Драгааа.

Ептен лош тајминг имаше дождов пред некој ден. Си тргнав пешки и кога почне да врне, дува и гргаол да правии.

Како што си трчкав со чадорчето во рака, кога помина една кола, кога ме избања од глава до петици, туто комплето... попара ме напраи.

Си ги трљам очите... кога уште една кола - шљааас.

Се цедеше вода од мене, при секој направен чекор старките прдеа, од што беа полни со вода.

Си викам... од ова побетер не можам да бидам, барем да искористам прилика. Си изнашлапкав во најголемите дупки по улиците, трудејќи се притоа да не испуштам ниту една баричка.

Фрлам поглед на мобилниот што го носев во рака, бетер од мене поплавен.

Ја вадам батеријата, плива во вода.

Ама ништо не му беше, со мене на се' ќе се привикне.

Му имам набиено таков имунитет, што што и' да му направиш, не ти се љути.
Полнета пиперка, рулз! Чиао.
