Драга Кајгана,
Зошто сите, о, сите мислат дека ако употребуваат сарказам и иронија во секоја блади реченица, се кул и брејниакс ??
Не е на одмет мало спуштање на земја. Оноа, од облачето на сарказмот, фиуууу, до тревичката на реалноста. Чисто колку да се отворат и промрдаат делови од мозокот способни за нормална, човечка комуникација. Дека, кога нешто е многу, ама многу, не е на арно. Ги ценам луѓето кои некогаш се водени од човечкото во нив, а не од делот за самовеличање и кревање на егото. И најголемите будали знаат да ценат кога ги третираш како НОРМАЛНИ и еднакви со тебе. Оти, човека се гледа од неговото однесување со послабите. Сите се клањаме на великани, ретко кој се клања на питачи.
Плус, не е интересно да се употребува во секоја ситуација и за секоја намена. Си има моменти, не викам не, кога ти иде да си го мавнеш екранот од глупавоста што значи од него, ама... осет луѓенца, осет.
Ма што ти е тебе, Кајгано гајле, за мене и моите филозофии, кога сите ти се најпаметни, најубави, најдобри....
Кил ме нау!