Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Драга Кајгана,
петок, сабота излегуваш во град со надеж дека ќе си поминеш убаво, ќе се изжуркаш, ќе напраиш муабет со пријатели... Ама нееее :confused: Одеднаш упаѓаш у некој папарацо филм на девојките од соседните маси. Блицови на сите страни, вештачки насмевки, напрчени усти... Се криеш од апаратите, се вртиш де на една де на друга страна за да не те фатат у кадар и си викаш ај ќе напраат по некоја слика и толку.
И чекаш, чекаш да заврши сагата наречена сликање, за да секоја една од нив излезе доволно убаво, секси, јебозвно на сликата за на фб. Ама не завршува! Цела вечер штрак штрак :sick: Па чекај сега, сликај демек играме, па демек муабетиме, па демек пиеме и наздравуваме :facepalm:
Алоооо апла смешни сте од страна. И јадни и патетични. Кому глумите и докажувате дека животот ви е интересен, кога ви е апла досаден?
И крај на краева не ме ни интересира каков ви е животот, ни вештачката спонтаност на сликите, ама дајте не не тортурирајте сите од страна, имајте бар малку усул и срам.
Разбирам и сликање и се, ама ова е претеризам.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Драга,

млади глупи луѓе - се смешни,
стари глупи луѓе - се тажни.

Ама сите ние мислиме високо за себе.
Чекај да остареме, ќе бидеме дел од туѓа тага.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Драга ,и така си седам цел ден денеска си уживам си се излежавам и сега си викам и што корисно напраи денес што ќе ти служи за во иднината ,хмм... да размислам малку ........... едно ГОЛЕМО ништо .
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Драга,

денес бев сведок на една слика за којашто мислев дека во овој живот нема да дочекам да ја видам.Да дојдеше некој друг и да ми го кажеше она што јас го видов денес, ќе го направев луд и на психијатрија ќе го пратев. 10 души да дојдеа и да ми го кажеа истото, пак немаше да им верував. Тоа денес јас ги видов со свои очи.

Имено додека учев основно во одделението имав соученик кој важеше за најбогат во училиштето, дете на новокомпоновани бизнисмени.Родителите негови беа оној тип на луѓе буквално што од нива во канцеларија ги ставиле. Тој го имаше првиот мобилен телефон со камера во одделението, што во тоа време вредеше колку еден ајфон 6 денес. Неговите секогаш возеа џипови и јаки коли, а тој уживаше да се курчи со парите и да ги потценува другите што имаат помалку или воопшто немаат. Типично разгалено детиште со пари.

Денес шетајќи низ населба го гледам истиот мој поранешен соученик како си оди дома на точак со полни кеси од стокомак. Го ококорив очите да подпогледнам дали е тој навистина или почнува шизофренија да ме фаќа. Он штом ме виде одма со точакот скршна попреку уличката и продолжи по земјениот пат накај дома и ја стави капуљача на глава, од пусти срам да не го приметам дека денес наместо џип и полни торби од Веро си доаѓа накај дома со точак и кеси од стокомак.

Нема ништо срамно во тоа да возиш точак и да купуваш од Стокомак. Јас цел живот патувам со автобус и точак и цел живот немам и сум сосема адаптиран на овие услови за живот, утре и уште помалце да немам нема да ме боли многу затоа што знам какви ми се условите. Ама нема поголема казна во животот од тоа да имаш па да немаш - најтешката еврејска клетва да ти се случи. Најпогубната работа што може на еден човек да му се случи. Подобро цел живот да немаш отколку да завршиш како мојот поранешен соученик од основно.Се се врти во животот и ништо не е вечно, па така и парите. Што би рекол дедо ми како дошло така отишло синко.

 
Последно уредено од модератор:
G

garthok

Гостин
Дк, прв пат ти пишувам но едноставно морам негде да ја истресам мојата тага а воедно и лутина кон Блу лејдибаг што ми го избриша постот за сунѓерот боб, пост на кој што посветив најмногу внимани... не најсериозно прв пат да соберам толку лајкови и да ми го избришат i'm pissed off и тажен воедно.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Една тајна да ви кажам т.е сите знаете но посакувате да не е вистина.

Луѓето, дали ви се браќа, сестри, родители...не е важно, не сакаат да им биде кажувано каде грешат во животот.
Не сакаат кога некој со најдобри намери ќе им каже дека им треба промена, луѓето се плашат од промена и истовремено мислат дека се во право и дека го живеат животот како што сакаат.
Не се свесни дека нивното минато, нивните емоции и нивните желби ги контролираат.

Вие можете само да си го живеете вашиот ЕДИНСТВЕН живот и да се надевате дека ќе се освестат и ќе побараат помош, дали од вас, дали од некој друг...

1484707_654874381218256_39448905_n.jpg

* I love Emma :love::P
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ноќ.
Цигари.
Истурено кафе.
Хероин.
Истурено пиво.
Тераса.
ААААА
Тераса на 11ти.
Колоквиуми.
АААА
Доле.
Влага.
Ладно.
Хаос.
Темничко.
Клупичка.
Црно-бело.
Мајка.
Сонце.
Клупичка.
Боја.
Чајче.
Планински воздух.
Школки.
Двосед и телевизор и пирошки.
Поховани зденки.
Мир.

Драга, де прибери се!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom