Кој глупак сум и јас значи. Секогаш кога се двоумам меѓу 2 нешта до последна секунда неможам да се одлучам. Утре моите одат на одмор, се мислам дали да одам со нив или да дремам дома. И еве веќе 5 дена се мислам и уште не знам што да правам. Ако одам малце досадно ќе ми е, оти тешко да налетам на некој на моја возраст, па ќе треба со стари луѓе да седам. Ем 5 дена од коа ќе си дојдеме ќе одам со девојка ми и многу ќе ми дојде. Ако останам, шо ќе праам сам дома? Кој учи, кој ќе оди на гости, кој ќе има гости...никако не бива значи. Дај ми совет побрзо ајде. -.-'
Драга Кајгана,
Незнам што ми станува ама ептен сакам да се занимавам со градежништво....... што и како треба да се изгради, каква куќа, што куќа......, баш интересна работа било тоа
Успат да ти кажам........ уште малце пари да подсоберам, па за некој месец ќе се почастам со една кола...... само незнам каква, неможам да се одлучам
Драга Кајганче
Збунета сум. Чудно ми е. Незнам што да правам и од кај да почнам да правам.
Заправо грипче имам. Не сум во состојба да работам.
Им се жалам на сите дека имам грип.... бетер од маж.
И јавно почнав да кукам.
А ти имам кажано дека мрзам мажи? Поготово кога имаат грип. Подосадно нешто од маж со температура нема. Среќа овојпат јас имам грип, душа му извадив да знае како ми е кога тој има грип.
Значи ми се расипа телефонот, буквално од никаде некаде...
Си доаѓам дома вчера, си го ставам на полнач, како и секој ден, најнормално. Станувам сабајле, го вадам од полнач и не работи...
Ај ако ништо друго, изгледа ќе земам нов, па тоа е позитивното. Сега си пикирам некој добар, па ќе одам после да видам што како.
Драга,
Има два вида на луѓе што едноставно не можам да ги сфатам колку и да се трудам:
1. оние што пишуваат несакам, незнам, неможам, мајками, братми итн....
2. оние што сами си лајкаат постови на фб (фала Богу што на форумов не може да се прави тоа);
Не знам кое од двеве повеќе ме иритира.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.