Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Пауза. Одам да си купам за јадење во ГТЦ и затекнувам двајца пензионери. Едниот му вика на другиот:
- Аман бе цел живот ми касниш. Ќе ни заминат децава нема да ги поздравиме.
- Не ме карај бе оди пред мене ене ги доаѓаат.

Сум се изнасмеал од срце. Двајца господа одеа да ги поздрават студентите. Цареви.
Подолу ги сочекав кај Градска. Таква млада и прогресивна енергија немам видено долго. Иако скопското небо беше сиво, тие му дадоа бои. А пак кога го видов почитуваниот проф.Марјановиќ ми дојдоа солзи на очи.
Можете и знаете како. Одржавте уште една лекција дека Вие сте иднината на ова општество.
Се поклонувам!
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Драга, ја сум тип на човек шо обично си купува готови скрипти и ретко иде да печати од усб. Ама коа некоаш морам, кога и да идам, мора да им се шекне тоа принтеро. Те прееска испозаглавија се листови, почна да свире и шо ти знам друго.
Ќе ме стаат на црна листа у копирници, кај и да е. :D Туго.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Кога видов како протестирале студентите, срцето ми се исполни. И пак ќе речам, иако тоа денес се потврди ........ Македонците како народ ја водат Македонија, не поединци!
:love:
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
Драга,
Колку само не ги оправдувам студентиве, поточно 70% од тие што правеа џева таму не заслужуваат да се запишат на факултет, aко јас се прашувам некогаш. Aли село без кучиња ни е државата па ќе се прошверцаат и будало и затуцано ќе има диплома. Уште потрагично е што кај нас скоро секој протест е започнат бидејќи се натерани од своите водачи на партиите па си прават медиумска реклама со протестите, истите за некоја година ќе ги гледаме на ТВ али во политика нормално, како и голем дел од сегашните кои да не ги именувам ги има на видеа како водачи од пред неколку години ;) Да ги праша човек гарантирам и се потпишувам со две раце дека половина од тие што беа во толпата не знаат ни за што протестираат, али отишле чисто да им помине времето и да се дешава нешто, стандарден балкански менталитет.
Што се однесува до мене треба да се прекинат пријателскиве и партиски вработувања, па професорчињата кои немаат три чисти и си го ладат да бидат прв дел од реформите и да се најде добар кадар. Втората работа не еднаш годишно екстерно, туку да има инспекција на секои 3 месеци да се проверуваат оценките во средно за да излезе од таму стабилна младина. Како е можно во минатото да останувале уште до 4то одделение, а во моја генерација имав школски од основно кои не научија да читаат воопшто иако завршија срено образование и неколкумина се запишаа на приватниве т.н факултети. На факултет прво да ги ограничат проф да не имаат по 5 работни места плус (секој своја фирма има упм), да си ја бркаат професорската работа, да има професор макс 5 предмети (додипломски-постдипломски), приемни испити на секој факултет и тоа со неколку предмети кои се потребни да бидат совладани од средно за таму, минимален број на поени да биде висок (просечно над 4ка просечна оцена од успех и матура просек над 4), па кој си го ладел до средно нека не учи факултет и нека си го лади и понатаму али со работа која ќе му прилега на образованието. И нека има и завршен испит на крај на годината по секој предмет како што има на стоматологија или каде и да беше.
Совет од мене, деца фаќајте книгите и СТУДИРАЈТЕ не гледајте да претрчате низ факултетите и да земете само дипломи, заборајте ги бубиците, преписите, тетките , вујните и тн...туку завршете со знаење. Разбирам дека секој родител сака детето да му биде со високо образование, али јбг не сите се родиле паметни и интелигентни. Родители симнете очилата и гледајте си објективно какво дете имате, не сите склепавте генијалци, туку аљабаци кои незнаат во вц без вас да отидат. Ова е моето мислење како револтиран граѓанин поради неколку причини:
-Прекурчено му е од идиоти по јавните институции кои го ебаваат од шалтер на шалтер за банални работи.
-Влечење на грб на колеги кои „недоволно“ ги разбрале работите, поточно положија по 20 предмети со бубица
-Кругот кој ме опкружува и кој се состои од стварно паметни луѓе си седи дома, а идиоти кои незнаат да се потпишат држат места на они кои знаат
-Страмење каде и да отидам од државата од која потекнувам, која ако стварно се опамети и народот може да биде „Швајцарија на балканот“, али бидејќи тука секој гледа секого да заебе и да си помине со полесно сме „Зимбаве“ на балканот (по пари сметам). и да не набројувам уште еден куп други причини..........
Од мене толку, од народот ако се опамети повеќе, Ви благодарам доколку го прочитавте постов бидејќи изгубив 10тина драгоцени минути да го напишам и да го искажам моето гледиште.:toe:
 
П

Пепси_

Гостин
ne jas ce biram poso kur me bolene sum jas brojka da popolnuvam u zivotot ne mi se javil za kafe pifo sea demek kur te bole kaj ke odam da ebam licemerie
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.156
Поени од реакции
23.298
Имам опомена со причина „grt si, ebago“ а иронијата да е поголема имам и слика во најубав форумџија ..... ај барем од Ди Марија поубав сум.
 
Последно уредено:

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Бејби,
Ти текнува на она ќебенцето што го плетев за бебчето на другаарка ми? Епа, денес ми пиша дека си го користи и многу ѝ е убаво! Ќе пукнев од милина :X3:
Интернетот е жив и здрав, ич да не се секираш. И не било моја кривица :D
Единствена негативна страна на селењево е дека нема да можам да идам на Џастин Тимберлејк концертот :place::place::place: Ги ставив билетите да се продадат. Со голема надеж, нема да ги изгубам парите. Имам само 10 дена. Не ми е сеедно, ама селењето беше многу побитно :toe: Може некој ден ќе го преболам ова...
И кога сме веќе кај 'Животот не е фер', како бе сексуален предатор кој бил во затвор многу пати, меѓу кои и за кражба, може да добие 5 милиони на лото? :несвест: Карма каде си? :sakasuste:

П.С. Јеј за старите/новите смајлиња.
 
G

garthok

Гостин
Фала што ми го избришавте коментарот во „Продуктивноста кај жените...“ у кој што умерено дозирав хумор од пристоен калибар. Јебига, некои не заслужуваат да бидат модератори или у краен случај Ацид да проба да им инсталира смисол за хумор пошо вака само негативни поени билдате кај мене. Пропагирате демократија и слобода на говор а не можете една шала на ваша сметка да истрпите. Meh...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Френк Синатра, украсување по дома и салеп со многу цимет. Така започна новогодишната еуфорија кај мене. :giggle:

Нема да ми биде big deal ако славам во домашна атмосфера. Ако искочи некоја понуда - океј е, а ако не - не планирам да мрднам ни со малото прсте. :D

 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.296
Поени од реакции
118.411
Драга

Во овие колоквиумски денови/недели, каде има голема напнатост, плус и протестиве, на мене ми се укажа шанса да мрднам надвор од земјава на кратко. Бонус е што е со децава што тренираат кај нас, ќе биде право задоволство да ги однесеме на турнирот во Словенија каде ќе се сретнат со екипи од многу држави.

Епа Кајги, те оставам на раат 4 дена и се гледаме таму во вторник, а јас се надевам дека ќе видам снег во овие 4 дена. :D Кога не можам во Македонија можам во Словенија. :oeoeoe:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.932
Поени од реакции
41.915
Денес му е роденден на братучед ми кој господ прерано ни го зема. :( Му ги гледам сликите од претходниот роденден како со децата ги дува свеќичките. Кој ли ќе помисли дека тоа му беше последен роденден. Си ја пуштив песнава и се изнаплакав убаво........

 
R

Redhead

Гостин
Драга,
Денес одржав пробен час во основно училиште и си се изненадив колку бев опуштена, само што застанав пред учениците во истиот момент ми ја снема тремата. :свиркам: Испадна дека џабе се потресував вчера, па дури и планирав да се откажам. Децата и покрај тоа што се 7мо одд. се златни, толку се внимателни и соработуваат со тој што им предава да ти е мерак да одржуваш час. Си се надевам дека на истото одделение ќе му предавам и во јануари кога ќе ми биде испитот, за уште од почеток да знам дека нема да треба да засипнам од викање со цел да ги смирам, сите до еден се мирни и културни. :X3:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.946
Драга ...

папагалчево е ѕвер, кога зборам уште во уста да ми влезе фали. Научи да вика пикабу, а еднаш рече и пикачу. А кога се преправам дека спијам ќе дојде до нос и си седи таму и ми свирка тивко. Срцка е ептен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom