Драга кајгана,
Отвораш кајгана, скролаш до нови мислења, гледаш коментар во темата "пресвртница во _____ (внеси рандом вукојебина) , отвораш темата, гледаш генерали, војни аташеа, ескперти за надворешна политика, шамани, секој со свој реферат видувања на состојбите со посебен осврт на геополитичките игри на големите светски сили и како сето тоа ќе се одрази на нашите аспирации за членство во евроатланските организации, a притоа дали воедно и ќе влијае на растот на цената на суровата нафта, природниот гас и златото на светските берзи.
затвораш кајгана.