второ, 50% по мобилен му ги пишаја есеите и сличните тракатанци, луѓе кои цел живот препишувале од кај мене за една 2ка и сега ќе бидат пред мене. Тоа е.
Јас па ич не сум учел граматика англиски... Иначе со самото тоа што кажа дека си се утепал од учење граматика удираш потврда дека ти уствари го учиш англискиот на памет... А твоето знаење за англиската граматика ќе се види на есеите али ако си учел само граматика а немаш фонд на зборови тоа ти е џабе...
Јазикот не е граматика...
За прашањата се согласувам дека се двосмислени, имаше и за нас двосмислени прашања, и јас си тупев мозок на тоа што сака авторот да каже, али тоа се 2-3 прашања односно 2-3 бода...
Ако напишеш се 5ката не ти бега, и ќе биде мерило на твоето знаење...
Тие што препишале нека им е со среќа, таквите одат или на приватен, или воопшто не идат на факултет...

--- надополнето ---

не се заебавај и самиот знаеш што се случува на тестирањава

скоро сите препишуваат
и сите поминуваат матура ?!?
ајде бе
Чекај малце, не те сфатив, сите препишуваат и сите поминуваат или не поминуваат?
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
не објаснив убаво моја грешка

поентата ми беше дека матура поминува и кјоро и сакато
кој како си се снашол битно поминуваат
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Еј само да се осигурам, пишувавте „До Били Браун“ или се потпишавте како Били Браун ?
Јас пишував како јас да сум Били.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Dude bene hakuna matata, ако имаш семоќно познавање по англиски, браво. Јас од 5 години сум на курс и на натпревари имам одлични резултати остварено и се осеќам доволно компетентен да кажам дека тестов беше шит. Булшит. Ако тебе ти беше лесен, браво, што да ти речам, мене ме попизди тестот. И не, не учам напамет англиски.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
не објаснив убаво моја грешка

поентата ми беше дека матура поминува и кјоро и сакато
кој како си се снашол битно поминуваат
А зашто да не поминат? Јас сум за сите да поминат, од една страна сите се согласуваме на тоа дека секој треба да се запише на факултет, од друга страна воведуваме матура на која треба да паѓаат учениците... Две контрадикторни работи....
Некој што едвај поминал средно на факултет подобро се снашол од некој со 5.00 просек...
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Тие што препишале нека им е со среќа, таквите одат или на приватен, или воопшто не идат на факултет...
Ама таквите може да се случи да ти го заземат местото на факултет.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Еј само да се осигурам, пишувавте „До Били Браун“ или се потпишавте како Били Браун ?
Јас пишував како јас да сум Били.
Точно ти е:)
Од Били Браун... Пишуваше sign with Billy Brown а задачата беше One of your friends has moved away. Write him/her a letter. Со тоа him/her одма ти се дава до знаење дека ти остава простор да бираш дали е машко или женско. А со оглед на тоа што Били Браун е машко име, се потпишуваш со него на крај од писмото.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Dude bene hakuna matata, ако имаш семоќно познавање по англиски, браво. Јас од 5 години сум на курс и на натпревари имам одлични резултати остварено и се осеќам доволно компетентен да кажам дека тестов беше шит. Булшит. Ако тебе ти беше лесен, браво, што да ти речам, мене ме попизди тестот. И не, не учам напамет англиски.
Не јас немам семоќно познавање, ама ти ме потсеќаш на девојчето над тебе кое се знае а сепак се замара за оценката матура...
Од 5 одделение одиш на курс? Имаш награди од натпревари? И сакаш да кажеш дека не си сигурен во своето познавање на англискиот јазик? БРАВО...
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Не јас немам семоќно познавање, ама ти ме потсеќаш на девојчето над тебе кое се знае а сепак се замара за оценката матура...
Од 5 одделение одиш на курс? Имаш награди од натпревари? И сакаш да кажеш дека не си сигурен во своето познавање на англискиот јазик? БРАВО...
Од 5 години одам на курс. Имам награди. Читај малце повнимателно, не рипај одма да ми цитираш. Кажав и погоре, сигурен сум во моето познавање, јас дури и САКАМ тешки тестови, ама ова не беше тежок, беше глуп, и недобро осмислен и реализиран. ФАЛА.....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Ама таквите може да се случи да ти го заземат местото на факултет.
Нема, на приватен секогаш ќе имаш место :)

--- надополнето ---

Од 5 години одам на курс. Имам награди. Читај малце повнимателно, не рипај одма да ми цитираш. Кажав и погоре, сигурен сум во моето познавање, јас дури и САКАМ тешки тестови, ама ова не беше тежок, беше глуп, и недобро осмислен и реализиран. ФАЛА.....
Прочитај ми го првиот пост де, КАКО ЗА ТЕБЕ, ТАКА ЗА СИТЕ !!!!
Сигурно на некој не му ги кажувале тие со заокружување преку мобилен....
За есејот сигурно си го напишал добро, пак си пред сите со твоето знаење англиски....
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не јас немам семоќно познавање, ама ти ме потсеќаш на девојчето над тебе кое се знае а сепак се замара за оценката матура...
Од 5 одделение одиш на курс? Имаш награди од натпревари? И сакаш да кажеш дека не си сигурен во своето познавање на англискиот јазик? БРАВО...
Мојата професорка по англиски била на усовршување на Кембриџ. Кога човек со диплома од еден од најмоќните универзитети во светот лоциран во земјата чиј јазик го полагавме денес, може да каже дека матурата е зафркната на многу места и дека треба препрочитување по неколку пати за да на крај повторно утнеш одговор, што треба да кажеме ние што англиски имаме учено во школо или на курс.
Британец, чиј мајчин јазик е англискиот reading comprehension нема да го помине со помалку грешки од нас.
 
Член од
7 мај 2010
Мислења
40
Поени од реакции
0
По беден тест немам видено глупи бедни двосмислени прашања и фината на кој му се падне добар надгледувач ке препишува и ајдее лесно, кој не нека седи 3 саати сам да си решава бедно!
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
забегавме од муабетот
бенемата мене поентата ми беше дека матурата
не е мерилно за знаење и тука мораш да се сложиш

а ова со тестот што беше фаил направен тоа е друг муабет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom