Драга Кајгана

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.074
Поени од реакции
57.367
Скoкaaт вo oсветение вoди зa здрaвје... пoлa скoкaчи бoлни сo темперaтурa ќе ги минaт денoвиве.

Или не се сите "свилени" кaкo Дaни? :unsure:

Кaкo и дa е... секoјa чест. Јaс не би се oсудил нa тaквo нештo.
Пa и вo летo дa е, би рaзмислил дaли би скoкaл вo кaнaлизaцијa. :D
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Драга К,

Вчера ме фати малерот не ме пушти :mad: мамицата негова а денеска му дадов нокаут на спортска, ФАТИВ кој го тит :ROFLMAO: утре со брзина на светлината во обложувалница он на мене. :lut:
 
Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Драга
Работен викенд по дома, ме нема знам...
Убав ден денес, убав празник, за мене се денес 2 празника... Водици и роденденот на татко ми... го обожавам денов !
Татко мој единствен и најдобар на свет, нека ми ти е среќен роденденот и да си догураш до длабока старост во здравје, мир и среќа, сите заедно со тебе да славиме како и денеска !
Тортата беше успешна, да се пофалам, благодарение Кајги на тебе и на форумџиите овде кои ми дадоа рецепти и за фонданот, па испадна и подобро отколку што очекував ! Вистина, нерви изгубив на почеток додека почнав, ама после тоа се си беше како што треба !
Се на се, се исплатеше цел труд за викендов... се додека насмевката е на лицето на татко ми, се додека можам да му пружам среќа барем малку при сите проблеми, јас сум среќна !
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ден, катаљардити, јас уште болна.:cautious::facepalm:
Ама, од позитивната страна, јадев конечно од Крофните од Хром, така да грипу/настинке/вирозо/штоидаси, кој те врти! :cool: Животот е убав (посебно кратките моменти кога не кашлам)! :pipi:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.584
Поени од реакции
13.248
Драга, некои луѓе треба да сфатат дека на фејсбук не се постираат прекрасни јадења на факинг полноќ, како крофните од хром рецимо :cautious:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.202
Поени од реакции
107.863
У петокот реков дека конечно се ставам на режим на исхрана, значи не на диета, него на здрава исхрана зашо преку глава ми дојде од празнициве и гнетењето на сваштарии. И така сабајлето си бев на тренинг, после тоа дојдов јадев макарони, потоа нешто овошје изедов и отидов вечерта на кафе со колегите од факс, демек се немаме видено недела дена па ај да си потрачариме малце. Пројде тоа се океј, се враќам дома, отварам врата, мајка ми палачинки прави. :boksix::boksix: И тоа ја влетав баш у моментот кога ги завршуваше, односно кога требаше да се јадат. И како да се храниш здраво бе? Шупичку материну, не можев да им одолеам. :D
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Тамам си реков доста е од празнициве,почнав здрав живот;),почнав постепено да пешачам,дека нели да се искористи времево дур е убаво.Вчера ајде реков на баскет ќе идам да се истрчам,и опп стандард отиде зглобот.абе аман ко шпагети некој ми се зглобовиве,секој лош наскок,повреда:place:.И така ти викам денеска отидов у кафана,и оп све по старо,јебеш га судбина:icon_lol:.
 

Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Мојот евтин штоф и твоите чудесни чорапчиња
Плетат заплет, тежок, замрсен

Швалерскиот воз е во два
Почекај, запали, испуши до крај

Деновиве ќе минам низ твојот весел град
Ти порано ќе легнеш, а јас ќе задоцнам

Онака ми текна. Не ни сум заљубена :noze:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom