Драга Кајгана

Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Драга
Конечно дома... Има денови што кога ќе се вратам од работа, ќе се сместам во кревет да ги одморам коските веруј ми нема ништо посовршено од тоа... буквално ништо друго не ми е потребно...
Ова беше напорен ден, време е за одмор... не мрдам од кревет !
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас сум Чарли, ама сум и Смиљко

Франција и светот е потресен од грозоморното убиство што се случи пред два дена во париските канцеларии на сатиричниот весник "Шарли Ебдо" кога двајца исламски терористи вооружение до заби направија масакр и само не потсети на тоа кога дел од светот размислува да направи колонија на друга планета, дел од светот е затворен во темниот среден век каде што во името на измислени ликови е спремен да убие личност без грижа грижа на совест.

Ова е абсурд би свикал секој нормален човек со малку разумност во него без разлика на неговите лични убедувања би се запрашал што направиле толку лошо карикатуристите и новинарите на неделникот за некој да им пресуди на таков брутален начин.
Ха! Провокативни карикатури и наслови на пророкот, папата, славни личности кои се навистина малку од повеќе либерални и може да се каже дегутантни за луѓе кои се засегнати со некакви обедување религиски или пак се идолопоклоници на одредена личност која е на мета на неделникот.

Дали е ова доволна причина за да земеш калашников и расцветаш глави на дузина невооружани луѓе?
Ова е абсурд би свикала секоја нормална личност што има малку разум без колебање би одговорила негативно.

Франција и светот е на нозе и во неверување дека некој кој е дел од француското либерално општество може да направи вакво нешто.
Француската полиција делува жестоко и последните вести се дека напаѓачите се во Демартен и се слушаат рафали на сите страни.
Разврската може само да ја претпоставиме каква ќе биде и дека истите ќе бидат елиминирани како што и заслужуваат.
Слично нешто се случи и со бостонскиот напад каде што напаѓачите беа експресно затворени т.е убиени и дел од екипата за која што се претпоставуваше дека им помогнала ставени во притвор.

Во Македонија пред повеќе од две години се случи уште погрозоморно убиство на скоро ист брутален и свиреп начин.
Убиени беа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски и Борче Стефковски.
За разлика од новинарите на "Шарли Ебдо" кои беа убиени оти цртаа провокативни карикатури на пророкот, овие деца не правеа ништо и единствен "грев" им беше оти ловеа риба.
Повторувам ако секој нормален човек со малку разумност во себе би свикал абсурд и би ги осудил убиствата на новинарите на неделникот, тогаш дури и полуретардиран социопат би ги осудил убиствата на Смиљковско Езеро-
Ако браќата Куаши го собирале гневот со тоа што додека се клањале пет пати во денот со челото удирале во страниците од провокативните страници на неделникот и за време на масакрот гневно ги изговарале имињата на убиените, никој не може да каже на кој начин го собирале гневот браќата Исмаиловиќ за брутално да ги егзекутираат Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски и Борче Стефковски.

Веста помина шокатно во Македонија и бегло во светските медиуми што е за очекување од причина што Балканот не е многу атрактивен за вакви вести каде што убивањето на невини луѓе беше национален спорт пред 20 и кусуро години.

Шокантното е што се случи во една европска земја кога беа обвинетите спроведени на испитување за случај кој има иста и ако не дури и поголема тежина од завчерашниот масакр во Париз.

-Група од 5000 воглавно млади луѓе предводени од градоначалник на општина организирани од џамија се појавија на протести за ослободување на убијците и јаво со транспаренти од терористички организации и со калашникови парадираа по улиците на главниот град
-Амабасадорите на ЕУ и САД им порачаа да имаат мирни протести (sic!)
-Скоро никој Албанец во Македонија не ги осуди јавно убијците и порача да им дадат максимална казна

Чисто колку да знае светот што е абсурд кога веќе живееме во земја каде што има ретко нормални луѓе со малку разумност во себе.
 
Последно уредено:
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Мене фармацевтска технологија не ми се учи.:toe: Ги поминав задачите и рецептите ама теоријата.......:place:
И заборавив да се пофалам, сите за празнициве се дебелат а јас слабеам.:ojeaa:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Експерти за се. Во зависност од ситуација. Сега сите се форензичари, за некоја недела, сите ќе бидат експерти за ракомет.
Како успеав да се родам во држава со мултиталенти и експерти за се, еве уште не знам.
Иначе уште сум болна, мирисот и вкусот, еден момент се враќаат, наредниот пак се губат.
Прекрасно.
Барем конечно заврши голготата наречена сликање за лична карта.

П.С. Гледам се појави тренд “Јас сум Чарли“. Не, не сте Чарли. Никој не е Чарли. Чарли беа оние 10 новинари/карикатуристи и семејствата нивни. Плус 2-та полицајци. Тие се Чарли. И тие ќе останат Чарли. Вам ви е само жал, а утре ќе си продолжите со животот. Како и јас, како и сите останати. И ни останува да се надеваме дека нам тоа нема да ни се случи. Ама не се лажете дека сте Чарли. Бидејќи не сте.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Татко е тажно испревртен човек и тука нема нешто што може да го одрече тоа.
Секогаш кога е тивок знам дека е затишје пред бура, и многу пати не го фаќам зошто кратко сум тука, ама кога сум подолго не испушта прилика да си го покаже вистинското лице. И после се ми иде да го прашам: Добро бе човек, зарем мислиш дека веќе ми е гајле што тебе во животот те направило тажен и депресивен, или зошто си живчан и цел живот си на нервна база, маму му за каква благодарност и неблагодарност зборуваш, за што да ти бидам јас благодарна тебе, за парите? Еден совет, еден муабет, еден убав збор, ма, никогаш, ако некогаш било не се ни сеќавам кога било. За каква тага за каков проблем, што си праел деца ко не знаеш да ги гледаш, што ќе ти фамилија кога ти не знаеш, кога и каде се изгуби ти во времето и просторов? Што мислиш,што правиш, КАЈ ТЕРАШ КАЈ ТЕРАШ?!

Ми е толку преку глава дојдено што веќе не ми се трпи за ништо зошто некои работи ти се чиста обврска и ми е гајле дали ќе ми ги пружиш или не зошто никогаш не ми значеле а во моментов не ми е ни гајле дали ми се неопходни или не бидејќи јас сум решена да направам нешто од себе во животов и да си докажам себеси дека може да се биде подобар родител од тебе и на моите деца кога ќе влезат дома да не им бодам шилци во душата туку да можат да дишат слободно.
И како да ти кажам бе стари дека тие ебани пари и тоа материјално во главата начисто те упропастија, јас не сум така воспитана зошто ни тоа не успеа да ми го вметнеш во главата, ни за толку не те биваше..
Деновите се бројат и за тебе и за мене, еден ден ќе сфатиш ама ќе биде касно.. се плашиш дека некој мисли поинаку од тебе, дека некој знае поинаку од тебе, се плашиш да се видиш кој си зошто ти е страв дека не можеш да се поднесеш а ниту никој друг не може. И кога тебе не ти беше гајле дали мене ми е тешко и како јас се сносам со се што ти правиш, зошто мене да ми биде гајле. И јас имам живот и ме боли кур дали сум себична или не сум, и дали сум благодарна или не сум заш тебе човек ако ти каже фала ти ќе се насмееш како виц да ти кажал, зошто тебе зборовите ништо не ти значат, зошто си празен и многу ми е жал што си таков.
Тебе ништо не те спасува...мака ми е ама ништо..ништо.И штета е некој друг да се гордее со мене и да гледа нешто добро во мене а тоа да не си ти. Исто како што е штета некој друг да те знае како добар човек а јас да те знам како олош. Се` е штета и не знам како беше способен се да донесеш до ова дереџе. Алал да ти е и катастрофа..
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.826
Поени од реакции
10.559
Пред Нова година за втор пат му дадов шанса на Твитер по повеќе од две години и сеуште имам впечаток дека Твитер е погрешно разбран во Македонија... А да, повеќето од тие популарните твитерџии пишуваат глупости.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Gde ste picke stigo Zdravko Colic! :oleee:

Значи, едно големо, ама огромно "Благодарам" до моите браќа @ЏинЏер и @Castiel кои што и во добри и во лоши денови се со мене, фала за иницијативата "брад за брад, брад за брад."
Уште поголемо благодарам за човекот на годината мистер @Нuкола, кој што доброволно си ја жртвуваше положбата за моја слобода, коа ќе имам син ќе го крстам Никола, ако биде женско или ќе мења пол или ќе пушта брк, ама важно така ќе се вика!
Исто голема благодарност и до Ацид, живела партија! :D


:oeoeoe:

Знам дека звучам како Џонтра, така и се чуствувам, живели. :jeeee:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
Драга Кајгана,

Преку глава ми е од лицемерие;
Преку глава ми е од државава;
Преку глава ми е од луѓе од корист;
Преку глава ми е од идеални услови за живот во МК;
Преку глава ми е од национализам;
Преку глава ми е од подмолни личности;
Преку глава ми е од ебените влади полтрончиња на кои им е испран мозокот;
Преку глава ми е од ебените опозиционери кои се борат да ги заменат позиционериве;
Преку глава ми е од роднини, пријатели кои едвај чекаат да се заебеш нешто да ти се постмеваат или кои едвај чекаат да те заебат;
Преку глава ми е од Близу кои ми ги укинаа спортските канали;
Преку глава ми е од комшиите кои се толкави дибеци да не сакаат да го исчистат снегот , па више 2 недели се осеќам ко на лизгалиште кога ќе поминам на улица;
Преку глава ми е од богаташите кои мислат дека 10000 денари се таман за сиромашните и со тие пари дека можат да преживеат;
Преку глава ми е од сите наместени огласи за вработување;
Преку глава ми е од тоа што некои луѓе уживаат да лажат.;
Преку глава ми е од КУРир.мк .

:toe:
 
Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Драга
Носталгија ме фати... за она време кога си бев безгрижна, си правев што сакав и уво ме болеше за се... А сега, колку повеќе пазиш толку повеќе наебуваш... како времето одминува, се повеќе имаме а помалку сме среќни... Сепак, да зборам во свое име најубаво би било, бидејќи можеби другите се среќни... Ама јас одамна не се чувствувам исполнето, дури можам слободно да кажам дека и не паметам од кога се немам насмеано онака од срце...
Нека ме нарекуваат песимиста, ама реалноста ме прави таква...
Се чувствувам уморна... можеби звучи смешно, ама така се чувствувам, посебно вечерва...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom